From Wikipedia, the free encyclopedia
Костадин Костадинов (22 март 1990 во Струмица) — македонски економист и политичар, градоначалник на општина Струмица од 2021 година, пратеник во Собранието на Републиката од 2017 до 2021 година, вршител на должноста градоначалник на Струмица од 2016 до 2017 година.
Костадин Костадинов | |
---|---|
Градоначалник на општина Струмица | |
На должноста | |
Стапил 27 октомври 2021 | |
Претходник | Коста Јаневски |
Пратеник во Собранието на Република Македонија | |
На должноста 1 ноември 2017 – 27 октомври 2021 | |
Претседател | Талат Џафери |
Градоначалник на општина Струмица вршител на должноста | |
На должноста 22 декември 2016 – 20 октомври 2017 | |
Претходник | Зоран Заев |
Наследник | Коста Јаневски |
Лични податоци | |
Роден(а) | 22 март 1990 Струмица, тогаш СР Македонија, СФР Југославија |
Партија | СДСМ |
Установа | ФОН Универзитет |
Професија | економист |
Тој е роден во 1990 година во Струмица. Основно и средно образование стекнал во својот роден град. Високо образование завршил на Економскиот факултет при приватниот универзитет АУЕ-ФОН.
Својата кариера како политичар ја започнал како член на Советот на општина Струмица. За време на градоначалничкиот мандат на Зоран Заев, тој ја вршел и функцијата заменик градоначалник на општина Струмица, а во декември 2016 година, десетина дена по парламентарните избори, бил именуван за вршител на должноста градоначалник на Струмица откако Заев се повлекол од истата поради ангажирања во парламентот, како и скорашното добивање на мандат за формирање на нова влада. Тој бил в.д. градоначалник на Струмица до локалните избори во 2017 година, а на 20 октомври функцијата ја предал на победникот на изборите Коста Јаневски.[1] Од ноември 2017 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија.[2]
На локалните избори кои се одржале на 17 октомври 2021 година, Костадинов како кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ победил во првиот круг на гласање со освоени 53,70% од гласовите.[3] Костадинов од својот претходник Коста Јаневски функцијата градоначалник на општина Струмица ја презел на 27 октомври.[4]
Тој е член на СДСМ. Во 2011 година бил именуван за претседател на СДММ – Струмица, локалната младинска организација на партијата, и ја водел истата до крајот на октомври 2018 година. Во периодот од април 2011 до март 2018 година бил член на Извршниот одбор на СДСМ, а од април 2011 до април 2013 година и заменик претседател на општинската организација на СДСМ во Струмица. Во март 2018 година бил избран за член на Централниот одбор на СДСМ, а неколку месеци подоцна, во октомври, бил назначен за портпарол на партијата.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.