Во математиката, константна (постојана) функција е функција чија (излезна) вредност е иста за секоја влезна вредност, т.е. функцијата враќа една иста вредност.[1][2][3] На пример, функцијата    или    е константна функција бидејќи вредноста на    е 4 независно колку е вредноста на    (види слика).

Константна функција

y(x)=c, c
Основни особини
Домен (−∞,∞)
Кодомен {c}
Паритет парен
Одредени вредности
Фиксна точка c
Други особини
Максимум c
Минимум c
Извод (c)=0
    Константна функција y(x)=4

    Основни својства

    Како реална функција од една реална променлива, константна функција ја има општа форма    или само   .

    Графикот на константна функција    е хоризонтална права во рамнината која минува низ точката .[4] Доменот, т.е. множеството на допуштените вредности на константна функција е (сите реални броеви). Иако не фигурира независно променливата х од десна страна, се смета дека се врши „празна замена“ на х со што се добива едната иста вредност, т.е. вредноста с. Сликата или кодоменот, т.е. множеството на излезните вредности е множеството со еден елемент {c}.

    Пример: Функцијата   или само    е константната функција со   . Имено, y(0)=1, y(2.7)=1, y(π)=1,.... Независно од влезната вредност x, излезната вредност е y=1.

    Во контекст на полиномни функции со една независно променливата х, не-нулта константна функција е полином од степен 0,   . Оваа функција нема пресек со x-оската, односно функцијата нема нула (корен). Од друга страна,    е идентично нулта функција, и е (тривијална) константна функција каде што секоја x е корен. Графикот на оваа функција е самата х-оска (во рамнината).[5]

    Константна функција е парна функција, т.е. графикот на константна функција е симетрична во однос на y-оската.

    Во контекст каде што е дефиниран, извод на една функција ја мери брзината на промена на зависно променливата во однос на независно променливата. Бидејќи кај константна функција не се менува, нејзиниот извод е нула во секоја точка x, односно  .[6]

    Пример: Дадена е константната функција   . Изводот на y е идентично нултата функција   .

    Обратното важи. Имено, ако изводот у'(x)=0 е идентично нултата функција, следува дека у(x) е константна функција.[7] Во доказот се користи теорема за средна вредност.

    Формална дефиниција и обопштување

    Функција f : AB е константна функција ако f(X) = f(Y) за секој X и Y во A.[8]

    Пример од живот: Продавница каде што секој производ се продава за 3 еврa може да се смета како константна функција.
    Пример: z(x,y)=2 е константна функција од А= и B=R каде што секој X=(x,y) се пресликува во 2. Графикот на оваа константна функција е рамнината во простор која е паралелна со х0у рамнината и која врви низ точката (0,0,2). Друг пример: z(x,y)=0 e идентично нултата функција чиј график е х0у рамнината во простор.
    Пример: Поларната функција ρ(φ)=2,5 е константната функција каде што секој агол φ се пресликува во полупречникот ρ=2,5. Графикот на оваа константна функција е кружницата со полупречник 2,5 во рамнината.
    Thumb
    Општа константна функција
    Thumb
    Константна функција z(x,y)=2
    Thumb
    Константна поларна функција ρ(φ)=2,5

    Наводи

    Поврзанo

    Надворешни врски

    Wikiwand in your browser!

    Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

    Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

    Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.