From Wikipedia, the free encyclopedia
Кетлин Џоан Тоел Рајкс (англиски: Kathleen Joan Toelle Reichs; р. 7 јули 1948 [2]) е американски крими писател, форензички антрополог и академик.[1] Таа е асистент професор по антропологија на Универзитетот Северна Каролина во Шарлот; од 2016 е на отсуство на неопределено време.[3] Исто така се поврзува со Laboratoire des Sciences Judiciaires et de Médecine Légale за провинцијата Квебек. Рајкс е една од стоте антрополози со сертификат од Американскиот одбор за форензичка антропологија[4] и е дел од Одборот на директори на Американската академија за форензички науки. Нејзините ангажмани вклучуваат голем број на говорења низ целиот свет. Кети беше продуцент на ТВ серијата Коски, која до одреден степен е заснована на нејзините романи, кои пак се инспирирани од нејзиниот живот.[1] Има две ќерки, Кери и Кортни и еден син, Брендан.[5]
Рајкс ја добива својата диплома по антропологија при Американскиот Универзитет во 1971. Во 1972 магистрира, а во 1975 докторира по физичка антропологија на Севернозападниот Универзитет. Оттогаш, Рајкс предава на Универзитетот во Северен Илиноис, Универзитетот Питсбург, Универзитетот Конкордија и МекГил Универзитетот, а моментално е на отсуство од позицијата асистент професор по антропологија на Универзитетот Северна Каролина во Шарлот. Во минатото, Кети се кандидира за Канцеларијата на главен медицински испитувач во Северна Каролина.[6]
Рајкс се појавува во Танзанија за да сведочи на Меѓународниот криминален трибунал за Руанда на Обединетите Нации.[7] Таа му е асистент на д-р Клајд Сноу и Фондацијата за гватемалска форензичка антропологија во процесот на ексхумација во областа на Езерото Атитлан во висорамнините на југозападна Гватемала. Беше член на Тимот за оперативен одговор на катастрофи - ДМОРТ, чија задача беше да помогне при катастрофата на Светскиот трговски центар.
Во прилог на техничките книги, Рајкс има напишано 19 романи, кои се преведени на 30 јазици.[8] Нејзината прва новела, „Веќе мртов“, ја освои наградата Артур Елис во 1997 за најдобар прв роман.[9]
Фиктивната хероина во нејзините романи, Темперенс Бренан е исто така форензички антрополог. Нејзиниот животен стил многу потсетува на животот на Кети,[10][11] што ја потврдува и изјавата на авторката дека таа и Бренан „имаат исто CV“[10] и дека некои од одликите на Бренан се и нејзини,[11] но постои разлика во нивниот личен живот, како на пример алкохолизмот на ликот.[10] Добар дел од романите се засновани на вистинити научни факти и Рајкс изјавува дека таа е „многу совесна да ја напише науката правилно“ во нејзините книги.[12] Користи искуства од нејзината кариера, а за „Веќе мртов“ вели дека сè што напишала во книгата, всушност и го направила.[11] Во романот „Гробни тајни“, ги искористува своите искуства што ги стекнува при посетата на Гватемала.[12]
Исто така го има напишано серијалот за млади наречен Виралс, каде главната улога ја има внуката на Темперенс, Тори Бренан и неколку нејзини пријатели: Бен, Хирам, Шелтон и кучето - волк Купер.
Во нејзиниот последен роман, Две ноќи, објавен на 11 јули, 2017, централното место го зазема остра хероина.[13]
Број | Наслов | Година | Оригинален наслов | Белешки |
---|---|---|---|---|
1 | Веќе мртов | 1997 | Déjà Dead | Награда Артур Елис за најдобар прв роман, 1997 |
2 | Смрт на денот | 1999 | Death du Jour | |
3 | Смртоносни одлуки | 2000 | Deadly Décisions | |
4 | Фатално патување | 2001 | Fatal Voyage | |
5 | Гробни тајни | 2002 | Grave Secrets | |
6 | Голи коски | 2003 | Bare Bones | |
7 | Понеделничко оплакување | 2004 | Monday Mourning | |
8 | Вкрстени коски | 2005 | Cross Bones | |
9 | Не крши коски | 2006 | Break No Bones | |
10 | Коски до пепел | 2007 | Bones to Ashes | |
11 | Ѓаволски коски | 2008 | Devil Bones | |
12 | 206 коски | 2009 | 206 Bones | |
13 | Пајакови коски | 2010 | Spider Bones | издадена како „Смртни остатоци“ (Mortal Remains) во Велика Британија и Австралија со тврди корици, променето во „Пајакови коски“ за издавање со меки корици |
14 | Месо и коски | 2011 | Flash and Bones | |
15 | Коските се засекогаш | 2012 | Bones are Forever | |
16 | Коски на изгубените | 2013 | Bones of the Lost | |
17 | Коските никогаш не лажат | 2014 | Bones Never Lie | |
18 | Зборувајќи во коски | 2015 | Speaking in Bones | |
19 | Колекцијата на коски | 2016 | The Bone Collection | Збирка на раскази, вклучувајќи ја и „Први коски“(First Bones, претходник на „Веќе мртов“), „Коски во нејзиниот џеб“ (Bones in her Pocket), „Мочуришни коски“ (Swamp Bones) и „Коски на мраз“ (Bones on Ice). Овие книги се нумерирани како 0.5, 15.5, 16.5, 17.5, соодветно.[14] |
20 | Заговор на коски | 2018 | A Conspiracy of Bones |
Наслов | Година | Оригинален наслов | Белешки |
---|---|---|---|
Виралс | 2010 | Virals | |
Напад | 2011 | Seizure | |
Код | 2013 | Code | |
Изложеност | 2014 | Exposure' | |
Терминал | 2015 | Terminal | |
Траги како докази | 2016 | Trace Evidence | Збирка на раскази вклучувајќи ги „Шок“ (Shock), „Смена“ (Shift) и „Клинец“ (Spike) (нов сет на приказни по случувањата од „Терминал“). |
Рајкс има напишано шест раскази кои се достапни на интернет:
Наслов | Година | Оригинален наслов | Белешки |
---|---|---|---|
Смена | 2013 | Shift | Сместено во светот на „Виралс“, но со ликовите од „Виралс“ и Темперенс Бренан. |
Коски во нејзиниот џеб | 2013 | Bones In Her Pocket | Приказна со Темперенс Бренан со детали за случај кој е кратко споменат во „Коски на изгубените“. |
Удар | 2013 | Swipe | Приказна со „Виралс“ и Темперенс Бренан, со локација во Сан Диего. |
Мочуришни коски | 2014 | Swamp Bones | Приказна со Темперенс Бренан во Флорида Еверглејдс. |
Шок | 2015 | Shock | Приказна за првото запознавање на ликовите од „Виралс“. |
Коски на мраз | 2015 | Bones On Ice | Приказна за Темперенс Бренан и студен случај: смрт на Монт Еверест. |
Серијата Коски од 2005 на Фокс е инспирирана од животот и делата на Рајкс.[17] Хероината од серијата го позајмува името на хероината од книгите на Рајкс, Темперенс "Боунс" Бренан.[18] Како и во книгите, Бренан (Емили Дешанел) е форензички антрополог; но исто така постојат и многу разлики: теливизискиот лик е помлад, со поголема социјална анксиозност,[18] и е со седиште во фиктивна верзија на Смитсоновскиот институт во Вашингтон.[18] Дополнително, телевизискиот лик Бренан е автор,[17] кој пишува за фиктивен форензички антрополог по име Кети Рајкс.[19] Покрај името на ликот и професијата, има само неколку сличности помеѓу ТВ серијата и книгите.
Рајкс е продуцент на серијата Коски за да ја зачува автентичноста на науката.[18] Се појавува во епизода од втората сезона како професор Констенс Рајт, форензички антрополог кој е дел од одборот кој ја води одбраната на тезата на Зек Еди.[20] Таа е автор на една епизода во петтата сезона,[21] една епизода во деветтата сезона и заедно со нејзината ќерка Кери пишуваат една епизода во единаесеттата сезона.[22]
Во 2011, Рајкс била вештак во судењето за убиство на Кејси Ентони. Иако првично одбива да биде учесник во судењето, сепак пристрасноста на медиумите ѝ го менува мислењето и Кети изјавува дека на оваа жена треба да ѝ се суди на суд, а не по медиуми.
Кети изврши целосна скелетна анализа на ќерката на Кејси, Кајли, но не успеа да ја утврди причината за смртта. Заклучи дека не постојат докази за насилство и дека детето изгледало како да примало соодветна грижа.[23]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.