From Wikipedia, the free encyclopedia
Кеплер-42 или KOI-961 — црвено џуџе во соѕвездието Лебед и приближно на растојание од 131 светлосна година од Сонцето. Ѕвездата има три познати вонсончеви планети, и сите се со помал полупречник од оној на Земјата,[4] а веројатно истото важи и за нивната маса.
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 28м 52,5688с[1] |
Деклинација | 44° 37′ 08,990″[1] |
Прив. величина (V) | 16,12[2] |
Особености | |
Спектрален тип | M5V[3] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | −84,48±0,2[3] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: 93,126 ± 0,073[1] млс/г Дек.: −417,420 ± 0,067[1] млс/г |
Паралакса (π) | 24.9340 ± 0.0401[1] млс |
Оддалеченост | 130,8 ± 0,2 сг (40,11 ± 0,06 пс) |
Податоци | |
Маса | 0.13±0.05[3] M☉ |
Полупречник | 0.17±0.04[3] R☉ |
Сјајност | 2,40x10−3,0±0.3 L☉ |
Температура | 3068±174[3] K |
Вртежна брзина (v sin i) | 2,9±0,4[3] км/с |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
KIC | — податоци |
Масата на Кеплер-42 е проценета на 0,13 пати од масата на Сонцето, и има полупречник 0,17 пати од оној на Сонцето, односно, само 1,7 пати поголем од оној на гасовитиот џин Јупитер. Поради својот мал полупречник а со тоа и површина, сјајноста на Кеплер-42 е само 0,24% од онаа на Сонцето. Нејзината металичност е една третина од онаа на Сонцето. Кеплер-42 има значително сопствено движење од 431±8 mas/yr.[3] Поради својата мала големина и ниска температура, животопогодниот појас на ѕвездата е многу поблиску до ѕвездата отколку како што е случајот со Земјата и Сонцето.
На 10 јануари 2012 година, користејќи ги податоците добиени од вселенското летало Кеплер се забележани три планети во премин во орбита околу Кеплер-42. Полупречниците на овие планети се движат приближно од големини слични со Марс и Венера. Планетарниот систем Кеплер-42 е вториот познат систем кој содржи планети со полупречници слични или помали со оној на Земјата (првиот беше системот Кеплер-20 прикажан лево). Орбитите на планетите се исто така збиени, што прави системот (чија матична ѕвезда има полупречник споредлив со оној на некои од жешките Јупитери) да наликува на месечевиот систем на џиновските планети како што се Јупитер или Сатурн отколку што наликува на Сончевиот Систем. И покрај малата големина на планетите и фактот што ѕвездата е една од најтемните ѕвезди во полето на набљудување на Кеплер со потврдени планети, откривањето на овие планети било овозможено од малата големина на ѕвездата, што овозможило планетите да блокираат поголем дел од ѕвездената светлина за време на преминот.
Не се познати сите орбитални параметри за системот. На пример, како и што е случајот со сите планети во преми на кои не им се пресметани параметрите со употреба на други методи, како што е на пример методот на радијална брзина, останува непознато орбиталното занесување.
Засновано на орбитите на планетите, сјаноста и делотворната температура на матичмната ѕвезда, може да се пресметаат рамнотежните температури на планетите. Претпоставувајќи крајно високо албедо од 0.9 and и отсуство на Ефект на стаклена градина, надворешната планета Кеплер-42 d ќе има рамнотежна температура од околу 280 K (7 °C),[5] слична со онаа на Земјата од 255 K (−18 °C).[6] Проценките за познатите планети се претствени подолу во табелата:
Споредбена температура |
Кеплер-42c | Кеплер-42b | Кеплер-42d | Земја |
Планетарна рамнотежна температура | 728 K 455 °C 851 °F | 524 K 251 °C 483.8 °F | 454 K 181 °C 357.8 °F | 255 K −18 °C −0.4 °F |
Наводи:[5][note 2] |
Придружници | Маса | Голема полуоска (ае) |
Орбитален период (денови) |
Занесеност | Наклон | Полупречник |
---|---|---|---|---|---|---|
c | <2,06 M⊕ | 0,006 | 0,45328509 ± 9,7x10−7 | 0 | — | 0,73 ± 0,20 R⊕ |
b | <2,73 M⊕ | 0,0116 | 1,2137672 ± 4.6x10−6 | 0 | — | 0,78 ± 0,22 R⊕ |
d | <0,9 M⊕ | 0,0154 | 1,856169 ± 1,4x10−5 | 0 | — | 0,57 ± 0,18 R⊕ |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.