From Wikipedia, the free encyclopedia
Ефект на стаклена градина или стакленички ефект — природна појава што ја загрева Земјата до околу 33 °С[1]. Тој е предизвикан од стакленичките гасови во атмосферата, а во моментов овој природен ефект е засилен од човековото делување преку ослободување дополнителни стакленички гасови во атмосферата[1].
Сонцето зрачи неизмерно количество енергија преку широк спектар на бранови должини. Најголем дел од енергијата од Сонцето е концентрирана во видливиот и блиску-видливите делови од спектарот. 43% од вкупната емитувана енергија од Сонцето се наоѓа во видливиот дел од спектарот, а од 7 до 8% од вкупната емитувана енергија од Сонцето се наоѓа пониско од видливиот спектар каде брановата должина се намалува. Што е помала брановата должина на светлината, толку повеќе енергија содржи. Ултравиолетовото зрачење, кое има многу мала бранова должина содржи многу повеќе енергија и е способно да раздели стабилни биолошки молекули, како и да предизвика изгореници и рак на кожата. Останатите од 49 до 50% од вкупната емитувана енергија се наоѓаат над видливиот дел на спектарот, кои се наоѓаат во инфрацрвеното зрачење. Најразлични компоненти од Земјината атмосфера ги впиваат ултравиолетовото и инфрацрвеното зрачење. Единствено што останува е видливата светлина која продира низ Земјината атмосфера. Впиена од земјата, океаните и растителноста на површината, видливата светлина се трансформира во топлина и зрачи во форма на невидливо инфрацрвено зрачење враќајќи се наназад кон Земјината атмосфера.
Ефектот на стаклената градина настанува поради тоа што атмосферата пропушта најголем дел од сончевото зрачење кое ги загрева карпите, водните површини и почвата, а потоа, тие самите зрачат, оддавајќи топлинско (инфрацрвено) зрачење кое го загрева атмосферскиот воздух. Имено, гасовите во атмосферата (особено, јаглерод диоксидот, но и метанот и диазот моноксидот) впиваат дел од ова зрачење, а потоа повторно го оддаваат на сите страни. На тој начин, Земјата повеќепати го користи истото зрачење, што предизвикува температурата да биде повисока од онаа што би била кога не би постоела атмосфера. Всушност, без ефектот на стаклената градина, температурата на земјината атмосфера би била толку ниска, што Земјата би била непогодна за живот. Но, од друга страна, ако содржината на стакленичките гасови се зголеми, со тоа се зголемува и ефектот на стаклена градина, а тоа води кон општо затоплување.[2]
Ефектот на стаклена градина е многу важен за животот на планетата. Без него Земјата не би била доволно топла за да може на неа да се живее. Средната температура на површината на Земјата денес е околу 15 С степени, а доколку не би бил ефектот на стаклена градина средната температура на Земјината површина би била околу -18 С, односно не би имало живот на планетата. Затоа луѓето во минатото сметале дека овој ефект е многу важен за Земјата.
Но никој не претпоставил дека овој ефект може да биде и опасен доколу присуството на гасовите на стаклената градина се зголеми. Што поголемото присуство на гасовите на стаклената градина во атмосферата доведува до т.н. засилен ефект на стаклена градина што веќе станува опасност за животот на планетата. Дури и малите покачувања на температурата можат да бидат многу опасни, не само за човекот туку и за сите останати живи оргамизми. Овој ефект за првпат бил откриен од страна на Џозеф Фуриер во 1824 година.
Некои земји ќе имаат многу потопла клима. Климата ќе биде разновидна, од средоземна клима во летните периоди, па сè до сибирските студови во зимата. Со потоплата клима жешките земји, како во Африка, ќе станат неодржливи за живот. Ќе се формираат повеќе пустини поради недостатокот на водата. Животните и растенијата кои бараат поладна клима ќе исчезнат. Многу од замрзнатите површини од Арктикот и Антарктикот ќе се одмрзнат што ќе доведе до подигнување на нивото на водата. Пожарите ќе бидат честа појава. Исто така ќе доведе до сè поголемо појавување на торнадата, цунамите, кои ќе бидат со појак интензитет итн.
Сè додека индустријализираните земји употребуваат енергија и земјите во развој ја зголемуваат потрошувачката на фосилните горива, концентрацијата на гасовите на стаклената градина ќе продолжи да расте. Истражувачите предвидуваат дека температурите ќе се зголемат околу 2 до 10 степени Фаренхајтови до крајот на 21 век. Но уште понесигурно е што ова значи за Земјата?
Некои модели за климата, предвидуваат мали промени. Другите сметаат дека нивото на морињата ќе се зголеми кое ќе поплави различни региони околу светот. Климатските модели ќе се променат што ќе доведе до почеста појава на урагани. Жестоки суши ќе бидат почести во потоплите региони. Животните неспособни да се адаптираат на променливите услови ќе се соочат со исчезнување.
За 2,5 милиони години, Земјината клима се променила кружејќи од ледени ери, па сè до потопли периоди. Но во последниот век, температурите на Земјата пораснале неверојатно брзо. Научниците сметаат дека тоа е човечка активност која ги покачува температурите, позната под името Глобално затоплување. Откако започна индустриската револуција фабриките, електраните и автомобилите преработиле големи количини на фосилни горива како што е нафтата испуштајќи големи количини на јаглерод диоксид и други гасови во атмосферата. Овие гасови на стаклената градина ја заробуваат топлината на Земјата, во природно настанатиот процес кој се нарекува Ефект на стаклена градина. Ефектот на стаклена градина започнува со Сонцето и енергијата која ја зрачи на Земјата. Земјата и атмосферата впиваат дел од оваа енергија, додека остатокот се враќа назад во Вселената.
Иако уште треба да се научи за глобалното затоплување, многу организации го намалуваат испуштањето на гасовите за да го намалат влијанието на Глобалното затоплување и Ефектот на стаклена градина.
Дали треба да се грижиме за глобалното затоплување и засилениот ефект на Стаклена градина? Одговорот е секако, да. Мора да сториме нешто за да ги намалиме гасовите на стаклената градина, кои ги произведуваме. Ова може да го постигнеме со
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.