Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Западен фронт — најважно поприште на воени судири во текот на Првата светска војна. Фронт го отворила Германија со инвазија на Луксембург и Белгија со кој започнало вовлекување на Европа во војната. Целта на оваа првична инвазија било воспоставување на контрола и преземање на стопaнствено и рудно значајни региони во Франција.
Западен фронт | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Прва светска војна | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Антанта: Франција | Централни сили: |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
|
|
||||||
Сила | |||||||
7,935,000[1] 5,399,563[2] 2,200,000[3] 267,000[4] Вкупно: ~16,000,000 | 13,250,000[1] | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
~7,500,000
По земји:
| ~5,500,000 |
Фронтот на почеток бил поставен по должина на Белгија и зафаќал североисточен дел на Франција, со развивање на воени акции се проширил сè до Северното Море и до Швајцарија. Овој фронт, за разлика од осточен бил статичен, карактеристичен по безбројни лавиринти на ровови и бесмислено истребување на војката од двете завојувани страни. Воспоставен е кога германската војска која брзо напредувала кон Франција била запрена од силите на Антанта во првата битка на Марна, а судрените сили се вкопале на своите позиции. Фронтот бил формиран на 4 август 1914 година, а на него се војувало сè до 11 ноември 1918 година.[6]
По утврдување на фронтот во периодот од 1915 до 1917 година на него се одиграле неколку големи битки, Битката за Елзас, две битки на реката Марна, Гранични битки, Трка кон морето, Битката за Ипре, Голема офанзива кај Верден, Офанзива на реката Сома, и др. Но основна одлика на овој фронт биле утврдени позиции во ровови во кои војската живеела под постојана изложеност на топовски оган, непрекидно пукање, изложеност на бојни отрови, глад, студ, жега и инфекции. Секоја офанзивна акција или ситни повлекувања на воени формации војската ја изложувале на силен стрелачки оган, мински полиња и по првпат во историја забележани воздушни напади со авиони, а во офанзива кај Камврија во 1917 година Германија за првпат во војната ги внела и тенковите. Токму ваква поставеност и безизлезна пат позиција во која се наоѓале завојуваните страни довела до милионски број на жртви од двете страни.
Страотните последици на Западниот, како и на Источниот фронт никогаш не се прецизно пресметани, едноставно, за таква анализа и пресметка не постои статистичка формула и се бројат со милионски цифри. Според една од поновите анализи се спомнуваат 7 947 000 мртви, исчезнати и заробени на страна на Антанта и 5 603 000 мртви, исчезнати и заробени на страна на страна на Централни сили.[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.