Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
За македонцките работи[1] — книга напишана од Крсте Петков Мисирков и објавена во Софија во 1903 година. Книгата ги претставува погледите на еден од најголемите македонисти и национални дејци кон македонското прашање, националната свест и пред сè на потребата од завршување на националната афирмација и ослободување на Македонците како посебен народ со особено значење на улогата за кодифицирање на литературен македонски јазик. Во книгата се обработуваат тематики поврзани со основање на стандарден македонски јазик, правопис и азбука во контекст на изнесениот политиколошки поглед на тогашната актуелна политичка состојба во Македонија по Илиденското востание, како и научно-теоретски погледи за самобитноста и посебноста на македонскиот народ со историски пристап кон настанокот на другите европски и словенски народи, со единствена замисла и цел за национална афирмација на македонскиот народ во современа модерна европска нација со своја слободна, целовита и независна држава Македонија.
"За македонцките работи", корица на оригиналот. | |
Автор | Крсте Петков Мисирков |
---|---|
Земја | Бугарија |
Јазик | македонски |
Жанрови | лингвистика, историја, етнографија, политика и аналитика |
Издадена | 1903 |
Текст | За македонцките работи на Викиизвор |
Книгата на Мисирков е политичка анализа на положбата на македонскиот народ и предлог-програма за македонското националноослободително движење. Истовремено, таа ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет. Во самата книга, тој 10 години пред Балканските војни и Букурешкиот мировен договор, ја предвидува можноста од поделба на Македонија меѓу балканските држави, предлагајќи обединување на сите македонски народности, како и интелектуални, револуционерни и ослободителни сили и движења во една и заедничка борба за ослободување на Македонија со цел да се оневозможи ваквиот процес и истовремено предлага воведување и сеопшто прифаќање на терминот Македонец / Македонци во официјална употреба за националноста на македонското словенско население во вилаетите на Отоманското Царство на подрачјето на Македонија. Согледувајќи ја тогашната политичка состојба во Македонија по Илинденското востание, Крсте Мисирков во книгата се осврнува и на предложените Мирцштешки реформи како поволна политичка одлука за Македонија и Македонците и истовремено смета дека поради опасноста од поделба на Македонија заради вмешаноста на соседните балкански држави и нивните пропаганди, подобра е соработка и спроведување на реформи во рамките на Отоманското Царство со што ќе се зачува целовитоста на Македонија, а ќе се намалат страдањата и убиствата над македонскиот народ, отколку да се спроведува револуционерна борба поттикната и под знаме на еден дел од населението и општеството.
Книгата „За македонцките работи“ била испечатена во 1903 година во Софија, тогашно Царство Бугарија, и била печатена во т.н. „Либерален клуб“. Самата книга има над 120 страници и поделена на пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се всушност и говори кои Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Русија. Поглавјата на книгата се:
Во оваа книга тој го прогласува централното македонско наречје за литературен македонски јазик и ја определува својата национална програма, во која главно место има прашањето за македонскиот литературен јазик. Со оваа книга, тој теориски ги изложи погледите за оформување на македонскиот литературен јазик. Неговиот јазик, всушност, е нормиран јазик и претставува солидна основа за дефинитивното нормирање и кодифицирање на македонскиот јазик. Последната статија во оваа книга носи наслов „Неколку зборои за македонцкиот литературен јазик“ и претставува прв научно аргументиран, теориски солидно поставен и практично разработен проект за кодификација на македонскиот јазик.
Мисирков тргнува од особеностите на македонскиот јазик во однос на другите словенски јазици. Тој ја разгледува неговата историја, неговата практична примена во писменоста, како и културно-историските околности кои придонесуваат да се избере западномакедонското наречје и да се издигне на ниво на литературен јазик.
Според Мисирков, потребата од одделен македонски литературен јазик е национален интерес на македонскиот народ и успешно средство во национално-политичката борба против туѓите пропаганди и против употребата на туѓите соседни јазици.
Мисирков се определува за брзо решавање на македонското јазично прашање и ги оформува своите ставови за македонскиот литературен јазик, главно, во три точки:
Така, во изговорот и правописот настојува на:
На морфолошко поле, настојува на наставката -т во трето лице еднина сегашно време (требит, мислит, значит), исто и кај формите од помошниот глагол јет, сет. Значително е што предлогот од имал две форми, па забележуваме користење на предлогот от пред збор што започнува на безвучна согласка и предлогот од пред збор што започнува на звучна согласка и гласници.
Мисирков го прифаќа кирилското писмо и составува азбука врз современи принципи. Во македонската кирилица тој воведува неколку нови графеми: i, к‘, г‘, н‘, л‘, со кои таа се разликува од другите кирилски писма. Исто така, во согласност со фонетскиот правопис настојува на бележење на едначењето по звучност.
Во лексиката, и особено во зборообразувањето, настојува на народна лексика и на живи зборообразувачки модели: дележ, продолжаач, опитуачка и слично.
Бугарската наука тврди дека Мисирков подоцна јавно се откажува од пишувањата во својата книга објаснувајќи дека „настапил како импровизиран политичар по македонското прашање“.[2] Таа го посочува и податокот дека и во предговорот Мисирков пишува дека целото словенско население на Македонија, во 1903, се нарекува бугарско,[3] но поради тоа што Византијците ги нарекувале со ова заедничко име Словените и Прабугарите (за кои Мисирков тврди дека се монголско племе, дојденци од Азија)[4] така што ова име останало кај Македонците.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.