село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Желин (грчки: Χιλιόδενδρο, Хилиодендро, до 1928 Ζελήνη, Зелини)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Желин Χιλιόδενδρο | |
---|---|
Координати: 40°28′N 21°10′E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски округ |
Општина | Костур |
Општ. единица | Света Троица |
Надм. вис. | м | 674
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 617 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото се наоѓа на 7 километри југозападно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во Костурската котлина во близина на десниот брег на реката Бистрица. Селото се наоѓа на надморска височина од 674 метри.
Во османлиските даночни регистри од средината на XV век Желин е споменато со 34 глави на семејства и 1 неженет: Михо, Никола, Добрик, Јано, Тодор, Којос, Михо, Тодор, Димо, Гон, Никола, Никола, Било, Ѓурко, Нико, Јано, Јурко, Михос, Мирко, Ѓурко, Папа Јано, Папа Димитри, Јурко, Манча, Брајко, Михо, Манко, Богдан, Радослав, Жирџо, Мано, Михо, Стајка, Ѓурко и Којос, и три вдовици Кала, Кала и Фросина. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 2.100 акчиња[3]. Во отоманскиот дефтер од 1530 година пишува дека во Желин живеат 15 муслимански и 13 христијански семејства[4].
Во периодот помеѓу 1896 до 1900 година, селото преминало под влијание на Бугарската егзархија[5]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Желин имало 336 жители Македонци и 200 муслимани[6][7]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 416 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работело бугарско училиште[6][8].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Желин се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 92 куќи.[9] Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“.
На 2 јуни 1902 година двајца Турци, поткупени со 50 лири од костурскиот владика Германос Каравангелис, го убиле во црквата свештеникот и истакнатиот општествен деец отец Васил Димитров. Во септември 1902 година револуционерите од ВМОРО ги убила двајцата Турци во нивниот дом, како и шпионите Васил Џамбов и Стерјо Иванов Џамбов[10].
Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 300 Македонци и 180 Турци. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 65 македонски и 35 турски куќи[11], додека според Георги Христов имало и една влашка куќа[12].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[13]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 592 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 457 жители. По 1919 година, според официјалните бугарски извори, 4 жители од селото се иселиле во Бугарија. Во селото имало 2 политички убиства.[14].
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Според едни податоци, нивниот број бил 133 лица[15], додека според други 35 семејства со 140 лица[16]. Во овој период на новодојдените грчки бегалци им била распределена најдобрата земја. Во 1928 година, селото било преименувано во Хилиодендро.[17]
Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[18]. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. Во текот на војната од селото биле убиени 31 лице[13]. Три деца од селото биле протерани како деца бегалци[14]
Во 1928 година селото броело 440 жители.[16], додека во 1940 година селото броело 309 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 511 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 525 жители, во 1971 година имало 527 жители, во 1981 година имало 565 жители, додека во 1991 година имало 638 жители[19]. Денеска, населението на селото е 617 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 309 | 511 | 525 | 527 | 565 | 638 | 617 | — |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.