Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Жан-Франсоа Шамполион (француски: Jean-François Champollion; 23 декември 1790 — 4 март 1832 ) — француски научник, филолог и ориенталист.
Шамполион го дешифрирал египетското хиероглифско писмо врз основа на претходните истражувања од Атанасиус Киршнер, Силвестер де Саси, Томас Јанг и др. Шамполион успеал да преведе делови од Каменот од Розета во 1822 година, докажувајќи дека пишаниот египетски јазик бил сличен на коптскиот, и дека системот на пишување бил комбинација од фонетски и идеографски знаци.
Шамполион е роден во Фижак, Франција, како последно од седумте деца во семејството. Живеел во Гренобл неколку години и дури и како дете покажувал неверојатен талент за јазици. До 16-годишна возраст веќе знаел да сборува десетина јазици и имал презентирано труд пред Академијата во Гренобл за коптскиот јазик. Кога имал 20 години зборувал латински, грчки, хебрејски, амарски, санскритски, авестиски, пахлевиски, арапски, сириски, калдеански, персиски, етиопски и кинески јазик.[1]
Во 1809 година станал асистент на универзитетот во Гренобл на катедрата по историја. Неговиот интерес за ориенталните јазици, особено за коптскиот, довело до тоа да му биде доверена задачата да го дешифрира тогаш неодамна откриениот Камен од Розета, и ги поминал следните две години (1822-1824) на оваа задача. Во својот труд од 1824 година „Апстракт за хиероглифскиот систем“ ги дал основите на она што подоцна станало основа на современата египтологија. Тој исто така ја идентификувал важноста на Торинскиот список на кралеви, и ја одредил староста на Зодијакот од Дендера. Неговиот интерес за египтологијата се создал во времето на освојувањата на Наполеон во Египет (1798-1801). Шамполион подоцна бил избран за професор по египтологија на Францускиот колеџ во Париз.[2]
На 21 јули 1828 година, Шамполион заедно со тосканскиот јазичар Иполито Роселини и уште четири члена на експедицијата, тргнале кон Египет. Пловеле по течението на Нил и извршиле низа истражувања во Долината на кралевите во Египет. Успеале да дешифрираат многу споменични натписи и со тоа да го потврдат методот што го открил Шамполион. Но за жал, во текот на експедицијата извршиле и неколку грабежи на археолошки богатства, како на пример од гробницата на Сети I, од која однеле две големи ѕидни површини кои денес се наоѓаат во музеите во Париз и во Фиренца.
Преморен од работата во текот и по експедицијата, Шамполион се разболел и умрел на 41-годишна возраст во 1832 година.
Дел од постигањата на експедицијата се посмртно објавени во книгата „Спомениците на Египет и Нубија“ (1845). Делови од неговата работа се подоцна објавени од неговиот брат Жак Жозеф Шамполион. Синот на Жак Жозеф, Аме-Луј, напишал и биографија за двајцата браќа.
|date=
(help) ;|date=
(help) ;Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.