Доганџиево

село во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Доганџиевоmap

Доганџиево или Доганџи (грчки: Πρόχωμα, Прохома; до 1926 г. Δογαντζή, Доганѕи[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.214 жители (2011).

Кратки факти Доганџиево Πρόχωμα, Земја ...
Доганџиево
Πρόχωμα
Thumb
Доганџиево
Доганџиево
Местоположба во областа
Thumb
Доганџиево
Местоположба на Доганџиево во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°47.54′N 22°40.0′E
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаИлиџиево
Општ. единицаКуфалово
Надм. вис.&1000000000000009000000090 м
Население (2011)[1]
  Вкупно1.214
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 11
Повик. бр.231 0711
Затвори

Географија

Селото е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле на левиот брег на реката Вардар, 8 км источно од Куфалово и на 36  северозападно од Солун по стариот државен пат за Скопје.[3][4]

Историја

Во Отоманското Царство

На крајот на XIX век Доганџиево било мешано, но претежно турско село во Солунската каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Доганџиево живееле 28 Македонци христијани,[5] 200 Турци и 84 Роми.[6]

Македонското население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дуганџиево (Dougandjievo) имало 88 Македонци под егзархијата, што значи дека нивниот број значително се зголемил во текот на последните пет години.[7]

Според општинската страница на Илиџиево во селото пред 1912 г. живееле 200 Турци муслимани и 50 Македонци христијани.[4]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција, согласно Букурешкиот договор. Веројатно доста настрадало во војните, бидејќи пописот од таа година бележи само 9 жители.[3] Малку подоцна тука се сместени грчки доселенички семејства, така што во 1920 г. селото веќе имало 265 жители, а преостанатите мештани биле иселени.[3] Од 1922 г. властите почнале да доселуваат уште грчки колонисти, така што во 1928 г. Доганџиево било наполно дојденско село кое броело 592 жители (165 семејства).[8] Дојденците биле претежно од Понд, и тоа од Везинќој, Санда (денес Думанли), Котиора (денес Орду), Моламстафа и Ептакоми, но имало и преселници од Пашќој во Кавказ и 40 семејства од Суботан во Карс.[4]

Во 1940 г. во Доганџиево се попишани 952 жители, кои во 1951 г. се смалиле на 938, а во 1961 г. се накачиле на 1.013. Во 1971 г. бројноста доживеала значаен пад на 733 жители, но се повратила на 980 на пописот во 1981 г. Во 1991 г. се 1.002 жители. Во текот на следното десетлетие населението уште повеќе пораснало, па во 2001 г. селото имало 1.294, а во 2011 г. — 1.214 лица.

Во 1926 г. селото е преименувано во Прохома, што значи „насип“. Главна селска црква е „Воздвижение на Чесниот Крст“.[4]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 952 938 1.013 733 980 1.002 1.294 1.214
Затвори
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото важи за прилично богато бидејќи има мошне плодно земјиште кое целосно се наводнува. Се произведува многу жито, памук, овошје и др.[3]

Поврзано

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.