From Wikipedia, the free encyclopedia
Даниел Алвеш да Силва, попознат само како Дани Алвеш (роден на 6 мај 1983 година, во Жуaзeиро) — бразилски фудбалер, играч од одбраната на Париз Сен Жермен и на бразилската репрезентација.
Дани Алвеш | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Даниел Алвеш да Силва[1] | ||
Роден на | 6 мај 1983[2] | ||
Роден во | Жуазеиро, Бразил | ||
Држава | Бразил | ||
Висина | м[2] | 1,72||
Позиција | десен бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Барселона | ||
Број | 8 | ||
Младинска кариера | |||
Баија | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2001-2002 | Баија | 25 | (2) |
2002-2008 | Севиља | 175 | (11) |
2008-2016 | Барселона | 247 | (14) |
2016-2017 | Јувентус | 19 | (2) |
2017-2019 | Париз Сен Жермен | 48 | (2) |
2019-2021 | Саун Пауло | 76 | (8) |
2021- | Барселона | 6 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2003 | Бразил 20 | 7 | (0) |
2006- | Бразил | 121 | (8) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Алвеш е роден во Жуазеиро, град во бразилската држава Баија. Неговиот татко Домингош Алвеш да Силва е фармер и исто така голем љубител на фудбалот, па дури успеал во градот да организира и фудбалски клуб во кој Дани ја започнал својата кариера на возраст од десет години. Во почетокот Алвеш играл како крило, но поради недостатокот на постигнати голови, неговиот татко го ре-позиционирал како десен бек, позиција на која сè уште игра и денес.
Алвеш не е женет, а во моментов е во врска со шпанскиот модел Хоана Санс.
Покрај тоа што нема некоја импозантна фигура поседува значителна сила а меѓу неговите одлики се издвојуваат отпорноста, брзината, и, исто така, значителните технички квалитети за неговата позиција. Опремен е со добар центаршут, удар од далечина и способноста за пробивање на противничката одбрана. Алвес многу често учествува во акциите во нападот на својте екипи.[3]
Алвеш израснал играјќи фудбал во екипата на Баија, а своето деби за првиот тим го направил во Кампеонато Бразилеиро Серија А 2001 против Парана. Во овој натпревар, Баија победила со 3-0, а тој направил две асистенција и бил фаулиран за пенал кај последниот гол. По ова, тренерот Еваристо де Маседо го утврдил во почетниот состав на тимот. Во средината на 2002 година, тој се преселил во Севиља на позајмица.[4]
Во летото 2002 Алвеш заминал на заем од една сезона во шпанската Севиља со право на постојан откуп. Своето деби во шпанското првенство го направил на 23 февруари 2003, влегувајќи во 77-мата минута во победата со 1-0 над Еспањол на домашен терен. Сезоната 2002-2003 ја завршил со 10 настапи за првиот тим во Примера Дивисион.
После сезоната 2002-2003 на заем во Севиља, Алвеш отпатувал на Светското првенство за млади играчи (под 20 години) каде одиграл одлично и неговата репрезентација го освоила тој турнир. Набрзо после тоа Севиља целосно го откупила договорот на играчот за 550.000 евра. Во сезоната 2003-2004 се утврдил како стартер на позицијата десен бек и од тој момент играл редовно во почетната постава на Андалусијците. Својот прв погодок во дресот на Севиља го постигнал на 11 септември 2003, во изненадувачката победа со 4-1 над Реал Мадрид на домашен терен.
По неколку одлични сезони во Севиља, во јуни 2006 Алвеш добил понуда од Ливерпул и Севиља се согласила да го продаде играчот меѓутоа клубовите неуспеале да се договорат околу сумата бидејќи шпаниците барале обесштетување од 8 милиони евра. Откако останал во клубот за сезоната 2006-2007, во декември истата година го продолжил договорот до 2012 година.
Вкупно за Севиља Алвеш одиграл 249 натпревари и постигнал 16 гола; со клубот освоил два Купа на УЕФА, еден Суперкуп на Европа, еден Куп на Шпанија и еден Суперкуп на Шпанија.
На 2 јули 2008, Барселона го купила бразилскиот дефанзивец за сума од 32 милиона евра плус разни бонуси врз основа на резултати кој би можеле да доведат до пораст на трансфер сумата до 40 милиони евра.[5] На 1 јули 2008 ја имал неговата проштална прес-конференција во Севиља, во која со солзи во очите се заблагодарил на сите во клубот кој му го овозможиле овој трансфер и рекол дека би сакал повторно да игра за Севиља.[6] Дебитирал во дресот на Барселона на 13 август 2008, против Висла Краков во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.[7] Своето деби во шпанската лигата за Блауграна го имал во првото коло од сезоната 2008-2009 против Нумансија на 31 август 2008, во поразот со 1-0 на гости.[8] Својот прв погодок за новиот клуб го постигнал на 25 октомври истата година, во победата со 5-0 над Алмерија на домашен терен. На 13 мај, тој го освоил својот втор трофеј во Кралскиот куп на Шпанија, а три дена подоцна математички ја освоил својата прва титула во лигашките натпреварувања, благодарение на поразот на Реал Мадрид на гости кај Вилјареал.[9] На крајот на неговата прва сезона во клубот, на 27 мај, Барселона станала европски шампион благодарение на победата над Манчестер Јунајтед во финалето на Лигата на шампионите на Стадионот Олимпико во Рим; Дани Алвес не играл во финалето поради жолти картони.
На почетокот на сезоната 2009-2010 Алвеш со Барселона ги освоил Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао и Европскиот Суперкуп против Шахтар Донецк. На 19 декември 2009 го освоил Светско клупско првенство за Естудијантес; оваа победа му овозможила на каталонскиот клуб да стане првиот и единствен во историјата на фудбалот кој ги освоил сите шест трофеи, односно кој победил во сите шест конкуренции во кој играле во текот на календарската година.[10] Сезоната ја завршил освојувајќи ја својата втора титула едноподруго во шпанската Примера Дивисион.[11]
Својата трета сезона во Барса ја започнал со освојување на Суперкупот на Шпанија со победа над неговиот поранешен клуб Севиља.[12] На 22 март 2011 го продолжил својот договор со Блауграна во трајнсот до 2015.[13] На крајот на оваа сезона, Барселона уште еднаш триумфирала во Лигата на шампионите, а Дани Алвеш со своите перформанси обилно придонел за освојувањето на својата втора титула во најелитното клупско фудаблско натпреварување во Европа; во финалето го совладале Манчестер Јунајтед (како и пред две години).
На 17 август 2011 година, го освоил својот четврти наслов во Суперкупот на Шпанија против Реал Мадрид.[14] На 25 јануари 2012 во натпреварот од Купот на Шпанија против Реал Мадрид постигнал гол за водство од 2-0 за Барселона, погодок, која му овозможил на неговиот тим да се квалификува за полуфиналето.[15]
На 29 септември 2015 го одиграл својот 350-ти натпревар во дресот на Барселона во победата со 2-1 над Баер Леверкузен во групната фаза од Лигата на шампионите.[16]
На 27 јуни 2016, Алвеш потпишал двегодишен договор со Јувентус, со опција за продолжување на уште една година. Своето официјално деби за Јувентус го направил на 20 август, во победата на домашен терен со 2-1 над Фјорентина во Серија А.[17]
На 12 јули 2017, Алвеш со слободен трансфер му се приклучил на Париз Сен Жермен потпишувајќи двегодишен договор со францускиот клуб.[18]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.