From Wikipedia, the free encyclopedia
Виничката Област (украински: Вінницька область; се нарекува и Виничина - украински: Вінниччина) е област во југозападниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Виница.
Виничката Област има вкупна површина од 26.513 км2 (4,4% од Украина). На запад се граничи со Черновечката и Хмелничката Област, на север со Житомирската, на југ со Одеската област и Молдавија, на исток со Киевската, Кировоградската и Черкаската област. Во областа има 1.495 села и 18 градови. Најголеми реки се: Днестар и Јужен Буг.
Според пописот на населението во 2001 година, во Виничката Област живеат најмногу Украинци (91,5%), а останатите се Руси (5,9%), Евреи (1,4%), Полјаци (0,4%), Белоруси (0,26%), Молдавци (0,2%).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.