Виница (Украина)
град во Украина From Wikipedia, the free encyclopedia
град во Украина From Wikipedia, the free encyclopedia
Виница (украински: Ві́нниця) — град, сместен на бреговите на реката Јужен Буг, во средишниот дел на Украина. Таа е административен центар на Виничката област.
Виница Вінниця | |||
---|---|---|---|
Старата кула за вода во Виница (сега Музеј на воените ветерани) | |||
Карта на Украина на која е означена Виница | |||
Координати: 49°14′0″N 28°29′0″E | |||
Држава Област Реон | Украина Виничка област Градска Општина Виница | ||
Основан | 1363 | ||
Управа | |||
• Претседавач на градскиот совет | Володимир Борисович Гројсман | ||
Површина | |||
• Вкупна | 79,94 км2 (3,087 ми2) | ||
Население | |||
• Вкупно | 370.100 | ||
• Густина | 5.066/км2 (13,120/ми2) | ||
Поштенски број | 21000- | ||
Повик. бр. | +380 43 | ||
Мреж. место | www.vmr.gov.ua |
Виница е исто така позната по големиот број на варијанти на своето име во другите јазици: руски: Ви́нница, полски: Winnica, германски: Winniza и романски: Vinniţa. Сите овие имиња потекнуваат од словенскиот збор за винова лоза.
Виница бил важен трговски и политички центар од 14 век, кога Федир Коријатович, внук на литванскиот војвода Олгерд, изградил тврдина (1363) против татарските напади на бреговите на реката Јужен Буг. Оттогаш, градот станал важен дел во наредните спорови помеѓу Литванија, Татарите (кои ја запалиле тврдината во 1580), Полска, Турција (кои владееле со градот и областа од 1672 до 1699), Козаците и на крајот Русија, која го припоила градот и областа по Втората поделба на Полска во 1793. Русија започнала да ги брише римокатоличките траги од градот - католичките цркви во градот (вклучувајќи ја и сегашната Катедрала) биле претворени во руски православни цркви.
Гробниците на жртвите од Виничкиот масакр во текот на сталинистичката репреција од 1937–1938 биле ексхумирани од Германците во 1943.
Адолф Хитлер го поставил своето најисточно седиште Führerhauptquartier Werwolf близу градот и поминал неколку недели таму во 1942 и на почетокот на 1943.
Во самиот град и неговата околина биле извршени неколку нацистички злосторства од Einsatzgruppe D. Проценките за бројот на жртвите се движат до најмногу 28.000. Овие проценки ги вклучуваат и целосното истребување на големото еврејско население во градот.
Виница се наоѓа околу 260 километри од украинскиот главен град, Киев, 429 километри од пристанишниот град Одеса и 369 километри од Лавов.
Тој е административен центар на Виничката област, како и административен центар на околниот Винички реон во рамките на областа. Самиот град е исто така означен како сопствен реон во рамките на областа и припаѓа на историската област Подилја.
Меѓународниот аеродром Гавришивка (IATA: VIN, ICAO: UKWW) се наоѓа во Виница.[1][2] Од крајот на Втората светска војна, Виница била дом на голема советска база на воздухопловните сили, вклучувајќи аеродром, болница, касарни и други воени објекти. Во градот во периодот 1960 и до раните 1990-ти се наоѓала и 43. ракетна армија.[3] Воедно, во градот се наоѓала и 24. воздухопловна армија, која се наоѓала во Виница од 1960 до 1992. Командата на украинските воздухопловни сили се наоѓа во Виница од 1992.
Долгите топли лета со голема влажност и релативно кратките зими се карактеристични за Виница. Просечната температура во јануари е -5,8 °C и 18,3 °C во јули. Просечните годишни врнежи се 638 мм.
Низ годината, 6-9 дена се случуваат снежни виулици, 37-60 дена во годината има магла во текот на есента и зимата и 3-5 дена има грмотевици и поројни дождови.
Клима на Виница | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Апсолутна максимална (°C) | 11,6 | 17,3 | 22,3 | 29,4 | 32,2 | 35,0 | 37,8 | 36,5 | 31,5 | 28,6 | 19,9 | 15,4 | 37,8 |
Просечна максимална (°C) | −1,4 | −0,3 | 5,2 | 13,4 | 20,1 | 22,7 | 24,8 | 24,3 | 18,7 | 12,4 | 4,7 | −0,4 | 12,0 |
Просечна температура (°C) | −4,1 | −3,3 | 1,2 | 8,3 | 14,5 | 17,4 | 19,2 | 18,6 | 13,4 | 7,8 | 1,7 | −2,8 | 7,7 |
Просечна минимална (°C) | −6,7 | −6,1 | −2,2 | 3,7 | 9,1 | 12,3 | 14,1 | 13,4 | 8,9 | 4,0 | −0,8 | −5,2 | 3,7 |
Апсолутна минимална (°C) | −35,5 | −33,6 | −24,2 | −12,7 | −2,8 | 2,5 | 5,2 | 1,5 | −4,5 | −11,4 | −24,6 | −27,2 | −35,5 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 29 | 28 | 30 | 45 | 50 | 94 | 83 | 66 | 64 | 30 | 37 | 35 | 591 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 7 | 6 | 9 | 13 | 14 | 15 | 15 | 11 | 12 | 11 | 12 | 9 | 134 |
Сончеви часови (месечно) | 58,9 | 70,6 | 114,7 | 171,0 | 248,0 | 255,0 | 266,6 | 260,4 | 195,0 | 133,3 | 57,0 | 40,3 | 1.870,8 |
Извор: Pogoda.ru.net[4]; Хонгконгшка опсерваторија.[5] |
Виница е збратимен со:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.