From Wikipedia, the free encyclopedia
Татари (татарски: Tatarlar/Татарлар)— заедничко име за некои туркојазични народи од Источна Европа и Средна Азија. Денешниот татарски јазик се однесува кон кипчачката група на туркиските јазици. Денешните Татари се делат на Сибирски Татари, Астрахански Татари, Вазански Татари и Кримски Татари.
Податотека:Bronson 1973.jpg Чарлс Бронсон • Муса Џалил Елвира Набиулина • Ринат Ахеметов • Земфира Рудолф Нурејев • Марат Сафин • Ринат Дасаев | |
Вкупен број | |
---|---|
6,426,900[1] | |
Подрачја со значајно население | |
Русија | 5,554,601[2] |
Узбекистан | 324,080[3] |
Казахстан | 261,000[4] |
Таџикистан | 97,000[4] |
Украина | 69,000[4] |
Туркменистан | 60,000[4] |
Киргистан | 52,000[4] |
Азербејџан | 30,000[4] |
Турција | 26,000[4] |
Романија | 23,000[5] |
Белорусија | 13,000[4] |
САД | 11,000[4] |
Кина | 7,500[4] |
Полска | 4,900[4] |
Грузија | 3,700[4] |
Литванија | 3,000[4] |
Молдавија | 2,800[4] |
Латвија | 2,689[6] |
Естонија | 2,500[4] |
Финска | 800[4] |
Јазици | |
татарски јазик, руски јазик | |
Вероисповед | |
Воглавно ислам со малцинско православно население[7] |
Историски, Татарите се едно од монголските племиња и зборуваат на монголски јазик. Покорени од Џингис Хан, подоцна се вклучуваат во монголските напади врз Азија и Европа. Името ,,Татари" средновековните писатели го изведуваат од името на Тартар, грчки бог на подземниот свет, како поврзување со бруталноста на татаро-монголските орди во Европа. Така името ,,Татари" е употребувано за опис на сите народи кои прегазиле делови од Азија и Европа под водство на Монголците во 13 век. Подоцна под истото име се подразбираат речиси сите номадски освојувачи од Азија, независно дали се од Монголија или од крајните западни делови на Азија. До почетокот на 20 век, Русите со името ,,Татари" именуваат бројни народи, почнувајќи од Азерите до сибирските племиња.
Денес Татарите живеат во средишните и јужните делови на Русија, (мнозинството во Татарстан), Узбекистан, Казахстан, Украина, Таџикистан и Киргистан. Нивната бројност е околу 10 милиони. Мнозинството се муслимани.
Денешните Татари потекнуваат од населението на наjзападниот дел на монголската држава — Златна Орда, која опфаќа делови од денешна Украина, Русија и Казахстан. Таму Татаро-Монголците биле малуброjни и се измешале со локалното кипчачко (куманско население), како и со други постари народи како Прабугарите. Кипчачкиот туркиски јазик се наложил како доминантен и се зборува во различни дијалекти од денешните Татари. Подоцна Златната Орда се разделила на неколку делови, меѓу кои се и Казањското, Астраханското и Кримското Ханство.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.