Брајковци
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Валандово From Wikipedia, the free encyclopedia
Брајковци — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово. Селото е скоро целосно споено со соседното Балинци.
Брајковци | |
Воздушен поглед на селото | |
Координати 41°17′30″N 22°31′19″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Валандово |
Област | Бојмија |
Население | 384 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2460 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 04005 |
Надм. вис. | 110 м |
Брајковци на општинската карта Атарот на Брајковци во рамките на општината | |
Брајковци на Ризницата |
Името на селото првпат се сретнува во турски документи во XVI век. Името на селото потекнува од именски форми од македонскиот јазик, кое е придавно образување од личното име Брајко кое доаѓа од имињата Братислав, Битољуб, Братомир и слично.[2]
Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Валандово, во средишниот дел на плодното Валандовско Поле.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 110 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 6 километри.[3]
Низ селото поминува регионалниот пат 1401, кој ја поврзува Струмица со селото Марвинци.
Подрачјето на Брајковци е населено барем од хеленистичко време, за што сведочат остатоците од населба на наоѓалиштето Чукарски Пирој, источно од селото на левата страна од патот Валандово-Брајковци.[4]
Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[5]
Атарот на селото зафаќа простор од 6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 262,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 252,6 хектари, додека на пасиштата 39,5 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото работат две продавници.[3]
Од земјоделските култури најмногу се одгледува пченица, бостан, тутун, киви, обични и јапонски јаболки и друго.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 34 домаќинства со 146 жители христијани.[6]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Брајковци живееле 180 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Брајковци имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[9]
Селото е средно по големина, со зголемување на бројот на населението. Така, во 1961 година селото броело 366 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 424 жители, од кои 403 се Македонци, а 21 жител Срби.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Брајковци имало 437 жители, од кои 413 Македонци и 24 Срби.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 384 жители, од кои 360 Македонци, 3 Турци, 14 Срби, 2 останати и 5 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180 | 240 | 312 | 338 | 366 | 437 | 450 | 425 | 424 | 437 | 384 |
Во XIX век, Брајковци било македонско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Брајковци се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Грчиште, Марвинци, Пирава, Раброво и Честово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.
Во селото постои избирачкото место бр. 0292 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 342 гласачи.[18] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 333 гласачи.[19]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.