From Wikipedia, the free encyclopedia
Битката за Атлантикот е најдолгата континуирана воена кампања [1] [2] во Втората светска војна, која траела од 1939 година до поразот на нацистичка Германија во 1945 година, опфајќајќи најголем дел од поморската историја од Втората светска војна. Во сржта на битката била сојузничката поморска блокада на Германија, објавена ден по објавувањето на војната, и контра блокадата на Германија која следела подоцна. Кампањата кулминирала од средината на 1940 година до крајот на 1943 година.
Битка за Атлантикот | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Втора светска војна | |||||||
U-848 е нападнат од Американската воена морнарица, ноември 1943 |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Обединето Кралство Канада САД[б 1] Предлошка:Country data Vargas Era[б 2] Предлошка:Clist | Германија Предлошка:Country data Fascist Italy (1922-1943)[б 3] Предлошка:Country data Vichy France[б 4] |
Во Битката за Атлантикот нацистичките подморници, другите воени бродови на германската Кригсмарине (Морнарицата) и авионите на Луфтвафе (воздухопловните сили) се спротивставиле на Британската кралската морнарица, Канадската кралска морнарица, морнарицата на Соединетите држави и сојузничките трговски бродови. Конвоите, кои претежно оделе од Северна Америка кон Обединетото Кралство и Советскиот Сојуз, биле најчесто штитени од британската и канадската морнарица и нивните воздухопловни сили, а од 13 септември 1941 година ним им помагале и воените бродови и авиони на САД.[3] На 10 јуни 1940 година, откако германскиот сојузник на оската Италија се приклучила во војната, подморниците на италијанската Реџиа марина (Кралската морнарица) застанале на германска страна во Битката за Атлантикот.
Како островска земја, Обединетото Кралство била зависна од увоз на стока. Во Британија требало да се увезуваат милион тони материјал неделно за да може да преживее и да се бори. Всушност, битката за Атлантикот била тонажна војна: борбата на сојузниците за снабдување на Британија и обидот на Оската да го запре протокот на трговските бродови кои би ѝ овозможиле на Британија да продолжи да се бори. По 1942 година, Оската се обидувала да го спречи складирањето на сојузнички резерви и опрема на Британските Острови како подготовка за инвазијата на окупирана Европа. Уништувањето на заканата од У-бродовите (подморниците) било предуслов за истиснување на Оската од Западна Европа. Битката завршила со стратешка победа за сојузниците (германската блокада била безуспешна), но за победата била платена висока цена: во Атлантикот биле потонати 3.500 трговските бродови и 175 воени бродови наспроти 783 У-бродови (најголем дел од нив биле Тип VII подморници) и 47 германски воени бродови, меѓу кои и 4 борбени бродови (Бизмарк, Шарнхорст, Гнајсенау и Тирпиц), 9 крстосувачи, 7 напаѓачи и 27 уништувачи. Од У-бродовите, 519 биле потонати од британските, канадските или други сојузнички сили, а 175 биле уништени од американските сили; 15 биле уништени од Советите, а 73 биле уништени од сопствениот екипаж пред крајот на војната од различни причини.
Битката за Атлантикот е наречена „најдолгата, најголемата и најсложената“ поморска битка во историјата.[4] Кампањата започнала веднаш по почетокот на војната во Европа, за време на таканаречената „Лажна војна“ и траела преку пет години, до германската капитулација во мај 1945 година. Во битката учествувале илјадници бродови во преку 100 битки со конвои и можеби 1.000 еден на еден средби, во театар кој покрива милиони квадратни километри од океанот. Ситуацијата постојано се менувала, те едната те другата страна била во предност, затоа што земјите учеснички се предавале, се приклучувале, па дури и ја менувале страната во војната, и затоа што било развивано ново оружје, нови тактики, контрамерки и опрема од двете страни. Сојузниците постепено стекнувале предност, совладувајќи ги германските напаѓачки бродови до крајот на 1942 година и поразувајќи ги У-бродовите до средината на 1943 година. Британскиот премиер Винстон Черчил подоцна напишал: „Единственото нешто што навистина ме исплаши за време на војната беше опасноста од У-бродовите. Бев повознемирен за оваа битка отколку за славната воздушна борба наречена „Битката за Британија“[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.