Ирско Море
море From Wikipedia, the free encyclopedia
море From Wikipedia, the free encyclopedia
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.
Ирско Море (ирски: Muir Éireann или Muir Meann; шкотски: Muir Eireann велшки: Môr Iwerddon, мански: Mooir Vannin, англиски: Irish Sea) — водна површина која ги дели островите Ирска и Велика Британија. Поврзано е со делот на Келтското Море од Атлантскиот Океан со Светигеоргиевиот Проток помеѓу Ирска и Велс, а на север со Северниот Проток помеѓу Северна Ирска и Шкотска што е дел од т.н. „Морско подрачје на Внатрешните Мориња вон западниот брег на Шкотска“. Островот Ман се наоѓа во Ирското Море. Ова море е од големо значење за регионалното стопанство, трговија, шпедиција и транспорт, риболовот и електростопанството во облик на ветерна сила и атомски централи. Веќе долго време се одвива полемика во врска со градењето на 80-километарски железнички тунел кој би ги поврзал Британија и Ирска. Помеѓу Британија и Ирска годишно сообраќаат 12 милиони патници и 17 милиони тони трговска стока.