Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Бегството во Египет ― слика со масло на платно на францускиот уметник Никола Пусен, насликана во 1657 или 1658 година. Првично била чувана во Музејот Лувр, а потоа била префрлен во Музејот на ликовни уметности во Лион.
Творец | Никола Пусен |
---|---|
Година | 1657 |
Место | Музеј за ликовни уметности во Лион, Лион |
Сликата веројатно е вдахната од сликата на истата тема на италијанскиот барокен сликар Анибале Карачи.
Оваа слика се појавила на наддавање во Версај во 1986 година со почетна цена од 80.000 франци. Го купиле Ришар и Робер Пардо за 1.600.000 франци. Изложена во галеријата, подоцна била признаена како автентично дело на уметникот. Потоа имало долго судење чиј исход бил неповолен за Пардо: конечната одлука била повторно да биде дадена сликата на продавачот. Сопственикот тогаш сакал да го продаде ова дело за повеќе од 15 милиони евра. Музејот на ликовни уметности во Лион потоа почнал да ги собира парите за да ја стекне.
Во јули 2007 година, Лувр и Музејот на ликовни уметности во Лион конечно успеале да ги соберат потребните средства за купување на сликата. Тоа би било едно од најскапите дела некогаш собрани од патронажата, со цена од 17 милиони евра (1 милион обезбедени од градоначалникот на Лион, 250.000 од регионот Рона-Алпи, 1 милион од музејот Лувр со сопствени средства, и над 18 покровители како Gaz de France кој даде 3 милиони евра, TotalEnergies, AXA, бизниси и банки од Лион и приватен донатор). Делото било купено за Лувр и било пренесено во февруари 2008 година во Музејот на ликовни уметности во Лион, родниот град на Жак Серизје, кој бил првиот собирач на сликата и кој веројатно бил нејзин спонзор.[1][2][3][4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.