From Wikipedia, the free encyclopedia
Армел Бела-Кочап (роден на 11 декември 2001 година, во Париз) — германски фудбалер, играч од одбраната на Саутхемптон и на германската репрезентација.[2]
Армел Бела-Кочап | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Армел Бела-Кочап[1] | ||
Роден на | 11 декември 2001 | ||
Роден во | Париз, Франција | ||
Држава | Германија | ||
Висина | м | 1,90||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Саутхемптон | ||
Број | 37 | ||
Младинска кариера | |||
2005–2009 | Рот Вајс Ален | ||
2009–2012 | Гримлингхаузен | ||
2012–2015 | Б. Менхенгладбах | ||
2015–2016 | Унтерат | ||
2016–2017 | Дисбург | ||
2017–2020 | Бохум | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2018-2022 | Бохум | 66 | (1) |
2022- | Саутхемптон | 11 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2018-2019 | Германија 18 | 5 | (0) |
2020 | Германија 20 | 1 | (0) |
2021- | Германија 21 | 9 | (0) |
2022- | Германија | 2 | (0) |
* Ажурирано на: 20 јуни 2014 ** Ажурирано на: 1 септември 2014 |
Бела-Кочап е роден во Париз, Франција.[3] Тој е син на поранешниот камерунски репрезентативец, Сирил Флорент Бела.[4]
Во јули 2018 година, Бела-Кочап му се приклучил на Бохум на летен тренинг камп.[5] Во март 2019 година, Бела-Кочап го потпишал својот прв професионален договор со клубот.[3] Своето деби за Бохум го имал во Втората Бундеслига на 28 април 2019 година, започнувајќи во натпреварот на гости против Ерцгебирге Ауе.[6]
Својот прв гол во кариерата го постигнал на 14 февруари 2021, во победата со 2-0 на домашен терен над Ајнтрахт Брауншвајг. Во сезоната 2020-2021, тој одиграл 28 натпревари во Втората Бундеслига, помагајќи му на Бохум да избори промоција. Следната сезона, тој одиграл 22 натпревари во Првата Бундеслига, помагајќи му на својот клуб да го задржи прволигашкиот статус на крајот од сезоната.
На 21 јуни 2022 година, Бела-Кочап му се приклучил на Саутхемптон во трансфер вреден 10 милиони евра, потпишувајќи четиригодишен договор со клубот.[7][8]
Своето деби за Светците го направил на 13 август 2022 против Лидс Јунајтед во Премиер лигата. Откако успеал да се наметне како редовен стартер на позицијата централен одбранбен играч, тој го изместил рамото при судир со противнички играч за време на ремито 1-1 против Вест Хем Јунајтед на 16 октомври. Поради тоа, тој бил надвор од акција три недели,[9] а своето враќање на терен го имал на 6 ноември во поразот на домашен терен од Њукасл Јунајтед со 1-4.
Во 2021 година, тој го добил својот прв повик во германската репрзентација до 21 година. Тој го направил своето деби на 2 септември, во квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2023, во кое Германија го победила Сан Марино со 6-0.
На 26 септември 2022 година, тој го направил своето деби за сениорска репрезентација во ремито 3-3 против Англија.[10]
Неколку месеци подоцна, тој бил дел од германската репрезентација на Светското првенство 2022, но таму не настапил ниту еднаш.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Германија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
26-9-2022 | Лондон | Англија | 3 – 3 | Германија | УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза | - | 90+1' | |
16-11-2022 | Мускат | Оман | 0 – 1 | Германија | Пријателска | - | 34' | |
Вкупно | Настапи | 2 | Голови | 0 |
Статистиката е ажуриарана на 10 декември 2022.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2018-2019 | Бохум | 2Б | 4 | 0 | КГ | 0 | 0 | - | - | - | - | 4 | 0 | ||
2019-2020 | 2Б | 12 | 0 | КГ | 2 | 0 | - | - | - | - | 14 | 0 | |||
2020-2021 | 2Б | 28 | 1 | КГ | 2 | 0 | - | - | - | - | 30 | 1 | |||
2021-2022 | 1Б | 22 | 0 | КГ | 4 | 0 | - | - | - | - | 26 | 0 | |||
Бкупно Бохум | 66 | 1 | 8 | 0 | - | - | - | - | 74 | 1 | |||||
2022-2023 | Саутхемптон | ПЛ | 24 | 0 | ФАКуп+ЛК | 1+1 | 0+0 | - | - | - | - | 26 | 0 | ||
2023-2024 | ПСВ | Е | 4 | 0 | КХ | - | - | ЛШ | 2 | 0 | СХ | - | - | 6 | 0 |
Вкупно во кариерата | 94 | 1 | 10 | 0 | 2 | 0 | - | - | 106 | 1 |
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.