езеро во Африка From Wikipedia, the free encyclopedia
Алберт (англиски: Lake Albert) — едно од Големите езера на Африка. Се наоѓа на границата помеѓу ДР Конго и Уганда.
Алберт | |
---|---|
Сателитска снимка од НАСА во 2002 година | |
Координати | 1°41′N 30°55′E |
Главни приливи | Викториин Нил |
Главни истеци | Алберт Нил |
Сливни земји | Демократска Република Конго, Уганда |
Најг. должина | 160 км |
Најг. ширина | 30 км |
Површина | км2 | 5,300
Прос. длабочина | 25 м |
Најг. длабочина | 58 м |
Зафатнина | 132[1] км3 |
Надм. височина | 615 м |
Населени места | Бутиаба, Паквач |
Наводи | [1] |
Езерото е долго околу 145 км, широко е 46 км и има површина од 5,600 км2 што го прави ова седмо езеро по големина. Макималната длабочина изнесува 58 м, а просечната 25 метри.[2] Се наоѓа на надморска височина од 615 метри.[2][3] Должината на бреговата линија е 508 км.[2] Има облик на неправилен трапез, јасно издолжен од југозапад до североисток.
Езеро е дел сложениот систем во горниот Нил. Негов главен извор е реката Викториин Нил која доаѓа од езерото Викторија на југоисток, и реката Семлики која доаѓа од Едвардовото Езеро на југозапад. Неговиот одлив од северозападниот крај на езерото е Алберт Нил кој се вика и Бел Нил каде што влегува во Судан. Благодарејќи на притоките, од кои една извира од езерото Викторија, а другата од Едвардовото Езеро, површината на сливот е голема. Тоа овозможува обилно хранење од вода, правичен воден баланс и обилновлевање на северниот крај. Само на север, езерото е широко отворено.
Јужно од езерото, на нешто повеќе од пола растојание од езерото Едвард, се издига високиот врв Рузвензори, којшто достигнува висина од 5,119 метри.
Прв Европеец кој го отркил езерото е Самуел Вајт Бејкер на 14 март 1864 година.[4] Името го добило по тогаш неодамна починатиот Принц Алберт, маж на Кралицата Викторија, како едно од трите езера (Рудолф, Алберт и Едвард) во источна Африка кои носат имиња на принцеви, така што популарно се викаат Езерата на Принцовите.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.