руска пејачка From Wikipedia, the free encyclopedia
Ала Борисовна Пугачова (руски: Алла Борисовна Пугачёва; 15 април 1949 година) е советска и руска пејачка. Нејзината кариера започнала во 1965 година и трае до ден денес, иако повеќе не одржува настапи во живо. За нејзиниот „јасен мецосопран и целосен приказ на искрени емоции“,[1] таа ужива иконски статус низ поранешниот Советски Сојуз како најуспешен советски изведувач[2][3] во однос на рекордната продажба и популарноста.
Ала Пугачова | |
---|---|
Жанр(ови) | поп |
Занимање/ња | Пејачка, композиторка, глумица |
Години на активност | 1965–денес |
Нејзиниот репертоар вклучува над 500 песни на руски, англиски, германски, француски, казашки, хебрејски, фински и украински јазик, а во дискографијата има повеќе од 100 грамофонски плочи, ЦД-ња и ДВД-а. Покрај во Русија и поранешниот Советски Сојуз, албумите на Пугачова биле објавени во Јапонија, Кореја, Шведска, Финска, Германија, Полска, Чехословачка и Бугарија. Пугачова има продадено повеќе од 250 милиони плочи.[4]
Таа станала народен уметник на СССР во 1991 година. Ала ја добила Државната награда на Руската Федерација (1995). Добитник е и на Орденот „За заслуга на татковината“ II, III и IV степени. Пугачова ја претставувала Русија на Евровизија 1997 година.[5]
Пугачова е родена како ќерка на Борис Михајлович Пугачев и Зинаида Архиповна (родена Одегово) Пугачев во Москва, на 15 април 1949 година.[6] Во 1956 година се запишала на музичкото училиште бр.31 и била дел од музичкиот колеџ Иполитов-Иванов. Продолжила да учи на училиштето бр.496, завршувајќи ги студиите таму во 1964 година. Потоа студирала на одделот за хорско диригирање на колеџот. Пугачова ја снимила својата прва песна „Робот“ во 1965 година, за утринска програма на Радио Јуност.
Пугачова го завршила колеџот во 1966 година, а потоа заминала на турнеја со групата Јуност (Млади) во Западен Сибир. Следната година таа започнала да работи како придружувач на пијано на колеџот Музички колеџ Државен циркус. Таа ги изведувала водечките вокали на голем број бендови, вклучувајќи ги Нови Електрон (Нов Електрон), дел од Државната филхармонија на Липецк, во 1966 година, Москвичи (московјани) во 1971 година, бендот на Олег Лундстрем во 1972–73 и Весиоли Ребијата (Весели луѓе) во 1974–75 г. Таа снимила песни во текот на целиот тој период за бројни филмови.
Во 1974 година, таа се нашла на 3-то место на натпреварот на музичари на сите сојузи. Во 1975 година ја добила Гран При наградата на меѓународниот натпревар „ Златен Орфеј “ изведувајќи ја песната „Арлекин“ од Емил Димитров . Амига ја објавила нејзината победничка песна како сингл во Источна Германија . Последователно, во Бугарија, Балкантон ја објавила снимката во живо на „Арлекин“ од фестивалот како сингл. Една година подоцна, Пугачова се вратика во „Златниот Орфеј“ за да оддржи концерт надвор од натпреварот. Балкантон ги објавила песните во живо како прв албум на Пугачова, Золотој Орфеј 76 . Истата година, Пугачова снимила голем број песни за музичката драма-комедија „Иронијата на судбината“ како глас за пеење на Надја, женскиот протагонист.
Пугачова продолжила да работи на музичкиот филм Жената што пее во соработка со групата Ритм (Ритам) во 1977 година. Таа ја играла главната дама, позната поп-пејачка која го жртвувала својот личен живот за нејзината кариера. Музиката, чиј соавтор била Пугачова, била составена од поп-песни. Музиката за првпат била објавена во 1977 година како дел од двојниот албум Зеркало души (Огледало на душата), кој бил колекција на нејзините песни од 1975 до 1977 година. Издавачката куќа Виктор истата година во Јапонија објавила албум колекција Ала Пугачова. Во 1978 година, изведувајќи ја песната „Vsyo mogut koroli“ („Кралевите можат да направат што било“), Пугачова ја добила наградата „Килибарниот славеј“ на Меѓународниот фестивал на песна „Сопот“, што во тоа време значело автоматско освојување на Гран При на Интервју за песна. Во 1980 година, издавачката куќа Кансан од Финска ги издала нејзините горенаведени дела како компилациски албум Huipulla (На врвот). Издавачка куќа во Западна Германија ги објавила песните на Ала Пугачова исто така.
Кон крајот на седумдесеттите години од минатиот век, Пугачова станала една од најомилените уметници во Русија поради нејзиното „јасен мецосопран и целосен приказ на вистински емоции“.[7][8]
Најзначајната титула на Пугачова е „Народен уметник на СССР“, тоа е највисока чест што може да му се укаже на музички уметник во државата, и била доделена во 1991 година. Додека помалите титули „Завршен уметник на Руската СФСР“ и „Народен уметник на Руската СФСР“ веќе ѝ биле доделени во 1980, односно 1985 година, владата се двоумела дали да ѝ ја додели највисоката чест, наводно, најмногу заради изјави и активности од нејзина страна кои биле во согласност со агендата на Партијата.
Претседателот на Русија Дмитриј Медведев на нејзиниот 60-ти роденден (15 април 2009 година) на Пугачова ѝ доделил Орден за заслуги за Татковина од 3-ти степен.
Во 1969 година се омажила за литванскиот циркуски изведувач Миколас Орбакас, и во 1971 година таа родила ќерка Кристина Орбакас, која е исто така популарна пејачка.[9] Пугачова се развела од Орбакас по четири години брак во 1973 година. Таа се омажила за филмскиот режисер Александар Стефанович во 1976 година и глумела во неколку негови филмови. Бракот бил завршен во 1980 година.
Во 1985 година, Пугачова се омажила за продуцентот Евгениј Болдин, со кого имала многубројни професионални соработки. Во овој период таа имала работна и романтична врска со младиот музичар и пејач, Владимир Кузмин . Во 1993 година, таа се развела од Евгениј Болдин изјавувајќи дека нивниот професионален живот премногу се меша во нивниот личен живот.
Во 1994 година се омажила за поп-пејачот Филип Киркоров. Тие се развеле во ноември 2005 година.
На 23 декември 2011 година, Ала Пугачова се омажила за Максим Галкин.[10] Двојката има близнаци родени од сурогат мајка.[11][12] Нивните имиња се Лиза и Хари.
Година | Број | Оргинален наслов | Наслов на македонски | Формат | Издавачка куќа, држава |
---|---|---|---|---|---|
1976 | Золотой Орфей 76 | Златен Орфеј 76 | Долгометражно издание во живо | Балкантон, Бугарија | |
1977 | C60 09799-2 | Зеркало души | Огледало на душата< | Двојно долгометражно издание | Мелодија, Советски Сојуз |
1979 | C60 11975-6 | Арлекино и другие | Харлекин и други песни | Долгометражно издание | |
1980 | C60 14429-0 | Поднимись над суетой | Биди над вревата од животот | Долгометражно издание | |
1980 | C60 14935-6 | То ли ещё будет | Тоа е само почеток | Долгометражно издание | |
1982 | C60 17663-6 | Как тревожен этот путь | Колку е вознемирувачки овој пат | Двојно | |
1985 | C90 21357-8 | Ах, как хочется жить | Ах, колку сакам да живеам | Долгометражно издание | |
1985 | WRM LP01 | Watch Out | Внимавај | Долгометражно издание | World Record Music, Шведска |
1986 | C60 24717-8 | ...счастья в личной жизни! | ...среќа во личниот живот | Долгометражно издание | Мелодија, Советски Сојуз |
1986 | C60 25059-0 | Пришла и говорю | Дојдов и велам | Долгометражно издание | Мелодија, Советски Сојуз |
1990 | SUCD 60 00122 | Алла | Ала | CD | Мелодија, Советски Сојуз |
1991 | 10191-40191 | Рождественские встречи 1990 | Божиќни состаноци 1990 | Двојно долгометражно издание | Руска дискографија, Совестки Сојуз |
1992 | STEREO R60 00887 | Рождественские встречи 1991 | Божиќни состаноци 1991 | Двојно долгометражно издание | |
1995 | SZCD0475 | Не делайте мне больно, господа! | Не ме повредувајте, господа | Компактен диск | Сојуз, Русија |
1998 | Ex 98073 | Да! | Да! | Компактен диск | Extraphone, Русија |
2001 | АБП 0037 | Речной трамвайчик | Речен трамвај | Компактен диск | Ала, Русија |
2002 | АБП 0038 | А был ли мальчик | Дали имаше момче | Компактен диск | |
2003 | АБП 0055,
МТ 702909-288-1 |
Живи спокойно, страна! | Живеј мирно, земјо! | Компактен диск | Ала и Монолот, Русија |
2008 | АБП 0055,
МТ 702909-288-1 |
Приглашение на закат | Покана за зајдисонце | Компактен диск | Ала |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.