Витебск

From Wikipedia, the free encyclopedia

Витебскmap

Витебск или Вицебск (белоруски: Віцебск, литвански: Vitebskas, руски: Витебск, полски: Witebsk, јидиш: װיטעבסק), — град во северот на Белорусија. Градот е административен центар на Витепската област, и е четврти најнаселен град во државата со 368.574 жители (2016).

Кратки факти Витебск, Држава ...
Витебск
Thumb
ThumbThumb
Thumb
Витебск
Местоположба во Белорусија
Координати: 55°11′N 30°10′E
Држава Белорусија
Област Витепска област
Основан947 г.
Управа
  ГрадоначалникВиктор Павлович Николајкин
Површина
  Вкупна124,54 км2 (4,809 ми2)
Надм. вис.&10000000000000172000000172 м
Население (2015)[1]
  Вкупно368,574
  Густина3.597/км2 (9,320/ми2)
Час. појасFET (UTC+3)
  Лето (ЛСВ)FET (UTC+3)
Поштенски код210000
Повик. бр.+375-212
Регист. таблички2
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Затвори

Историја

Thumb
Поглед на Витебск во раниот XIX век од Јозеф Пешка.

Витепбк се развил од речно пристаниште каде реката Витба (Віцьба, од каде што потекнува неговото име) се влева во поголемата река Западна Двина.

Археолошките истражувања покажуваат дека на утоката на Витба постоеле населби од балтички племиња, кои биле заменети во 9. век од словенските племиња Кривичи. Според хрониките на Михаел Бригандин (1760), Витебск (исто така споменуван како Дбеск, Видбеск, Видепск, Витепеск, Витпеск) бил основан од кнегињата Олга Киевска во 974 година. Според други верзии градот бил основан или во 947 година или во 914 година. Академикот Борис Рибаков и историчарот Леонид Алексејев, врз основа на хрониките, дошле до заклучок дека кнегиња Олга Киевска можно е да го основала Витебск во 947 година. Алексејев посочил дека хроничарите, при поместувањето на датумот од византиска ера во новата ера, ја добиле 947 година, но подоцна погрешно напишана во ракописите како 974 година.

Официјална година на основање на Витебск е 974 година, врз основа на анахроничната легенда дека е основан од Олга Киевска, но првото спомнување во историски запис датира од 1021 година, кога Јарослав I Мудриот од Киев го дал градот на Брачислав Изјаславич, кнез од Полоцк.[2]

Во 12. и 13. век, Витебск бил главен град на Витепското Кнежевство, кнежевство кое се развило на крстосницата на речни текови меѓу Балтичкото и Црното Море. Во 1320 година, градот бил вклучен во Големото Кнежевство Литванија како мираз за кнегињата Марија, првата сопруга на литванскиот кнез Алгирдас. До 1351 година градот издигнал камени горен и долен замок, кои претставувале дворци на кнезот.

Во 1597 година, градот добил градски права. Сепак, правата биле одземени во 1623 година кога граѓаните се побуниле против наметнатата Брестовска унија и го убиле архиепископот Јозафат Кунцевич. Во текот на првата поделба на Полска во 1772 година, Витебск бил припоен од Руското Царство. Под руско владеење историскиот центар на Витебск бил повторно изграден во неокласична архитектура.

До втората светска војна, Витебск во голема мера имал еврејско население: според рускиот попис од 1897 година, од вкупно 65,900 жители, Евреи биле 34,400 жители (околу 52% проценти).[3] Најпознат од нив бил сликарот Марк Шагал.

Во 1866 година низ Витебск била поставена железничката пруга Рига-Орел, подоцна железнички линии го поврзале градот со Москва, Брест, Санкт Петербург и Киев. Во 1898 година во Витебск бил пуштен во употреба првиот трамвај во Белорусија.[4] Во 1913 година во градот живееле 109 илјади жители. Тој бил еден од најзначајните индустриски центри. Во градот работеле 45 фабрики и погони. Вкупно во индустријата во тој период биле вработени околу 8 илјади лица, од кои 40% во текстилната и околу 20% во металопреработувачката индустрија.[5].

Во 1919 година, Витебск бил прогласен да стане дел од Советска Социјалистичка Република Белорусија, но набрзо подоцна бил префрлен во Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република а подоцна и во Литванско-Белоруската Советска Социјалистичка Република. Во 1924 година, градот бил вратен на Белоруската Советска Социјалистичка Република.

Thumb
Црквата „Св. Барбара“

Во текот на втората светска војна, градот бил под окупација на Нацистичка Германија (10 јули 1941 - 26 јуни 1944). Голем дел од стариот град бил уништен во битките помеѓу германските сили и војниците на црвената армија. Најголем дел од локалните Евреи загинале во масакрот во Витепското гето.

Независна Белорусија

Во јануари 1991 година, Витебск го прославил првиот фестивал посветен на Марк Шагал. Во јуни 1992 година, споменик на Шагал бил поставен на улицата Покровскаја каде што се наоѓа неговата родна куќа и меморијален натпис бил поставен на нејзиниот ѕид.

Од 1992 година, во Витебск годишно се одржува меѓународниот музички фестивал Славјански базар под покровителство на Владата на Белорусија. Главни изведувачи на фестивалот се музичари од Русија, Белорусија и Украина, како и гости од многу други држави. Во 1999 година, била отворена слободната економска зона „Витебск“. Градот ја изградил Палатата на зимски спортови и било извршено значително подобрување и проширување на градот. Главниот стадион и летниот амфитеатар биле реконструирани, железничката станица и другите историски места и објекти биле обновени, и биле изградени многу нови цркви и јавни објекти, заедно со изградбата на нови станбени области.

Атракции

Thumb
Градското собрание (1775)
Thumb
Катедрала на Пресвета Богородица

Градот ја има зачувано една од најстарите градби во државата: црквата Благовештение. Овој величествен шест-столбен објект датира од периодот на Киевскиот Рус, период во кој градот бил пагански и не припаѓал ниту на Украинската православна црква ниту на Руската православна црква. Таа е изградена во 1140 години како паганска црква, во 14. и 17. век била обновена во римокатоличка црква, била поправена во 1883 година и уништена од комунистичката управа во 1961 година. Остатоците од црквата биле зачувани до 1992 година, кога таа била обновена во својот првобитен изглед.[6]

Црквите од Полско-литванскиот период исто така биле уништени, иако црквата Воскресение (1772–77) била обновена. Праволавната катедрала, посветена на Богородица Марија, била изградена во 1760 година. Постојат исто така објектот на градското собрание (1775); руската гувернерска палата, во која Наполеон го прославил својот 43. роденден во 1812 година; римокатоличката катедрала изградена во неороманика (1884–85); и обелиск во чест на стогодишнинатата од руската победа над Наполеон.

Во Витебск се наоѓа челична телевизиска кула на која е поставен хоризонтален крст на кој е обезбедена антената. Оваа кула, која е висока 245 метри била изградена во 1983 година. Во градот исто така се наоѓаат музејот Марк Шагал и Витепскиот регионален музеј.

Движење на население

Повеќе информации Движење на бројот на население во Витебск (18-21 век) ...
Движење на бројот на население во Витебск (18-21 век)
Затвори

Клима

Витебск е најсеверен регионален центар во Белорусија, со местоположба меѓу 55—56 СГШ. Се одликува со умерено-континентална клима, со умерено топли лета (просечна јулска температура +17°, +20 °C) и умерено ладни зими (просечна јануарска температура −8°, −10 °C).

Повеќе информации Климатски податоци за Витебск, Месец ...
Климатски податоци за Витебск
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 10.4
(50.7)
10.9
(51.6)
19.1
(66.4)
28.5
(83.3)
32.5
(90.5)
32.2
(90)
34.7
(94.5)
37.8
(100)
30.1
(86.2)
24.6
(76.3)
15.0
(59)
10.7
(51.3)
37.8
(100)
Прос. висока °C (°F) −2.9
(26.8)
−2.6
(27.3)
2.9
(37.2)
11.6
(52.9)
18.5
(65.3)
21.4
(70.5)
23.5
(74.3)
22.2
(72)
16.2
(61.2)
9.5
(49.1)
2.1
(35.8)
−2.0
(28.4)
10.0
(50)
Сред. дневна °C (°F) −5.3
(22.5)
−5.5
(22.1)
−0.6
(30.9)
6.8
(44.2)
13.1
(55.6)
16.4
(61.5)
18.4
(65.1)
17.0
(62.6)
11.6
(52.9)
6.1
(43)
−0.1
(31.8)
−4.2
(24.4)
6.1
(43)
Прос. ниска °C (°F) −7.7
(18.1)
−8.5
(16.7)
−3.9
(25)
2.5
(36.5)
7.9
(46.2)
11.6
(52.9)
13.6
(56.5)
12.3
(54.1)
7.7
(45.9)
3.3
(37.9)
−2.1
(28.2)
−6.5
(20.3)
2.5
(36.5)
Најниска забележана °C (°F) −36.1
(−33)
−38.9
(−38)
−27.8
(−18)
−13.9
(7)
−4.0
(24.8)
−1.6
(29.1)
4.0
(39.2)
1.0
(33.8)
−4.0
(24.8)
−15.0
(5)
−24.0
(−11.2)
−35.0
(−31)
−38.9
(−38)
Прос. врнежи мм (ин) 51
(2.01)
45
(1.77)
46
(1.81)
36
(1.42)
57
(2.24)
86
(3.39)
82
(3.23)
83
(3.27)
66
(2.6)
62
(2.44)
55
(2.17)
55
(2.17)
724
(28.5)
Прос. бр. дождливи денови 8 6 9 13 16 17 17 14 16 17 14 10 157
Прос. бр. снежни денови 23 21 14 4 0.3 0 0 0 0.2 3 13 22 101
Прос. релативна влажност (%) 85 81 76 67 66 72 73 75 80 83 87 87 78
Извор: Pogoda.ru.net [7]
Затвори

Значајни личности

Thumb
Фестивалот Славјански базар во 2009 година.
  • Жорес Алферов (роден 1930 г.), физичар, добитник на Нобелова награда за физика во 2000 година
  • С. Ански (1863–1920), драматург
  • Марк Шагал (1887–1985), уметник
  • Тања Џиагилева (родена 1991 г.), модел
  • Леон Гаспард (1882–1964), уметник
  • Јозеф Гинцбург (1812–1878), руски финансиер и филантропист
  • Исер Харел (1912–2003), шеф на израелската разузнавачка служба
  • Лазар Хидекел (1904–1986), уметник, архитект
  • Лев Хидекел (1909—1977), архитект
  • Леон Кобрин (1873–1946), драматург
  • Марсело Коц (1918–2006), аргентински композитор
  • Сергеј Корниленко (роден 1983 г.), фудбалер
  • Лазар Лагин (1903–1979), писател
  • Ел Лисичцки (1890–1941), уметник
  • Јехуда Пен (1854–1937), уметник
  • Казимир Семенович (1600–1651), инженер, пионир на ракетната технологија
  • Џозеф Солман (1909–2008), американски сликар
  • Сајмон Струнски (1879–1948), автор во Њујорк
  • Имануел Великовски (1895–1979), психијатар/психоаналитичар и автор
  • Александер Веденски (1889–1946), религиозен водач

Извори

  • Шишанов В. (2007). Vitebsk Museum of Modern Art: history of creation and collection. 1918-1941. Minsk: Medisont. стр. 144. На руски. eastview.com Архивирано на 4 мај 2009 г.
  • Любезный мне город Витебск…. Мемуары и документы. Конец XVIII — начало XIX в. / Вступ. ст., науч., коммент., сост., публ. В. А. Шишанова. Мн.: Асобны Дах, 2005. 40 с.
  • Шишанов В. 947 или 914?[мртва врска] // Витебский проспект. 2005. №45. 10 нояб. С.3.
  • Изобразительное искусство Витебска 1918 - 1923 гг. в местной периодической печати : библиограф. указ. и тексты публ. / сост. В. А. Шишанов. - Минск : Медисонт, 2010. - 264 с.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.