From Wikipedia, the free encyclopedia
Југославија била административно поделена за време на кралството на покраини, области и бановини, а за време нафедерацијата на републики. Пониски управно-територијални единици биле окрузи (жупании), срезови (котари) и општини.
До април 1922 година, во кралството постоеле 7 привремени покраини:
Видовденскиот устава од 1921 година го воспоставил Кралството СХС како унитарна држава, и, од 26 април 1922 година, со 33 нови административни области се управувало од градот околу кој биле основани.. Нова поделба немала врска со претходната. Територијата била поделена на области:
|
|
|
Од 1929 година, по прогласувањето на Кралството Југославије, административно се дели на бановини:
Бановина Хрватска настанала во 1939 година со спојување на Приморска и Савска Бановина, со поедини делови пд Врбаската, Дринската, Зетската и Дунавската Бановина.
Во Втората светска војна, Кралството Југославија било окупирано и поделено меѓу силите на оската. Биле формирани 3 марионетски држави:
Другите делови на Кралството Југославија биле окупирани од германски, италијански, унгарски, бугарски и албански трупи на Оската.
СФРЈ била поделена на шест социјалистички републики и на две социјалистички автономни покраини кои биле дел од СР Србија. Главен град бил Белград. СФРЈ ја сочинувале следните републики и покраини:
Иако уставот на ФНРЈ од 1946 година изречно предвидувал окрузи, нивното постоење било доведено во прашање веќе со првиот Општ закон за народни одбори од 21 мај 1946 година, со тоа што членот 9 на тој закон утврдувал дека помалите републики не морале да имаат окрузи. Потоа сите четири републики кои имале окрузи одлучиле да ги укината со свои закони во текот на 1947 година. Но штом биле укинати окрузите, се осетил нивниот недостаток. Затоа Президиумот на Народното собрание не ФНРЈ на 24 март 1949 година пропишал основање на области во сите републики освен во Црна Гора, како и тоа дека автономните единици Војводина и Косови и Метохија нема да се делат на области. Меѓутоа, и областите биле со краток век, бидејќи биле укинати веќе во 1951 година.[1]
Пред 1955 година постоел дури 338 срезови (вклучени и градови), по што со републички прописи нивниот број бил смален на 107 срезови. Бројот и понатаму им се смалувал, па така на крајот на 1958 година имало 91 срез. На 1 јануари 1960 година имало 75 среза. Во 1957 година во НР Црна Гора биле укинати сите срезови (котари), а потоа, на 31 декември 1959 година, и во Автономната Косовско-метохиска Област. Во Автономната Покраина Војводина во исто време биле задржани само шест среза (котари). Остатокот срезови постепено престанал да постои од 1963 до 1967 година.
Срезовите набрзо, во 1974 година, биле заменети со заедници на општини односно меѓуопштински регионални заедници.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.