Абд-ар-Рахман III — емир и халиф на Кордоба во периодот од 912–961 година.

Кратки факти На престол, Крунисување ...
Абд-ар-Рахман III
Амир ал-муминин[1]
Thumb
Сребрен дирхам на Абд ал-Рахман III, искован во 335 хи
15-ти халиф на Омејадите
1-в халиф на Кордоба
На престол16 јануари 929 – 15 октомври 961
Крунисување16 јануари 929 (38)[2]
ПретходникСамиот себе како емир
НаследникАл-Хакам II
8-ми Емир на Кордоба
На престол16 октомври 912 – 16 јануари 929
Баја17 октомври 912 (21)[3]
ПретходникАбдулах
НаследникЕмиратство претворено во халифат
Роден(а)7 јануари 891(891-01-07)
Кордоба[4]
Починал(а)15 октомври 961(961-10-15) (возр. 70)[5]
Кордоба[6]
Почивалиште
Алказар[7]
ПридружникФатима Ал-Мундир[8]
Марџан[9] или Мурџан[10] (favorite)
ДецаСинови:[8]
Ал-ХакамII[10]
Абд ал-Азиз
Ал-Асбаг
Убајд Алах
Абд ал-Џбар
Абд ал-Малик
Сулејман
Абдула
Марван
Ал-Мундир
Ал-Мугира
Полно име
Абдурахман ибн Мухамед ибн Алах ибн Мухамед ибн Абдурахман ибн ел Хакам Рабди ибн Хишам ибн Абдурахман ад-Дахил
ДинастијаОмејади
ТаткоМухамед ибн Абдулах
МајкаМузна (Марија)[1]
Вероисповедислам [11]
Затвори

По смртта на халифот Абдулах (888-912) како негов наследник бил избран, неговиот внук Абд-ар-Рахман III (912-961). Емиратството кое го наследил не било обединето и се соочил со многу бројни внатрешни немири. Во многу кратко време Абд-ар-Рахман III успеал да го смени патот на настаните. Неговите успеси започнале со победата над племето Бануи во 917 година кога успеал да ја земе во своја власт Севиља. Абд-ар-Рахман ставил крај на бунтот кој го води Умар-ибн-Хафун, кој во своја власт ја имал Серанија де Ронда откако избегал од Бобастро.

Со постигнатите успеси Абд-ар-Рахман III создаал свое кралство и добил многубројни симпатизери. Во 929 година Абд-ар-Рахман III се прогласил за халиф што во превод значи „Принц на верниците“, најголемиот претставник од Господ на земјата, Абд-ар-Рахман III паралелно ја спојува политиката со религијата и истовремено прогласил независност на андалусите од Багдатскиот халифат.

Абд-ар-Рахман III продолжил со своите освојувања и во 932 година го зазел Толедо и пет години подоцнa во 937 г. исто така ја зазел Сарагоса. Во центарот на Алмерија воспоставил важна флота и својот освојувачки поход го продолжил заземајќи ја Мелилија во 927 г., Сеута во 931 г. и Тангер во 951 г., а во 920 година го поразил кралот од Навара, Санчо Гарсес I и четири години подоцна се наметнал над Памплона. Кралот Рамиро II од Леон го спречил во повторното воспоставување на границата со реката Дуеро во 939 г. По неговата смрт Абд-ар-Рахман го приклучил Леон во својата територија, како и Навара, Кастиља и Барселона, каде потпишале договор за мир и пријателство со Борел II од Барселона.

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.