Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јасер Арафат (4 август 1929 – 11 ноември 2004 ) — претседател на Палестинската ослободителна организација (1969–2004), претседател на Палестинската самоуправа (1993–2004) и еден од добитниците на Нобеловата награда за мир во 1994 година. За Палестинците Арафат е еден од најголемите херои и државници, додека Израелците го сметаат за терорист. Истата поделба постои и во светската јавност, во зависност од страната што се зазема во Израелско-палестинскиот конфликт.
Јасер Арафат е роден во Ерусалим. Како студент во Египет, во текот на Првата арапско-израелска војна учествувал во испраќањето оружје на своите сонародници. Во 1959, година во Кувајт го основа движењето Ал Фатах, кое од 1960-тите доминирало со Палестинската ослободителна организација.
Во 1982 година, за време на израелската инвазија на Либан, Арафат бил принуден да замине од Либан во Тунис. Во 1988 година, под американски притисок, го признал правото на постоење на Израел. За време на Заливската војна го поддржувал Ирак, а набрзо потоа започнал преговори со Израел, кои довеле до Договорот од Осло во 1993 година. Врз основа на тој договор е основана Палестинската самоуправа, чиј прв претседател станал Јасер Арафат.
Поради склучувањето на мировниот договор во Осло, во 1994 година, Арафат, заедно со Јицак Рабин и Шимон Перес, како главни промотори на Договорот од израелска страна, ја добил Нобеловата награда за мир.
Како претседател на Палестинската самоуправа, Арафат водел долги преговори со Израел околу трајниот статус и границите на идната палестинска држава, но тие преговори завршиле со неуспех во 2000 година, со избувнувањето на Втората интифада. Од почетокот на интифадата до неговата смрт, Арафат не поседувал вистинска политичка моќ и главно бил де факто заробеник на Израел поради одбивањето да замине во егзил.
Умрел од рак во ноември 2004 година, во една болница во преградие на Париз, откако еден месец претходно во својата резиденција во Муката се разболел од непозната болест. Арафат бил погребан во Рамала. Тогаш, причината за смртта не била откирена, а не била ниту извршена аутопсија на неговото тело. Неговата смрт побудила сомненија дека бил отруен од страна на израелската влада и затоа, во 2012 година, неговото тело било ексхумирано со цел да се испитаат причините за смртта. Анализата ја спровеле медицински лица од Франција, Русија и Швајцарија. Во октомври 2013 година бил објавен извештајот на швајцарските научници, кои ги извршиле форензичките истражувања, при што, по анализата на примерок од дамка крв, урина и плунка, најдени во ткивото од ребрата и бутовите, како и на облеката и четкичката за заби на Арафат, било откриено 18 пати повисоко ниво од нормалното на радиоактивниот елемент полониум 210. Според вештачењето, радиоактивниот елемент мора да бил произведен во атомски реактор, а отровот му го дал на Арафат некој од неговото блиско опкружување.[1][2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.