Remove ads
село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia
Ѕвегор или Звегор — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.
Ѕвегор | |
Панорама на селото | |
Координати 41°58′04″N 22°48′20″E | |
Регион | Источен |
Општина | Делчево |
Област | Пијанец |
Население | 685 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09010, 09510 |
Надм. вис. | 680 м |
Ѕвегор на општинската карта Атарот на Ѕвегор во рамките на општината | |
Ѕвегор на Ризницата |
Потеклото на името на селото е од старословенското *звѧгоръ, кое произлегува од *звѧгъ во старословенското звѧгѫ или звѧшти,[2] со значење проузведува звук или крешти, и додавката -ор како во гов-ор. Истозначни се руските зборови звягу̀̀ и звя̀гать, со значење „лае“ или „џавка“; украинското звя̀̀га, со значење „шум“; белоруското звя̀̀га, со значење „побојник“; како и литванските зборови žvèngti или žvèngiu, со значење „цивка“, „се кикои“, и žvàngeti, со значење „ѕвони“, „бучи“. Од исто потекло се и зборовите ѕвек и ѕвон.[3]
Ѕвегор се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Делчево, на западното подножје на планината Влаина, а неговиот атар се допира со државната граница со Бугарија. Селото е рамничарско и е сместено на надморска височина од 680 метри. Неговиот атар се простира на површина од 20,3 км2. Од Делчево е оддалечено 3,5 км.[4]
Селото се споменува во 1347 година под името „Звегорштица“.
Во почетокот на XX век, Ѕвегор било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Во 1944 година, за ослободување на Царево Село, во близина на селото се одржала голема битка, при што учествувале и доброволци од Горноџумајско.[5] Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[6]
Селото има полјоделско-шумарска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.036,3 ха, додека на обработливо земјиште отпаѓаат 623,4 ха, а на пасишта 222,9 ха.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ѕвегор живееле 355 жители, од кои 335 Македонци муслимани и 20 Роми.[7] По податоците на Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 616 жители, сите Македонци, од кои 563 муслимани и 53 православни, при што православното население се доселило од планинските села на Осогово за време на Првата балканска војна.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 900 Македонци и 150 Турци.[9]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 904 жители, од кои 899 Македонци и 5 Турци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 685 жители, од кои 604 Македонци, 1 Албанец, 1 Србин, 20 останати и 59 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Ѕвегор:[12]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Срби | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | 1.158 |
1953 | 356 | 0 | 937 | 1 | 1 | 6 | — | 1.301 |
1961 | 717 | 0 | 50 | 0 | 3 | 5 | — | 775 |
1971 | 820 | 0 | 12 | 0 | 1 | 4 | — | 837 |
1981 | 899 | 0 | 0 | 0 | 3 | 5 | — | 907 |
1991 | 941 | 0 | 0 | 0 | 2 | 1 | — | 944 |
1994 | 948 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | — | 949 |
2002 | 899 | 0 | 5 | 0 | 0 | 0 | — | 904 |
2002 | 604 | 1 | 0 | 0 | 1 | 20 | 59 | 685 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.
Од селото се иселил значителен број на население, а најголемите драстични демографски разлики се случиле во 1950-тите години, кога најголем дел од муслиманското население го напушта селото и се иселува во Турција.
Во селото има продавници и угостителски објекти.[4]
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.
Во селото постои избирачко место бр. 0587 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[14]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 825 гласачи.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 809 гласачи.[16]
Селото е познато по празнувањето на христијанските празници Илинден и Василица.
Еден од најстарите народни обичаи во пијанечкиот крај е обичајот со маски, познат под името „Сурова“.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.