Црква „Св. Јован Крстител“ - Ѕвегор
црква во селото Ѕвегор From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Remove ads
Свети Јован Крстител — главна селска црква во пијанечкото село Ѕвегор, а воедно и парохиски храм на Ѕвегорската парохија.[1]
Црквата е сместена во средишниот дел од селото, на десниот брег на реката Ѕвегор, спроти поранешната џамија од другата страна на реката.
Remove ads
Историја

Камен-темелник за изградба на црквата бил поставен на 2 август 2001 година[2] и истата била завршена во 2017 година. Објектот бил изграден со помош на донации од мештаните.[3]
Архитектура
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм и содржи приземје и кат на кој е сместен главниот простор на храмот. Куполата на храмот е со осумаголна основа и на секоја од осумте страни има по една монофора. Во продолжение на западниот ѕид е догадена припрата до која водат скали изградени од камени блокови, додека на источниот ѕид од градбата се истакнува осумаголната апсида. Храмот содржи влезна врата на јужниот ѕид која води до приземниот простор, додека на страничните ѕидови забележителни се неколку монофори. Влезната врата е дрвена и над неа има црно-бела икона на Јован Крстител. Приземјето од градбата е изградено од камени блокови, ѕидовите во висина на првиот кат од тули, а куполата од камен. Градбата не е фасадирана и е покриена со ќерамиди, а куполата има метален покрив над кој има крст.
Remove ads
Икони и фрески во иновативна техника
Внатрешноста на црквата содржи иконостас кој бил изработен рачно од ореово дрво од страна на прилепски мајстор и е со благослов од митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион. Иконите кои се изложени во црквата биле дигитално изработени во Пловдив и, според ктиторот на црквата, имаат двојно подолг рок на траење од обичните.[3]
Фреските се изработени од изведувачи од Пловдив, Бугарија со дигитално печатење на платно со стаклена прашина, а потоа нанесени на ѕидовите. Ова е првата црква во Македонија со ваков живопис.[4]
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads