From Wikipedia, the free encyclopedia
„What the Hell“ е песна од канадската пејачка-текстописец Аврил Лавињ. Песната е напишана од Лавињ, Макс Мартин, и Шилбек за нејзиниот четврт студиски албум, Goodbye Lullaby. Синглот е издаден во САД и Канада на 11 јануари 2011, како водечки сингл од албумот. Се има искачено на #1 во Јапонија во Топ 5 во Азија, Топ 10 во Европа, Австралија, Јужна Америка, Мексико, Канада, а во Топ 20 во САД искачувајќи се на #11. Песната има добиено голем број на позитивни мислења од критичарите и тие ја споредуваат со нејзината претходна песна „Girlfriend“ (2007).
„What the Hell“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Аврил Лавињ | |||||
од албумот Goodbye Lullaby | |||||
Страна Б | „Alice“ | ||||
Издаден | 10 јануари 2011 | ||||
Формат | ЦД сингл, музички даунлоад | ||||
Снимен | 2010; Маратон Студио (Стокхолм, Шведска) | ||||
Жанр | Поп панк,[1][2][3] поп рок,[4][5] поп[6][7] | ||||
Должина | 3:39 | ||||
Издавачка куќа | RCA | ||||
Композитор | Аврил Лавињ, Макс Мартин, Шилбек | ||||
Продуцент | Макс Мартин, Шилбек | ||||
Хронологија на синглови на Аврил Лавињ | |||||
|
Во ноември 2010, Лавињ изјавила преку блогот на нејзината официјална страница, дека нејзиниот четврт албум, Goodbye Lullaby, е готов една година и причината за одложувањето на издавањето на албумот била нејзината снимачка компанија. Таа во блогот кажала дека „What the Hell“ ќе биде првиот сингл од албумот.[6] Премиерата за песната била на 31 декември 2010 на Dick Clark's New Year's Rockin' Eve[8] која ја извела заедно со песната „Girlfriend“.[9] Лавињ ја опишала песната „What the Hell“ како „навистина интересна, песна за забави, па добро беше што за првпат ја изведов на 'New Year's Rockin' Eve.“[5] Следниот ден, „What the Hell“ можела да се спушти како бесплатен даунлоуд 48 часа од официјалната фејсбук страна на Аврил Лавињ.[10]
„What the Hell“ е брза поп панк,[1][2][3] поп рок,[4][5] и поп[6][7] песна, продуцирна од Макс Мартин. Тонот се движи 144 бита во минута и напишана е во А-дур скала. Гласот на Лавињ се движи од F♯3 до E5.[11] „What the Hell“ почнува со „ретро клавијатуристички риф“ и удари со раце.[4] Тоа што во песната имало клавијатура придонело таа да се спореди со гараж рок жанрот и бендот The Hives.[4][12] Песната вклучува гитари за време на рефренот.[4]
Иако Лавињ ја опишала песната како „широка порака за лична слобода“,[6] критичарите имаат неколку толкувања. Гил Кауфман од MTV.com рекол дека песната е за „декларација на самостојност од поранешна тин-ѕвезда која повторно се враќа на сцената“. Кауфман предложил и дека јавниот развод на Лавињ со пејачот на Sum 41, Дерик Вабли, заедно со судирите меѓу неа и нејзината компанија како една од можните теми.[4] Џоди Розен од Ролинг Стоун магазинот ја нарекол песната „химна за добра девојка... седење надвор до доцна, замена на момчиња и строга психолошка одмазда.“[12] Бил Лемб од About.com иато така предложил дека песната е за разводот меѓу Вабли и Лавињ, но рекол „песната остава значителен простор за интерпретација што додава и интрига.“[13] Хедер Мекдед од Stereoboard.com бил критичен за тоа што песната била за Вабли: „со ваква оптимистичка песна тешко е да се открие дали разводот е тема на предметот што го слушате.“[14] Холи Томас од Frost Magazine предложил дека Лавињ била „изгладнета од приврзаноста на оној кој навистина го сакала.“[15]
Лавињ ја опишала песната како „послична на песните од моите стари поп рок корени“,[5] нарекувајќи ја „најголемата поп песна на албумот“ и најмалку личната песна од албумот.[6]
Критичарите забележале сличности меѓу „What the Hell“ и претходниот сингл на Лавињ, „Girlfriend“.[4][13][15] Гил Кауфман на MTV.com рекол дека „What the Hell“ има „извонредна бодречка енергија“ и „заразен ритам и весела атмосфера“.[4] Џоди Росен од Роулинг Стоун магазинот изјавила дека „музиката е лесно една од најзаразните песни на Аврил“.[12] Мрежното место Идолатор ја опишал песната како „виновно задоволство“ и ја нарекол песната „видот на песни кои ги слушаме откако двапати проверуваме дали некој не нè лажe на нашиот Ај-под.“[1] Ник Левин од Digital Spy ѝ дал на песната совршен рејтинг. Тој објаснил дека Аврил е „повалкана од крпа фрлена во кантата на клиниката за грипови [но] таа го исфрла тоа.“ Левин додал дека „What the Hell“ не била „непореклива како“ како „Girlfriend“ но го пофалил рефренот на песната.[3]
Бил Лемб од About.com исто така ја пофалил песната, опишувајќи ја како „анимирана од типична неодолива мелодија на Макс Мартин, и, е слична на силата на нејзиниот #1 хит „Girlfriend,“ кој ве тера да ја пеете без разлика дали сакате или не.“[13] Хедер Мекдед од Stereoboard.com изјавил дека „не е револуционерно музичко парче но го опфаќа поп-рок звукот кој Аврил го создава преку годините“. Мекдед продолжил изјавувајќи дека е „дефинитивно песна која ја рефлектира постарата, поинтересната Аврил Лавињ .“[14] Холи Томас од Frost Magazine рекла дека на песната ѝ недостига зрелост и ја опишала како „иритирачка“,но ја пофалила песната за нејзиниот текст и тема.[15] Кристен Коучмен од Blogcritics едноставно рекла дека луѓето лесно можат да се поврзат со неа.[7]
Лемб, Мекдед и Томас се согласиле дека на некои песната може да им биде досадна.[13][15][14] Лемб рекол дека тоа можело да се случи поради мелодијата на песната.[13] Џонатан Киф од Slant Magazine бил повеќе позитивен: „Мартин е осигуран дека водечкиот сингл „What the Hell“ експлодира во убав ефект за време на рефренот „Сиот мој живот бев добра/Но сега мислам 'што по ѓаволите'“ кој звучи помасивен отколку што би требало“.[16] Енди Гринвалд од Entertainment Weekly бил речиси неутрален во својот преглед, но признал дека “Farfisa-наполнетиот What the Hell [ќе] ја поврати Лавињ на нејзинотот вистинско место со Кети Пери и Ke$ha во нивното сестринство“.[17] Стефен Томас Ерлевин од Allmusic ја сместил песната како една од најдобрите на албумот.[18]
Лавињ ја изведувала песната во живо неколкупати. Првата изведба била на Dick Clark's New Year's Rockin' Eve на 31 декември 2010/1 јануари 2011.[8] Таа ја изведувала на Daybreak (ОК) на 15 февруари 2011, на T4, на BBC Radio 1, на The View, на Jimmy Kimmel Live!, Walmart Soundcheck, на Jay Leno Show на 14 март 2011 и на Sunrise на 31 март 2011.[19]
„What the Hell“ за првпат се искачил во САД на Билборд Хот 100 на 19 јануари 2011 на тринаесетто место и на Билборд Хот Дигитални Песни на шесто место, со продадени преку 166.000 диигитални примероци.[20] Наредната недела, „What the Hell“ паднал на 31 место на Билборд Хот 100 во САД и на 22 место на Хот Дигитални Песни со регистрирани 77.000 продажби[21] но се искачил на 24 место на Билборд Хот 100 табелата и на 13 место на Хот Дигитални Песни табелата во третата недела, а во четвртата се искачил на 23 место. Во петтата недела, се искачил на 11 место на Билборд Хот 100. Наредната недела паднал на 13 место. „What the Hell“ продал преку 1.200.000 диигитални примероци во САД.[22] Песната за првпат се искачила на осмото место на табелата Канадски Хот 100. „What the Hell“ исто така се искачил и на четвртото место на табелата за Дигитални Песни во Канада, со 16.000 дигитални симнувања. Синглот станал третиот надобар деби сингл со денеска на Лавињ по „Girlfriend“ и „Keep Holding On“.[23] Песната се искачила во топ-четириесет Радио Песни, искачувајќи се на четириесеттото место; нејзиниот последен сингл кој се искачил на Радио табелите бил „When You're Gone“ (2007) на триесет и седмото место. „What the Hell“ го надмина врвот на Радио табелите кога се искачила на триесет и четвртото место, со што станала нејзината најпуштана песна на радио од „Girlfriend“ (2007).[24]
Синглот за првпат се искачил на Табелата за Синглови во Обединетото Кралство на 29 место на 23 јануари 2011, со што станал нејзиниот дванаесетти топ триесет хит на табелата. Кога вторпат се искачил на табелата, синглот паднал на 45 место, во третата недела на 32, а во осмата недела се искачил на највисоката позиција на 16 место.[25] Песната се искачила на #15 на Орикон во Јапонија и продала повеќе од 5.598 копии во првата недела. Синглот добил златна сертификација во Австралија во третата недела со 35.000 продадени копии, во шестата недела добил платинска сертификација со повеќе од 70.000 продадени копии, додека во 16 недела добил 2x Платина со повеќе од 140,000 продедени копии.[26]
Видеото, режирано од Маркус Рабој, започнува со Лавињ која лежи во кревет заедно со нејзиниот љубовник, кој го глуми Спенсер Хил. Таа оди до огледало, и се прска со нејзините два парфеми, Black Star и Forbidden Rose. Лавињ го заклучува својот љубовник во соба и ја напушта куќата. Таа оди по патот и краде едно такси. Додека нејзиниот љубовник ја брка качен на велосипед, таа излегува од таксито и тоа се удира во друг автомобил. Додека Лавињ игра на игралиште за кошарка во Sixth Street Viaduct, нејзиниот љубовник сè уште ја брка. Бегајќи од него ќе истрча во Abbey Dawn продавница. Мајката на Лавињ, Џуди, се појавува како камео. Лавињ потоа се качува на сцена и изведува со својот бенд. Таа скокнува во публиката и видеото завршува со Лавињ и нејзиниот љубовник повторно легнати во кревет. Видеото е снимано во 3D.
Видеото за првпат се појавило на телевизија на 23 јануари 2011,[27] на ABC Family и на музичкиот канал на Обединетото Кралство, 4Music.
The New York Post го критикувал видеото како прикриено огласување на Sony и Abbey Dawn.[28]
Извор:[34]
Табели
|
Сертификации
|
Регион | Датум | Куќа | Формат |
---|---|---|---|
Италија | 7 јануари 2011 | RCA Records | Дигитален даунлоуд, радио, ЦД сингл |
Франција[60] | 10 јануари 2011 | ||
Мексико | |||
САД[61] | 11 јануари 2011 | ||
Обединето Кралство[3] | 16 јануари 2011 | ||
Јапонија[62] | 2 февруари 2011 | Sony Music Japan | ЦД сингл |
Германија[63] | 25 февруари 2011 | RCA Records |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.