шкотска алтернативна рок-група From Wikipedia, the free encyclopedia
The Jesus and Mary Chain ― шкотска алтернативна рок-група основана во Ист Килбрајд во 1983 година. Групата ја основале браќата Џим и Вилијам Рид, кои се и единствени постојани членови на групата во целокупното нејзино постоење. Тие се сметаат за клучни фигури во развојот на поджанровите на алтернативната рок-музика: шугејзинг и нојс-поп.[7] За време на своето постоење групата имала дванаесет песни во топ-40 и две песни во топ-10 на топ-листата во Обединетото Кралство.
The Jesus and Mary Chain | |
---|---|
The Jesus and Mary Chain на концерт во Лос Анџелес во 2007 година | |
Животописни податоци | |
Потекло | Ист Килбрајд, Шкотска |
Жанрови | |
Период на активност | 1983–1999, 2007–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | themarychain.com |
Групата често го менувала составот. Во почетната постава браќата Рид ги ангажирале Даглас Харт на бас и Мареј Далглиш на тапани. По потпишувањето на договор со независната издавачка куќа Creation Records, тие го објавиле нивниот прв сингл „Upside Down“ (1984). Боби Гилеспи го заменил Далглиш како тапанар на групата, а нивниот прв албум Psychocandy бил објавен во 1985 година; албумот добил пофалби од критичарите. По издавањето на албумот, Гилеспи ја напуштил групата и основал своја група, Primal Scream. Најпродаван албум на групата во Обединетото Кралство бил нивниот втор албум Darklands, кој во 1987 година се искачил на 5-то место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство и на него била песната „April Skies“, која стигнала до осмо место во Обединетото Кралство. Групата во 1989 година го издала третиот албум Automatic, а од албумот биле издадени синглови со кои групата за прв пат се пласирала на топ-листите во САД („Blus from a Gun“ и „Head On“). Две години подоцна Харт ја напуштил групата.
The Jesus and Mary Chain потоа ги издале албумите Honey's Dead (1992) и Stoned & Dethroned (1994). Двата албума биле успешни во САД. Групата по десет години си заминала од издавачката куќа WEA, а потоа потпишала договори со Sub Pop Records за САД и со Creation Records за ОК за во 1998 година да го издадат албумот Munki. Групата се распаднала во октомври 1999 година како резултат на кавга на сцената на концерт во Лос Анџелес во септември 1998 година; Вилијам Рид предвреме ја напуштил турнејата откако се степал со пијаниот Џим Рид.[8] Групата повторно се обединила во 2007 година и во 2017 година го издала седмиот албум Damage and Joy; прв албум по 19 години. Следниот албум Glasgow Eyes бил издаден во 2024 година и станал нивен прв топ-10 албум во Обединетото Кралство од 1988 година.[9]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.