американска поп-рок група From Wikipedia, the free encyclopedia
The Bangles ― американска женска поп-рок група основана во Лос Анџелес во 1981 година. Неколку нивни песни се пласирале во топ-10 во САД во текот на 1980-тите, како: „Manic Monday“ (1986), „Walk Like an Egyptian“ (1986), „Hazy Shade of Winter“ (1987), „In Your Room“ ( 1988) и „Eternal Flame“ (1989). [1]
The Bangles | |
---|---|
The Bangles во 2012 | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како |
|
Потекло | Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Жанрови |
|
Период на активност | 1981–1989, 1998–сега |
Издавачи |
|
Мреж. место | thebangles.com |
Членови | |
Сузана Хофс Деби Петерсон Анет Жилинскас Вики Петерсон | |
Поранешни членови | |
Мајкл Стил |
Најпознатиот состав на групата се состоел од основачките членови Сузана Хофс (гитара и вокал), Вики Петерсон (гитара и вокал) и Деби Петерсон (тапани и вокал), со Мајкл Стил (бас и вокал).[2] [3] Во јуни 2018 година, членови на групата биле сестрите Вики и Деби Петерсон, Хофс и басистката и основач на групата Анет Зилинскас.[4]
Групата The Bangles е основана во Лос Анџелес, Калифорнија во 1981 година, прво под името The Supersonic Bangs, кое подоцна било скратено на The Bangs. Меѓутоа, група од Њу Џерси наречена „The Bangs“ се заканила дека ќе ги тужи, тие го смениле името во The Bangles.[5]
Членови на оригиналната постава на групата биле Сузана Хофс (гитара и вокал), Деби Петерсон (тапани, вокал и бас) и Вики Петерсон (гитара, вокал и бас). Оваа постава снимила сингл-плоча во 1981 година со две песни: Getting Out of Hand и Call on Me.
Следната година на групата ѝ се приклучила Анет Жилинскас како басист. Со Жилинискас, тие снимиле ЕП под наслов Bangles (1982). Во 1983 година Жилинскас ја напуштила групата и била заменета со Мајкл Стил, која претходно свирела во групата The Runaways.[6][7]
Прв студиски албум на групата бил All Over the Place, издаден во 1984 година. Албумот добил добри критики, а на спотот за песната „Liverpool“ се појавува Леонард Нимој, што на групата ѝ помогнало да стекне поголем публицитет.[8] Сето ова го привлекло вниманието на Принс, кој им ја понудил песната Manic Monday (првобитно напишана за неговата група Аppolonia 6). Со оваа песна стигнале до место бр. 2 на топ-листите во САД.
Во јануари 1986 година, групата го објавила вториот албум, Different Light, на кој биле вклучени песните Manic Monday и Walk Like an Egyptian, со кој групата забележила голем успех на сите радио станици и на MTV; албумот стигнал до второ место на Билборд 200.[9]
Во 1988 година го објавиле албумот под наслов Everything. Албумот бил продаден во мултиплатинест тираж, а на него се наоѓа и најпродаваниот сингл на Bangles, Eternal Flame.
Eternal Flame станал нивен најголем светски хит и најпродаван сингл од целосно женска група во историјата на музиката.[10] Хофс била гола кога ја снимала песната, откако претходно Сигерсон (продуцентот на албумот) ја убедил дека Оливија Њутн-Џон нејзините најдобри изведби ги снимала сосема гола.[11][12]
Меѓу членовите на групата се јавиле несогласувања откако медиумите од музичката индустрија почнале да ја издвојуваат Хофс како главна пејачка на групата. Всушност, должностите за пеење на албумите биле поделени меѓу членовите на групата, а секој член напишал или ко-пишувал песни. Групата се распаднала во 1989 година.[13][14] Хофс започнала со соло кариера, а Вики Петерсон била на турнеја како член на Continental Drifters и на Go-Go's.[15] Мајкл Стил се приклучила на групата Crash Wisdom, а додека Деби Петерсон се придружила на Siobhan Maher во краткиот проект наречен Kindred Spirit.
Бендот пополека почнал да се обединува во 1998 година,[16] и официјално се регрупирал за да сними песна за саундтракот од филмот Остин Пауерс: Шпионот кој ме легна, по налог на режисерот на филмот Џеј Роуч (кој се оженил со Хофс во 1993 година ).[17][18] Песната од тој албум „Get the Girl“ била објавена во 1999 година. Во 2000 година имале заедничка турнеја. Подоцна истата година, групата била примена во Куќата на славата на вокалните групи. Во текот на 2001 и 2002 година, тие го снимале албумот Doll Revolution, а бил издаден на почетокот од 2003 година.[19]
Во 2005 година, Мајкл Стил ја напуштила групата поради спорови околу турнеите и снимањето. Стил била заменета со басистката од нивните турнеи Аби Тревис.[20] Тревис била отпуштена во 2008 година.[21] [22]
Во септември 2011 година бил објавен албумот Sweetheart of the Sun, [23] при што групата повторно е трио, како и во нејзините почетоци. Песната Ana Lee (Sweetheart of the Sun) е најистакната песна од оваа продукција, која вклучува и две верзии на песни од други групи: едната направена од песната Sweet and Tender Romance, од британската женска група The McKinleys, од 1964 година, а другата од групата The Nazz: „Open my Eyes", од 1968 година, напишана од Тод Рандгрен.
Првата басистка Анет Жилинскас започнала да настапува со групата за одредени емисии во живо во 2014 година и повторно се приклучила на групата во 2018 година. Ова било прв пат првобитните четири основачи на Bangles да свират заедно од 1983 година.[4]
Студиски албуми
Year | Awards | Work | Category | Result |
---|---|---|---|---|
1987 | Британски музички награди | Самите | Најдобра меѓународна група | Победник |
Smash Hits Poll Winners Party | Најнадежен нов изведувач[24] | Номинација | ||
Американски видео награди | "Walk Like an Egyptian" | Најдобра изведба од група | Победник | |
МТВ Видео Музички Награди | Најдобро видео од група | Номинација | ||
Најдобра кореографија | Номинација | |||
1988 | "Hazy Shade of Winter" | Најдобро видео за филм | Номинација | |
Nickelodeon's Kids Choice Awards | Самите | Омилена музичка група | Номинација | |
Награди од конценртната индустрија Полстар | Следен поголем пополнувач на стадиони | Номинација | ||
1989 | Победници на анкетата на Smash Hits | Најдобра група[25] | Номинација | |
1990 | ASCAP Pop Music Awards | "Eternal Flame" | Најизведувана песна[26] | Победник |
2015 | She Rocks Awards | Самите | Награда за животно дело | Победник |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.