HD 188753

From Wikipedia, the free encyclopedia

HD 188753 — подреден систем со три ѕвезди приближно на растојание од 151 светлосна година во соѕвездието Лебед. Во 2005 година, беше објавено дека е забележана вонсончева планета во орбита околу главната ѕвезда (означена како HD 188753 А) во системот. Дополнителните набљудувања од независна група во 2007 година не го потврдија постоењето на планетата.[8]

Кратки факти Соѕвездие, Ректасцензија ...
HD 188753
Податоци од набљудување
Епоха J2000,0      Рамноденица J2000,0
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 19ч 54м &1000000000583717700000058,37177с[1]
Деклинација +41° 52 &1000000000017529800000017,5298[1]
Прив. величина (V) +7.43[2]
Особености
Спектрален тип A: G8V[3]
U−B Боен показател +0.42[2]
B−V Боен показател +0.79[2]
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)-23.5[4] км/с
Сопствено движење (μ) Рект: -51.32[1] млс/г
Дек.: 286.57 [1] млс/г
Паралакса (π)21.63 ± 0.65[1] млс
Оддалеченост151 ± 5 сг
(46 ± 1 пс)
Апсолутна величина (MV)4.17
Орбита[5]
ГлавнаHD 188753 A
ПридружникHD 188753 BC
Период (P)25.63 г.
Голема полуоска (a)0.2587"
(11.8 au)
Занесеност (e)0.502
Наклон (i)31.1°
Должина (Ω)45.7°
Перицентарска епоха (T)1988.1
Аргумент на перицентарот (ω)
(споредна)
233.3°
Полузамав (K1)
(главна)
4.8 км/с
Полузамав (K2)
(споредна)
3.4 км/с
Податоци
МасаA: 1.06 ± 0.07[6] M
B: 0.96 ± 0.05[6] M
C: 0.67 ± 0.05[6] M
ТемператураA: 5,750[3] K
Други ознаки
BD+41 3535, HIP 98001, SAO 48968, ADS 13125, WDS J19550+4152[7]
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
Затвори

Ѕвездени составници

Thumb
Орбитата на HD 188753 BC околу А

Примарната ѕвезда, HD 188753 А, е слична на Сонцето [9] со маса само за 6% поголема од сончевата и со ѕвездена класификација G8V.[3] Во орбита на растојание од само 12,3 ае [10] од примарната ѕвезда се наоѓа пар на помали ѕвезди кои орбитираат една околу друга со период од 156,0 ± 0,1 денови, и голема полуоска од 0,67 ае и занесеност од 0,1 ± 0,03. Проценетите маси на парот ѕвезди се 0,96 и 0,67 сончеви маси.[10] Тие кружат околу примарната ѕвезда за временски период од околу 25,7 години и орбитална занесеност од околу 0,50.[10] Растојанието на периастронот на оваа орбита е 6.2  ае.[8]

Можна планета

Во 2005 година беше објавено дека е забележан планетарен кандидат што кружи околу главната ѕвезда на системот од три ѕвезди. Оваа планета, која ја добила ознаката HD 188753 Ab, била објавена од страна на полски астроном кој работел во САД, д-р Маќеј Конацки.[9] Ова не би била првата позната планета во систем од три ѕвезди - на пример, планетата 16 Лебед Bb била забележана претходно во орбита околу една од составниците на широк троен систем, исто така, во соѕвездието Лебед.

Бидејќи се верувало дека HD 188753 Ab кружи околу ѕвезда во повеќеѕвезден систем, Конацки планетите на овој вид ги имеувал како „Татуински планети“, како родната планета на Лук Скајвокер.[11] Откривањето на оваа планета беше оспорено од страна на Егенбергер и сор.[8][12]

Планетарниот кандидат, жежок Јупитер малку помасивен од Јупитер, се сметало дека ја орбитира ѕвездата HD 188753 А еднаш на секои 80 часа или околу (3,3 дена), на растојание од околу 8 милиони километри, на дваесеттина од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето. Постоењето на HD 188753 Ab во релативно близок систем од три ѕвезди ги предизвика постоечките модели за создавање на планетите. Сегашната идеја е дека џиновските планети се создаваат во надворешните делови на нивниот систем (во орбити слични на оние на Јупитер и Сатурн ). Откако ќе се создадат, некои од овие планети можат да мигрираат блиску до нивните ѕвезди, станувајќи жешки Јупитери. Теоретската потешкотија во разбирањето на HD 188753 Ab е дека секој протопланетарен диск би бил ограничен на околу 1 астрономска единица од основната ѕвезда (поради присуството на секундарните ѕвезди). Па така планетата во системот не би можела да се создаде толку блиску до примарната ѕвезда, а и не може подалеку од 1 астрономска единица поради отсуството на материјал и да мигрира навнатре кон ѕвездата.[13] Една од можностите укажуваше дека планетата се создала пред секундарните ѕвезди да ја достигнат нивната тековна конфигурација. Ова укажува на тоа дека двет секундарни ѕвезди биле уште подалеку отколку што се сега.

Обидот да се потврди откривањето не планетата било неуспешно. Во 2007 година, екипата од Женевската опсерваторија изјави дека тие поседуваат доволно голема прецизнос за да ја забележат потенцијалната планета но не биле успешни во потрагата.[8] Конацки на ова изјавил, дека прецизноста на дополнителните мерења не била доволна за да го потврди или негира постоењето на планетата и дека планира да објави дополнителни истражувања во 2007 година.[12] Но до ден денес, не се објавени никакви дополнителни податоци.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.