Во текот на овој век Римското Царство се наоѓала во криза, што го означило почетокот на доцната антика.[1] Во Персија, Партијската империја била наследена од Сасанидското Царство.[2] Во Индија, Кушанско Царство била заменета со империјата Гупта.[3] Кина се наоѓала во периодот на Трите кралства.[4]Хунну ја формирале државата Сја под водство на Лиу Кубеи. Во Кореја владееле Трите кралства на Кореја. Јапонија била во периодот Кофун. Во југоисточна Азија постоеле група на слабо поврзани држави, наречени со заедничко име Фунан.
Во преткокумбовска Америка, културата Адена од долината на реката Охајо пропаднала, за на нејзино место да се развие Хоупвелската култура. Цивилизацијата на Маите во Средна Америка навлегла во својата класична ера.
По смртта на царот Комод кон крајот на II век, Римското Царство била втурната во граѓанска војна.[1] По завршетокот на војувањата, на престолот на империјата седнал царот Септимиј Север (193 – 211г.), кој бил основоположник на династијата Севери.[1] За разлика од претходните римски цареви, тој отворено ја користел армијата за да го зајакне својот авторитет, а за таа цел ги наградувал со високи плати. Како резултат на тоа, режимот што тој го создал е познат како Воена монархија. Системот се распаднал во 230-тите години, по што следел турбулентен педесетгодишен период познат како Воена анархија или Кризата од третиот век. Овој период започнал со атентатот на 28-годишниот император Александар Север (222 – 235г.) (последниот император на династијата Севери), а по него на власт се смениле дваесет цареви, од кои секој траел само неколку месеци. На мнозинството од овие цареви или им бил извршен атентат или биле убиени во тек на воени походи, а империјата речиси пропаднала под тежината на политичките нереди и зголемената персиска опасност на исток. Под новите Сасанидски владетели, Персија прераснала во соперничка велесила, па Рим морал да направи драстични реформи со цел подобро да се подготви за конфронтација со овој соперник. Овие реформи конечно биле реализирани кон крајот на 3 век, во текот на владеењето на царот Диоклецијан (284 – 305г.).[1] Една од реформите била да се подели империјата на источна и западна половина, а секоја од нив да има посебен владетел.
Ран 3 век - Погребувањето во катакомби станало честа практика.
208: Се одвивала кинеската поморска Битка кај црвените клифови.
Кочијата насочена кон југ, механички уред на тркала кој делува како компас за насока, била изум на кинескиот инженер Ма Јун.
Чуг Лианг го пронашол летечкиот фенер - мал балон направен од хартија, со отвор на дното каде гори слаб оган кој го крева балонот во воздух. Се смета дека на почетокот се користел за воено сигнализирање.
Повторувачкиот самострел или полуавтоматскиот самострел била подобрена верзија на модел кој првпат се појавил за време на Периодот на завојуваните држави.
Според некои извори Чуг Лианг измислил примитивен модел на мина.