’Ржаново (Кавадаречко)
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
’Ржаново — раселено село во Општина Кавадарци, во областа Мариово, во околината на градот Кавадарци.
За други значења на поимот, погл. ’Ржаново.
’Ржаново | |
![]() Поглед на истоимениот рудник | |
Координати 41°10′10″N 21°59′30″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Мариово |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1437 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 990 м |
’Ржаново на Ризницата |
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во високиот јужен дел од Општина Кавадарци, а чиј атар се издига високо и се допира со државната гранична линија со Грција.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 990 метри.[2]
За селото не била водена посебна катастарска евиденција.[2]
Во атарот на селото на самиот пат Мрежичко-Мајден се наоѓала голема рударска населба со бараки, од која денес се останати само остатоци, како и ’Ржановскиот манастир.[3]
Историја
Во XIX век, ’Ржаново било дел од нахија Рожден во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Во рамките на атарот на селото се наоѓа истоимениот рудник, од кој до 2013 година се ископувала руда за потребите на комбинатот „Фени“ од Кавадарци.
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Селото е мало и во фаза на наполно раселување. Тоа во 1971 година броело 20 жители, а во 1994 година само двајца жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото ’Ржаново немало жители.[4] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Конопиште.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачко место бр. 0712 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Мајден, ’Ржаново и Рожден, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.[10]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 45 гласачи.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 43 гласачи.[12]
Личности
Личности родени во 'Ржаново:
- Богдана Велкоска — учесник во НОВ на Македонија
Културни и природни знаменитости
- Цркви[3]
- Црква „Св. Петар“ — главна манастирска црква
- Манастири
- ’Ржановски манастир — изграден во рударската населба
- Реки[13]
- Ендемски видови
- Кавадаречки различник — ендемит во флората на Македонија од групата на сложеноцветните растенија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.