Шнеберг (Саксонија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шнеберг (германски: Schneeberg) — град во саксонскиот округ Рудни Планини. Има околу 16.400 жители и припаѓа на градската лига на Зилберберг (Städtebund Silberberg). Се наоѓа 4 километри западно од Ауе и 17 километри југоисточно од Цвикау.
Шнеберг | |
Панорама на Шнеберг | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Рудни Планини |
Градоначалник | Фридер Штимпел (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 23,35 км2 |
Надм. височина | 470 м |
Население | 13.994 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 599 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | ERZ |
Пошт. бр. | 08289 |
Повик. бр. | 03772 |
Портал | www.schneeberg.de |
Местоположба на градот Шнеберг во рамките на округот Рудни Планини | |
Координати | 50°35′39″N 12°38′44″E |
Шнеберг се наоѓа на Сребрениот пат во горните западни Рудни Планини. Оддалеку е видлива црквата St. Wolfgangskirche. Градското јадро Шнеберг, која достигнува 470 метри надморска височина и исто така именик на градот. Меѓу соседните врвови се Глесберг (593 м) на исток и Кајлберг (557 м) на север.
Долгата историја на Шнеберг била обликувана од рударството, повеќе отколку од сè останато, поставувајќи ги основите за основање на градот. Првичните рудници за сребро, се надополниле со тие за кобалт и бизмут откопувани од средината на 16 век. Кога ископувањето на ураниум започнало помеѓу 1946 и 1958 година, населението во градот брзо се зголемило, што довело до добивање на статусот на слободен град (kreisfreie Stadt) помеѓу 1952 и 1958 година. Потоа, повторно припаѓал на округот Ауе.
Движење на населението во градот (од 1960 на 31 декември):
|
|
|
1 29 октомври
2 31 август
Црквата Св. Волфганг е една од најголемите и архитектонски најзрела црква изградена во готски стил и е ран тип на изградба на црква пред реформацијата. Внатре има дела од Лукас Кранах Постариот и од сликарското семејство Кродел, кому им била посветена фонтаната Krodel-Brunnen, срушена на крајот од 2005 година.
Меѓу другите знаменитости се и неоготското Градско собрание, новоизградено во средината на XIX век, различни барокни згради и рударски споменици.
Во Шнеберг завршува Bundesstraße (сојузен автопат) 93 од Лајпциг, кој некогаш водел понатаму, низ границата со Карлсбад (сега Карлови Вари во Чешка). Исто така, Bundesstraße 169 поминува низ градот од Плауен до Кемниц.
Од 1859 до 1952, градот имал железничка врска обезбедена со помошна линија на железничката линија Цвикау-Шварценберг-Јохангеоргенштат-Карлсбад.
Шнеберг до 31 март 2008 бил седиште на Gebirgsjägerbataillon („Баталјон Планински ренџери“) 571 и Versorgungskompanie („Единицата за снабдување“) 370 на Бундесвер.
Шнеберг има на располагање културен клуб, од кој пораснала гимназијата. Покрај тоа, градот е дом на текстилно училиште, уметничко училиште, стручна гимназија и висока школа за наставници. Гимназијата Јохан-Готфрид-Хердер во Шнеберг во 2004-2005 била избрана како „најдобра гимназија во Саксонија“ поради програмата на учење од списанието „Капитал“. Таа ужива голем углед дури и надвор од границите на Германија.
Збратимени градови на Шнеберг се:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.