Remove ads

Шмалкалден-Мајнинген (германски: Landkreis Schmalkalden-Meiningen) — округ (Landkreis) во западниот дел на сојузната покраина Тирингија, Германија. Се граничи со (од северозапад во надесно) окрузите Вартбург, Гота, Илм, слободниот град Зул, округот Хилдбургхаузен, баварскиот округ Рен-Грабфелд и округот Фулда во Хесен.

Кратки факти Шмалкалден-МајнингенLandkreis Schmalkalden-Meiningen, Земја ...
Шмалкалден-Мајнинген
Landkreis Schmalkalden-Meiningen

округ
Thumb
Thumb
Земја Германија
ПокраинаТирингија
СедиштеМајнинген
Површина
  Вкупна1.251,20 км2 (48,310 ми2)
Население (31 декември 2022)[1]
  Вкупно123.939
  Густина0,99/км2 (2,6/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.SM, MGN
Мреж. местоwww.lra-sm.de
Затвори
Remove ads

Историја

Округот главно е сместен на територијата на поранешното војводствот Саксо-Мајнинген (дел од округот Мајнинген) и на поранешната област Шмалкалден. Округот како административна единица потекнува од 1994 година, кога бил создаден од претходните окрузи Шмалкалден, Мајнинген и (делумно) Зул, кои биле создадени за време на Источна Германија.

Општината Калтенордхајм преминала од округот Вартбург во Шмалкалден-Мајнинген на 1 јануари 2019 година.

Географија

Главна река во Шмалкалден-Мајнинген е реката Вера. Теренот во округот главно е планински, каде доминираат Рен и Тириншката Шума. Планинската патека „Ренштајг“ (Rennsteig) поминува низ округот. Областа околу Оберхоф е познат зимски скијачки центар.

Грб

Thumb Грбот на Шмалкалден-Мајнинген ги покажува симболите на грбовите на трите претходни окрузи, кои исто така ги прикажуваат историските држави кои постоеле на територијата на округот. Петелот во горниот лев дел потекнува од грбот на грофовите на Хенберг. Стои на три зелени ритчиња, кои потсетуваат на ридовите и планините во областа. Лавот на Хесен се појавува во горниот десен дел, бидејќи Хесен ја контролирал областа од 1360 до 1866. Знамето во долниот лев дел потекнува од грбот на округот Мајнинген и потекнува од грбот на градот Вирцбург. Принц-бискупите на Вирцбург го поседувале Мајнинген во минатото. Грбот на Саксонија во долниот десен дел потсетува на војводството Саксо-Мајнинген, кое постоеле од 1680 до 1918.

Градови и општини

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Remove ads

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.

Remove ads