Шаховскиот турнир во Вајк ан Зе — еден од најсилните шаховски турнири. Се одржува секоја година, најчесто во јануари, од 1937 (со исклучок во 1945, кога не е одржан). До 1967, турнирот се одржувал во градот Бевервијк, Холандија, а од наредната 1968 во Вајк ан Зе.
Од 1946 година, турнирот официјално се именувал како „Турнир Хоговенс“ (холандски: Hoogovenstoernooi) по името на компанијата-спонзор, холандскиот металуршки концерн „Хоговенс“. Во 1999 година, компанијата се обедини со компанијата British Steel, при што се создаде новата компанија Corus Group, па со оглед на тоа што новосоздадената компанија продолжи да го поддржува турнирот, турнирот се нарекуваше „Турнир Корус“ (англиски: Corus Chess). Во 2011 година, турнирот повторно го променил официјалното име во „Турнир Тата стил“ по името на индиската компанија Tata Steel, која во 2007 година ја презела групацијата Корус. Сепак, многумина неофицијално турнирот го нарекуваат според името на градот во кој се одржува.
На турнирот нучествувале многу познати шахисти, а од 1938 како победници се јавиле многу големи имиња во светот на шахот, како: Макс Еве, Бент Ларсен, Тигран Петросјан, Паул Керес, Ефим Гелер, Лајош Портиш, Борис Спаски, Михаил Ботвиник, Михаил Таљ, Виктор Корчној, Јан Тиман, Анатолиј Карпов, Владимикр Крамник, Гари Каспаров, Вишванартан Ананд и Веселин Топалов. Всушност, од светските шампиони по Втората светска војна, на оваа листа ги нема само имињата на Василиј Смислов и Боби Фишер. Во 2001, на турнирот учествуваа 9 од најдобрите 10 шахисти во светот.
Магнус Карлсен е шахистот со рекордни 8 победи на турнирот. Вишванатан Ананд победил 5 пати, а Макс Еве, Лајош Портиш, Виктор Корчној и Левон Аронјан победиле на турнирот по 4 пати.
Историја на турнирот
Хоговенс Бевервијк
Статии од категоријата Шах |
---|
Основи |
---|
Теорија |
Отворање · Средишница |
Натпреварувања |
Олимпијада |
Организации |
ФИДЕ · ПША |
Списоци |
Поими · Книги · Партии |
Првите неколку турнири биле мали, со 4 натпреварувачи во 1938, кои биле Холанѓани..
Првите 5 турнири биле исти, а турнирот се одржувал во почетокот на јануари.
Во 1943 и 1944, на турнирот учествувале 8 шахисти. Во 1945, турнирот не се одржал поради Втората светска војна. Првиот меѓународен турнир се одржал во 1946. Бројот на натпреварувачи изнесувал 10. На турнирот биле поканети Алберик ОќКели де Галвај (Белгија) и Госта Столц (Шведска), кои им се пруидружиле на осуммината холандски шахисти. На турнирот настапувале 10 шахисти, сѐ до 1953, кога бројот пораснал на 12, а исто така бил одржан и турнир во женска конкуренција. Во 1954, бројот на натпреварувачи се вратил на 10, но моќта на шахистите буила неспорно поголема. Во 1963, учествувале 18 шахисти, а во 1964 16. Турнирот станал најсилниот шаховски турнир во светот.
Турнирот во 1946 бил еден од првите европски шаховски турнири по Втората светска војна. Храната претставувала проблем во Европа, па на турнирот се организирала причест на која се служела чорба од грашок. Ваквата причест продолжила и во наредните години, а останала традиција и по преместувањето на местото на настанот од Бевервијк во Вајк ан Зе.
Победници на турнирот
„Турнир Хоговенс“ Бевервијк
Година | Победник | Земја |
---|---|---|
1938 | Фиип Бакер | Холандија |
1939 | Николас Кортлевер | Холандија |
1940 | Макс Еве | Холандија |
1941 | Артур Вејнанс | Холандија |
1942 | Макс Еве | Холандија |
1943 | Арнолд ван ден Хук | Холандија |
1944 | Тео ван Схелтига | Холандија |
1946 | Алберик О'Кели де Голвеј | Белгија |
1947 | Тео ван Схелтига | Холандија |
1948 | Лудевијк Принс | Холандија |
1949 | Савели Тартаковер | Франција |
1950 | Јан Хејн Донер | Данска |
1951 | Херман Пилник | Аргентина |
1952 | Макс Еве | Холандија |
1953 | Николас Росолимо | Франција |
1954 | Ханс Боувмеестер Васја Пирц | Холандија СФР Југославија |
1955 | Борислав Милиќ | СФР Југославија |
1956 | Гидеон Шталберг | Шведска |
1957 | Александар Матановиќ | СФР Југославија |
1958 | Макс Еве Јан Хејн Донер | Холандија Холандија |
1959 | Фридрик Олафсон | Исланд |
1960 | Бент Ларсен Тигран Петросјан | Данска СССР |
1961 | Бент Ларсен Борислав Ивков | Данска СФР Југославија |
1962 | Петар Трифуновиќ | СФР Југославија |
1963 | Јан Хејн Донер | Холандија |
1964 | Паул керес Иво Неѕ | СССР СССР |
1965 | Ефим Гелер Лајош Портиш | СССР Унгарија |
1966 | Лав Полугаевски | СССР |
1967 | Борис Спаски | СССР |
„Турнир Хоговенс“ Вајк ан Зе
„Турнир Корус“ Вајк ан Зе
Година | Победник | Земја |
---|---|---|
2000 | Гари Каспаров | Русија |
2001 | Гари Каспаров | Русија |
2002 | Евгени Бареев | Русија |
2003 | Вишванатан Ананд | Индија |
2004 | Вишванатан Ананд | Индија |
2005 | Петар Леко | Унгарија |
2006 | Веселин Топалов Вишванатан Ананд | Бугарија Индија |
2007 | Веселин Топалов Левон Аронјан Тејмур Раџабов | Бугарија Ерменија Азербејџан |
2008 | Магнус Карлсен Левон Аронјан | Норвешка Ерменија |
2009 | Сергеј Карјакин | Украина |
2010 | Магнус Карлсен | Норвешка |
„Турнир Тата стил“ Вајк ан Зе
Година | Победник | Земја |
---|---|---|
2011 | Хикару Накамура | САД |
2012 | Левон Аронјан | Ерменија |
2013 | Магнус Карлсен | Норвешка |
2014 | Левон Аронјан | Ерменија |
2015 | Магнус Карлсен | Норвешка |
2016 | Магнус Карлсен | Норвешка |
2017 | Весли Со | САД |
2018 | Магнус Карлсен | Норвешка |
2019 | Магнус Карлсен | Норвешка |
2020 | Фабијано Каруана | САД |
2021 | Јорден ван Форест | Холандија |
2022 | Магнус Карлсен | Норвешка |
2023 | Аниш Гири | Холандија |
2024 | Веј И | НР Кина |
Надворешни врски
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.