Чемерско
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
Чемерско — село во Општина Кавадарци, во областа Бошава, во околината на градот Кавадарци.
Чемерско | |
Куќи во селото | |
Координати 41°17′30″N 22°08′30″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Бошава |
Население | 17 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1437 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 11046 |
Надм. вис. | 670 м |
Слава | Голема Богородица |
Чемерско на општинската карта Атарот на Чемерско во рамките на општината | |
Чемерско на Ризницата |
Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, од десната страна на реката Бошава.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 670 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 24 километри.[2]
Атарот зазема површина од 18,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 787 хектари, на пасиштата отпаѓаат 582 хектари, а на обработливото земјиште 283 хектари.[2]
Селото се наоѓа на пространа тераса, која е пресечена со повеќе долови, десни притоки на реката Бошава, во подножјето на планината Кожуф. Има овален облик. Било поделено на Горно и Долно Маало.[3]
Селото било доста старо, но по одреден зулум било раселено. Во XVIII век го презеле беговите и тука се населиле чифчии.[3]
Во XIX век, Чемерско било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото има мешовита земјоделска функција.[2]
Селаните живееле од земјоделство. До 1908 година биле чифчии, а потоа станале слободни. Долното маало било држено од Пашовци од Тремник, а Горното маало од криволачки Емин-ага.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Чемерско имало 418 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чемерско имало 520 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]
Во селото живее македонско население, коешто во 1961 година броело 358 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на само 17 жители, од кои 16 биле Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Чемерско имало 20 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 16 Македонци и 1 лице без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 418 | 520 | 548 | 509 | 358 | 187 | 51 | 24 | 17 | 20 | 17 |
Како родови во Чемерско се споменуваат:[3]
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Конопиште.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бохула, во која влегувале селата Бохула, Радња и Чемерско.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Крњево, во која покрај селото Чемерско се наоѓале селата Барово, Бохула, Бунарче, Горна Бошава, Долна Бошава, Конопиште, Крњево, Радња, Страгово и Стрмашево.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0708 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Бохула, Радња и Чемерско, кое е сместено во зграда на подружницата „Бор“ во селото Бохула.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[15]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.