Црник
село во Општина Пехчево From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Пехчево From Wikipedia, the free encyclopedia
Црник — село во Општина Пехчево, во областа Пијанец, во околината на градот Пехчево.
Црник | |
Сретселото во Црник | |
Координати 41°50′58″N 22°54′6″E | |
Регион | Источен |
Општина | Пехчево |
Област | Пијанец |
Население | 571 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2326 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 01015 |
Надм. вис. | 860 м |
Црник на општинската карта Атарот на Црник во рамките на општината | |
Црник на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Пијанец, во северниот дел на територијата на Општина Пехчево, чиј атар се допира со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото се наоѓа на надморска височина од 860 метри.[2]
Атарот е голем, кој зафаќа простор од 33 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 1.189 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.043 хектари, а на шумите 851 хектар.[2]
Во XIX век, Црник било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Црник имало 1.600 жители.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци и 100 Турци.[5]
Црник во 1961 година имало 978 жители, од кои 520 биле Турци, 332 Македонци и 13 жители Срби. Во 1994 година бројот малку се намалил, поточно на 752 жители, од кои 331 Турчин, 231 Ром и 188 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Црник живееле 707 жители, од кои 103 Македонци, 326 Турци, 267 Роми, 4 Срби и 7 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 571 жител, од кои 51 Македонец, 248 Турци, 224 Роми, 3 Срби, 1 останат и 44 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е прикажано движењето на вкупното население и етничка припадност во Црник:[8]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Срби | Ост. | Лица без под. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | 1.107 |
1953 | 353 | 0 | 775 | 52 | 4 | 43 | — | 1.227 |
1961 | 332 | 0 | 520 | — | 13 | 113 | — | 978 |
1971 | 510 | 0 | 387 | 8 | 2 | 39 | — | 946 |
1981 | 284 | 0 | 386 | 239 | 0 | 18 | — | 927 |
1991 | 207 | 0 | 362 | 289 | 1 | 10 | — | 869 |
1994 | 188 | 1 | 331 | 231 | 0 | 1 | — | 752 |
2002 | 103 | 0 | 326 | 267 | 4 | 7 | — | 707 |
2021 | 51 | 0 | 248 | 224 | 3 | 1 | 44 | 571 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
Селото влегува во рамките на Општина Пехчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пехчево.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Црник, во која единствено село било Црник.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Пехчевска градска општина, во која покрај селото Црник се наоѓале градот Пехчево и селата Будинарци, Митрашинци, Негрево, Робово, Умлена и Чифлик.
Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.
Во селото постои избирачко место бр. 0024 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 632 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 599 гласачи.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.