Киселица (Делчевско)
село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia
Киселица — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.
Киселица | |
Куќи во селото | |
Координати 42°01′03″N 22°45′06″E | |
Регион | Источен |
Општина | Делчево |
Област | Осоговија |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09013 |
Надм. вис. | 710-870 м |
Киселица на општинската карта Атарот на Киселица во рамките на општината | |
Киселица на Ризницата |
Киселица се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Делчево, а неговиот атар се допира со државната граница со Бугарија. Селото е ридско-планинско и од разбиен тип, а неговите маала се сместени на надморска височина од 710-870 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 10,5 км2. Од Делчево е оддалечено околу 15 км.[2]
Во почетокот на XX век, Киселица било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]
Селото има мешовита земјоделска функција. Обработливото земјиште во селскиот атар зафаќа површина од 373 ха, пасиштата се на површина од 343 ха, а на шуми отпаѓаат 250 ха.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Киселица живееле 122 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото имало 144 жители Македонци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]
На пописот од 2002 година, селото имало 35 жители, од кои 34 Македонци и 1 Србин.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 122 | 144 | 553 | 423 | 435 | 266 | 167 | 76 | 78 | 35 | 3 |
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија.
Во селото постои избирачко место бр. 0598 според Државната изборна комисија, кое е сместено во здружениот дом.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 19 гласачи.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[14]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.