From Wikipedia, the free encyclopedia
Црвената буква (англиски: The Scarlet Letter) - роман на американскиот писател Натаниел Хоторн од 1850 година.
Романот се состои од вовед со наслов „Царинарница“ и 24 глави:
Романот „Црвената буква“ претставува најдобар пример на книжевната постапка на Хоторн: порокот води кон натамошни пороци, а тие водат кон пропаст на човечката психа; неумереноста води кон кршење на моралните правила; љубомората предизвикува физичка и душевна грдотија; неодлучноста и стравот водат до душевна агонија. Главните ликови во романот се: Естер Прин, Роџер Чилингворт и Артур Димесдел. Естер е силен лик, жена која направила грев и која поради тоа е осудена на доживотен срам, но наспроти тоа, таа стекнува нова сила, независност на духот и, со текот на времето, општо признание и почит. Нејзината буква А постепено се претвор од симбол на гревот во симбол на напатена, но слободна душа која сфаќа дека ќе дојде време кое „ќе ги постави сите односи меѓу мажот и жената на сигурната основа на заемната среќа“. Наспроти неа, двата главни машки лика, Чилингворт и Димесдел, се движат во спротивна насока: кај нив, гревот го ослабува карактерот и ја нагрдува психата. Така, на почетокот од романот, Естер е прикажана како грешничка, но постепено таа се претвора во безгрешно суштество, додека нејзиниот поранешен сопруг паѓа во сè подлабок грев. Своето научно знаење тој го става во служба на сатанската омраза која уништува наместо да лечи. Оттука, за него нема спас, зашто ја преминал етичката граница, завлекувајќи се во душата на својата жртва. Свештеникот Димесдел, кој го носи истиот грев како Естер, ја нема нејзината карактерна цврстина и станува лицемер кој почнува да се мрази себеси. Неговиот спас доаѓа дури откако неговиот непријател му ја уништува душата и откако му е замрачен разумот. Во триаголникот Естер-Чилингворт-Димесдел дејствува и четвртиот фактор - пуританското општество во чија сенка се одвива целата фабула. Тоа ја претставува сцената на која се манифестираат два конфликта: еден меѓу природните импулси и совеста, а другиот меѓу поединецот и средината. Кршејќи ги законите на етиката и на својата душа, ликовите во романот ги кршат и општествените закони. Вистинската сила на романот лежи во тоа што покрај психолошката анализа на поединецот, со посредна, алегорична постапка, авторот го испитува и општеството. На тој начин, главната тема во романот не е само гревот со неговите последици, туку односот меѓу поединецот на општеството и неговите конвенции.[6]
Врз основа на романот, во 1973 година бил снимен истоимениот германски филм (германски: Der scharlachrote Buchstabe) во режија на Вим Вендерс.[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.