From Wikipedia, the free encyclopedia
Сатаната (хебрејски: שָּׂטָן = „непријател“ или „противник“;[1] арап. شيطان = „заведе“, „далечни“ или „ѓаволот“) е карактер кој се појавува во Аврамските религии и којшто носи злоба и искушение, а исто така е познат како измамник кој ги води луѓето по погрешен пат. Некои религиски групи веруваат дека тој прво бил ангел кој паднал поради неговата гордост, дека ги заведувал луѓето во лаги и гревови, и дека ја има власта во пеколот. Во хебрејската Библија и во Новиот завет, Сатаната е обвинител и спротивник, злонамерен ентитет, исто така наречен и ѓавол, кој има лоши одлики. Иако сатаната е главно перципиран како негативен лик, некои групи имаат различни верувања. Во теистичкиот сатанизам, Сатаната се смета за божество кое или е обжувано или почитувано.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оригиналниот хебрејски назив Сатан е именка изведена од глаголот што значи „да попречува, да се противи“, така пишува во Книгата на Броевите 22:22, во Книгата на Самуел 29:4, во Псалми 109:6. Ха-Сатан традиционално се преведува како „обвинител“ или „противник“. Определениот член Ха- се користи за да се покаже дека именката (што следи после Ха-) е титула која што се дава на суштеството, а не на името на самото суштество.
Ха-Сатаната, со определениот член Ха, се појавува 13 пати во Мазоретскиот текст, во две книги од хебрејската Библија: Книгата за Јов и Книгата за Захарија.
Сатаната без определениот член е спомената 10 пати, од кои двапати е преведено како ѓаволот и еднаш како сатана.
На почетокот на книгата, Јов е добар човек „кој го почитувал господ и се тргал настрана од злото“ (Јов 1:1), и поради тоа бил награден од господ. Кога ангелите ќе му се појават на господ, и сатаната ќе дојде. Господ ќе ја информира Сатаната за добриот карактер на Јов. Помеѓу 1:9-10 и 2:4-5, Сатаната потенцира дека Господ му има дадено на Јов е што човек би можел да посака, и дека поради тоа Јов му е верен на Господ; Сатаната му кажува на Господ дека Јов би престанал да му биде верен ако сè што му било дадено ќе исчезне. Господ тогаш му дава дозвола на станата да го тестира Јов. На крај, Јов сѐ уште е верен и праведен.
Најпознатата група теистички сатанисти е „Радост на Сатаната“.[2] Оваа групација верува дека Сатаната ги створил лугето и дека ангелите и јахве и другите аврамски креации се вонземјани кои работат на уништување на човештвото.[3] „Радост на Сатаната“ верува дека демоните се стварни древни пагански богови кои се лажно оптужени од страна на евреите за побуна против јахве. Пратителите на оваа групација истотака практикуваат ритуали „убивање на еврејски магии„ и слично.[4]
Према нив корен на името „сатан“ не еврејски него санскрит. Тврдат дека името „Сатана“ влече корени од санскритски свети мантри за кундалини енергија, како што е СаТаНаМа, сатнам и сатанас. Исто така се поврзува санскритки збор за вистина „Сата“ со Сатаната.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.