From Wikipedia, the free encyclopedia
Цитау (германски: Zittau) или Житава (чешки: Žitava, полски: Żytawa, горнолужички: Žitawa) — град во југоисточниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија, близу до тромеѓето на Германија, Полска и Чешка. Неговото население брои над 28.000 жители. Дел е од округот Герлиц.
Цитау | |
Градското собрание во Цитау | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Герлиц |
Градоначалник | Арнд Фогт |
Основни податоци | |
Површина | 66,74 км2 |
Надм. височина | 242 м |
Население | 24.794 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 372 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GR |
Пошт. бр. | 02763 |
Повик. бр. | 03583 |
Портал | www.zittau.de |
Местоположба на градот Цитау во рамките на округот Герлиц | |
Координати | 50°53′46″N 14°48′26″E |
Историскиот град на Цитау сè уште ја прикажува неговата првична убавина со многу куќи од неколку периоди во германската архитектура. Познато е градското собрание изградена во италијански стил, црквата на Свети Јован и шталите (Salzhaus) со нивното средновековно наследство. Оваа повеќекатна градба е најстара од ваков вид во Германија.
Цитау бил еден од шесте членки на Горнолужичкиот Сојуз. Во тоа време градот ја добил специјалната титула - бил наречен „Die Reiche“ („Богатиот“), поради неговиот висок процент на богати граѓани.
Во текот на Антиреформацијата и по 1620 по Битката кај Weisser Berg (Бела Планина) голем број на протестантски бегалци од Бохемија („böhmische Exulanten“) дошле во Цитау, каде протестантските саксонски владетели ги прифатиле. Многу од нив заминале од градот и нашле прибежиште во соседните села, во Дрезден и во Берлин во Бранденбург. Првенството поради скоро целосното уништување предизвикано од Седумгодишната војна, поранешните просперитетни години на градот се видливи само во неколку исклучителни градби и гробиштата, каде се закопани богатите граѓани.
Едно од најважните тргувани добра во XVI век било пивото. Подоцна во XVIII и XIX век, текстилот станал важен, кој традиционално се поврзувал со регионот на Горна Лужица. Во текот на Втората светска војна, во градот се наоѓал камп за принудна работна сила. Тој обезбедувал принудна работна сила за Schoenmann Werke, производител на авионски делови.[2]
По повторното обединување во 1990, повеќето од големите текстилни претпријатија, кои го преживеале времето на ГДР, скоро без ниедна промена и никакви инвестиции, се затвориле во текот на следните години. Градот ја загубил поголемиот дел од неговата економска сила. Па така, ископувањето на јагленот биле прекинато, кое се вршело на периферијата на градот во падините на Житавските Планини, додека сè уште било извршувани од другата страна на границата во Полска. Меѓутоа ова ги зачувало одредени делови на градот од сигурно уништување, кои сега се само напуштени воени гарнизони и училишта. Градот е исто така обесправен од поевтината работна сила од соседните држави.
Околу 3.500 студенти студираат на Универзитет за применети науки Цитау/Герлиц и на независната Меѓународна школа, најмалиот германски универзитет за угостителство, со студенти од соседните Полска и Чешка.
Градот сè уште страда од добра инфраструктура до градот, но се планира директна врска со најблискиот автопат помеѓу Бауцен и Герлиц.
Цитау е опслужуван од регионалниот Ostdeutsche Eisenbahn GmbH (ODEG), кој го поврзува Цитау со Герлиц и Котбус, откаде може да се отпатува до Дрезден и остатокот на Германија.[5] Цитау е исто така на железничката линија Лебау-Цитау, која првично била отворена во 1848, што ја прави една од најстарите железнички линии во Германија. Железничката линија Цитау-Ојбин-Јонсдорф е железница на тесен колосек, која носи патници од Цитау со планинските бањски градови Ојбин и Јонсдорф во Житавските Планини.
Цитау се наоѓа близу тромеѓето на Германија, Полска и Чешка, каде имало неколку гранични премини помеѓу трите држави. Сепак, граничните и цариските проверки биле отстранети на 21 декември 2007, кога Чешка и Полска станале дел од Шенген-зоната.
Цитау е единствениот град долж линијата Одра-Ниса, каде шесте постоечки гранични мостови, кои ги поврзуваат Германија и Полска се сè уште затворени, иако обете држави се членки на Шенген-зоната.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.