Царев Врв

планински врв во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Царев Врв

Царев Врвпланински врв на Осоговските Планини во Република Македонија, висок 2.084 метри[1]. Познат е и според неговиот турски назив Султан Тепе.

Кратки факти Царев Врв (Султан Тепе), Највисока точка ...
Царев Врв
(Султан Тепе)
Thumb
Поглед на Царев Врв од правецот на Пониква
Највисока точка
Надм. вис.2.084 м
Координати42°07′N 22°27′EЦарев Врв на Google Maps
Географија
Царев Врв
(Султан Тепе) на карта

Thumb

Матичен венецОсоговски Планини
Искачување
Прво освојувањенепознато
Најлесен патПониква - Царев Врв
Затвори

Правци за искачување

На Царев врв искачувањето може да се изврши од две страни: од кривопаланечкиот манастир Св. Јоаким Осоговски и од Кочанско преку Пониква.[2]

Од Крива Паланка до манастирот Св. Јоаким Осоговски се патува пеш или со сопствено возило по асфалтен пат во должона 3 км. Маркацијата ПМ започнува од манастирот и спрема Царев Врв води преку селото Варовиште, Ловечка куќа и Калин Камен. Од Ловечката куќа до врвот се оди по ливади. Планинарската патека е долга околу 25 км во еден правец за кои се потребни 5 часа пешачење. Покрај патеката има повеќе извори и чешми, а таа е просечно напорна.

Откај Кочанско маркацијата ПМ започнува од крајот на Кочани, крајот на улицата “14-та бригада“ продолжува под градската депонија, над село Црвена Нива минува преку пошумен дел со бреза и бор сè до асфалтот, минува покрај чешмата З’мбoва. Потоа продолжува покрај Дл’га ридина сè до асфалтот. Сечејќи го асфалтниот пат продолжува преку Лешки рид. Некаде 500 метри пред Шумската куќа на ЈП Македонски шуми излегува на асфалтен пат, продолжува по него. После 200 метри од Шумската куќа се напушта асфалтниот пат (десно), се продолжува по стариот пат за Пониква. Од Кочани до Пониква потребни се 5 часа. Оние кои имаат сопствено возило можат да дојдат до Пониква која е оддалечена 20 км, по асфалтен пат.

Од Пониква патеката за Царев врв продолжува по широкиот колски пат со една кратенка кај бачилото поранешната земјоделска задруга “Галеб“ - Тркање, некаде половина час пред врвот се напушта широкиот пат (десно) и се оди по ливади. Патеката е добро маркирана. Во вториот дел од патеката треба да се внимава на раскрсниците, бидејќи ги има доста. За овој дел од патеката се потребни 5 часа пешачење.

Галерија

Поврзано

  • Цари Врв (или Царев Врв) — врв на планината Славјанка (Али Ботуш) меѓу Пиринска и Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.