Тркање (село)
село во Општина Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia
Тркање — село во Општина Кочани, во областа Кочанско Поле, во околината на градот Кочани.
Тркање | |
Воздушен поглед на Тркање | |
Координати 41°54′23″N 22°21′44″E | |
Регион | Источен |
Општина | Кочани |
Област | Кочанско Поле |
Население | 1.001 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2301 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13041 |
Надм. вис. | 348 м |
Слава | Духовден |
Тркање на општинската карта Атарот на Тркање во рамките на општината | |
Тркање на Ризницата |
Името на селото првпат е забележано како Тракање во XVI век (1570 г.) во турски документи. За името има најразлични толкувања од каде произлегува, па така првото значење се поврзува со антропонимот Тракан, што исто така може да означува и управител на област кај старите Словени. Како второ објаснување е дека доаѓа од старословенскиот збор „трк“ што означува од или трчање.[2]
Селото се наоѓа во Кочанското Поле, во јужниот дел на Општина Кочани, недалеку од самиот град Кочани, на оддалеченост од шест километри.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 370 метри.[3]
До селото води асфалтен пат, кој се двои од експресниот пат Штип-Кочани (А3).
Селото се наоѓа 4 километри западно од градот Кочани. Северно од Тркање се издигнуваат падините на Осоговските Планини, каде главно се наоѓаат пасиштата. На јужната страна е пониското земјиште со разни земјоделските култури. Поради ова, селото има доста поволна стопанска местоположба. Во минатото, водата за пиење се добивала од десетина бунари и од една послаба чешма, која е во селото. Над селото се наоѓаат Стојна Чешма и Извор, додека западно од село се Стара и Мала Чешма.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Кривулица, Чумулига, Круша, Ѓерен, Стар Брес, Голем Брег, Кантон, Лозја, Горна Подлошка, Беланова Нива, Врв, Гашник, Ѓурановец, Трлиште, Падарница, Елењак, Селиште и Тодорица.[4]
Селото има многу збиен тип, а бидејќи е сместено во долина тоа е издолжено во насока север-југ. Некои делови од селото се наречени по поголемите родови, како што се Пуѓовци, Кацковци, Малецовци, Голубовци и други.[4]
Тркање е старо село. Во него постои една група стари македонски родови, па се претпоставува дека некои од нив се староседелци.[4]
Во средина на селото се наоѓа црквата „Св. Никола“, која била подигната во XIX век, а претходно таму се наоѓала мала ниска црква. Покрај оваа црква, над селото до 1960-тите години се гледале ѕидови од црквата „Св. Димитриј“, а под селото имало остатоци на црквичка, каде селаните оделе за Ѓурѓовден.[4]
Остатоци од старини има и на месноста Трлиште, каде денес има пасишта, што е на половина час одење над Тркање. Покрај рекичката се наоѓаат цигли и камен од ѕидови. Селаните мислат дека таму некогаш се наоѓало селото, кога тоа имало 5-6 куќи. Месноста Селиште на исток од селото нема остатоци од старини и селаните не знаат што имало таму.[4]
Атарот на селото зафаќа простор од 10,8 километри квадратни. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 563 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 459 хектари, додека шуми нема.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во него има продавници и услужни објекти, а во минатото имало земјоделска задруга и фабрички погон.[3]
За време на отоманскиот период, на атарот на селото имало слободна и чифликсајбиска земја. Сопственици на чифлиците биле Амед-бег, Риза-ефенди, Аџи Таиб и Рушид-ефенди, сите од Кочани. Сепак, слободната земја зафаќала голем дел од атарот и припаѓала на македонските селани од „старо време“.[4]
Во 1949 година, во селото била основана задругата „Галеб“, која била многу напредна. Во 1960 година имала околу 3.000 овци, 75 хектари обработливо земјиште, 52 вработени и 7 службеници.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тркање живееле 680 жители, сите Македонци.[5]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Тркање имало 680 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.[7]
Селото е големо и населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 1.065 жители, а во 1994 година 1.243 жители.[3]
Според пописот од 2002 година, селото имало 1.225 жители, од кои 1.224 Македонци и 1 Србин.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1.001 жител, од кои 963 Македонци, 5 останати и 33 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 680 | 680 | 841 | 931 | 1.065 | 1.060 | 1.161 | 1.206 | 1.243 | 1.225 | 1.001 |
Тркање е македонско православно село.[4]
Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:
Се знае за следниве иселени македонски родови: Горни Подлог (Ефремовци, 5 к.; Газарци, 3 к.), Оризари (Поп Миајлови, 4 к.), Долни Подлог (Депови, 3 к.) и Прибачево (Тракањци, 1 к.).[4]
По заминувањето на Турците, во селото се населил влашкиот род Зикови (3 к.), но две домаќинства заминале во Романија во 1933 година, а едно во 1935 година заминало во селото Радање, кај Штип.[4]
Во поново време е забележано намалување на бројот на жителите.
На крајот од XIX век, Тркање било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Кочани, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кочани.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кочани.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Облешево, во која покрај селото Тркање се наоѓале селата Бања, Горни Подлог, Долни Подлог, Мојанци, Облешево, Спанчево и Чифлик. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Долни Подлог, во која влегувале селата Горни Подлог, Долни Подлог, Мојанци и Тркање.
Во селото постои избирачкото место бр. 0874 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 929 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 934 гласачи.[16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.