From Wikipedia, the free encyclopedia
Јоширо Френсис Фукујама (англиски: Yoshihiro Francis Fukuyama 27 октомври 1952, Чикаго, САД) е американски филозоф, политичко-економски аналитичар и автор. Тој е најдобро познат по неговата книга Крајот на историјата и последниот човек, во која тврди дека во целиот свет, ширењето на либералните демократии, слободниот пазар и западниот животен стил се крајната точка во социо-културната еволуција на човештвото и конечна форма во човечкото уредување. Меѓутоа, во својата книга "Доверба: Социјални доблести и создавање на просперитет" ја изменил својата претходна позиција и признал дека културата не може чисто да се оддели од економијата. Фукујама е исто така поврзан со појавата на неоконзервативното движење [1], од кое подоцна се дистанцирал.
Yoshihiro Francis Fukuyama | |
---|---|
2015 | |
Роден(а) | 27 октомври 1952 Чикаго, САД |
Подрачје | Современа американска филозофија |
Школа | либерализам, неоконзерватизам |
Претежна дејност | Историја на филозофијата, Крај на историјата, Постхуманизам, Еволуција, Трансхуманизам... |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
|
Фукујама е виш научен соработник во Центарот за демократија, развој и владеењето на правото при Универзитетот Стенфорд [2]. Претходно работел како професор и директор на Меѓународната развојна програма во Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џон Хопкинс.
Френсис Фукујама e роден во Хајд Парк во близината на Чикаго. Неговиот татко, Јошио Фукујама, е втора генерација на јапоно - американци [3], бил протестански свештеник кои се здобил и со докторат по социологија на Универзитетот во Чикаго [4][5][6]. Неговата мајка, Ташико Кавата Фукујама, е родена во Кјото, Јапонија и е ќерка на Широ Кавата, основач на Економски факултет на Универзитетот во Кјото и прв ректор на Универзитетот во Осака [7].
Детските години Фукујама ги поминати во Њујорк [4][5]. Во 1967 година неговото семејство се преселило во Државниот колеџ на Пенсилванија, каде што Фукујама го продолжил своето образование.
Фукујама дипломирал класични студии при универзитетот во Корнел, каде што студирал политичка филозофија под раководство на Ален Блум [5][8]. Докторирал со тезата Советскиот Сојуз и Средниот Исток, при Универзитетот во Харвард под менторство на Семјуел Хантингтон и Харви Менсфилд. Меѓудругото, одржувал контакти со асоцијацијата Telluride уште од неговите додипломски студии во Корнел. Во оваа асоцијација членувале и други значајни интелектуалци, вклучувајќи го Стивен Ваинберг, Пол Волфовиц и Кетлин Суливан. Фукујама моментално е професор по меѓународна политичка економија при Бернард Л. Шварц, и е директор на Меѓународната Програма за развој при Павле Х. Ниче - Школата за напредни меѓународни студии.
Во слободно време работи како фотограф, а исто така се занимава со рачна репродукција на класичен вирџинијански мебел [9]. Тој е мошне заинтересирани за снимање и репродукција на звукот, истакнувајќи: "Овие денови се чини дека трошат онолку време во размислување за опрема, колку што трошам за анализа политиката во мојот работен ден." [10]. Фукујама е во брак со Лаура Холмгрен, а својата идна жена ја запознал додека таа студирала на УКЛА[5][8]. Својата книга: Trust: The Social Virtues and the Creation of Prosperity ја посветил на Лаура. Тие живеат во Калифорнија, со своите три деца, Јулија, Дејвис и Џон.
Во летниот број на списанието The National Intereset во 1989 година, Фукујама ќе го објави текстот под наслов Крајот на историјата? [11]. Овој текст настанл врз основа на предавањето кое Фукујама го одржал во Ценатрот за изучување на теоријата и практиката на демократијата при универзитетот во Чикаго. Овој есеј на Фукујама ќе биде повод за една од најголемите интелектуални дебати кон крајот на XX век. Во есејот Фукујама истакнува: нешто сосема фундаменатално се одигрува во светската историја. Алудирајќи на реформското движење кое се појавило во Советскиот Сојуз и Источна Европа, истакнувајќи притоа дека потрошувачката култура, Западот и Западната идеја триумфирале во светот:
Она на што ние можеби сме сведоци не е само крај на Студената војна, или минување на еден посебен период на повоената историја, туку крај на историјата како таква... ова е крајна точка на идеолошката еволуција на човештвото и универзализација на западната либерална демократија како конечна форма на човечкото владеење.
Со кризата, а подоцна и со падот на комунизмот доаѓа да победа на либерализмот, првенствено во областа на идеиите или свеста, од друга стана таа победа не е целосна во матерјалниот свет. Меѓутоа, Фукујама истакнува дека постојат силни причини да се верува дека либерализмот е идеаал што ќе владее со матерјалниот свет на долг рок. Овој есеј, ќе предизвика критика на голем број интелектуалци како во САД така и во Јапонија, Европа, Бразил, Јужна Африка и др. На овие критики Фукујама ќе се обиде да одговори со дополнителни објаснувања, набргу потоа ќе го напушти State Departmen и ќе ја напише книгата Крајот на историјата и последниот човек каде ќе разложи својата теза за крајот на идеолошката еволуција на човекот.
Во 1999 година Фукујама ќе го објави своето дело The Great Disruption: Human Nature and the Reconstruction of Social Order каде ги презентирал своите истражувања за потеклото на општествените норми, како и анализа за тековните промени во структурата на нашите морални традиции.
Во 2002 година Фукујама го објавил своето дело Our Posthuman Future: Consequences of the Biotechnology Revolution, во која ќе истакне на опасностите по либералната демократија кои би можеле да се јаваат како резултат на развојот на биотехнолошките науки.
... во Прекрасниот Нов Свет злото не толку видливо бидејќи никој не е повреден, всушност, тоа е свет во кој секој го добива она што го сака. И како што една личност кажува, "контролорите разбрале дека силата не е добра" и дека луѓето треба да се намамат отколку да се присилат да живеаат во едно друштвено уредување. Во таков свет, болеста и социјалните конфликти биле укинати, во него нема депресија, лудило, осаменост или емоцијални пореметувања, сексот е добар и е лесно достапен. Постои дури и министерство кое се грижи во намалување на времето помеѓу појавата на желбата и нејзиното исполнување на минимум. Никој повеќе, религијата не ја смета за сериозна, никој не се испитува себеси ниту се препушта на невозвратени стремежи, биолошкото семејство е укинато, а Шекспир никој не го чита. Меѓутоа, никому (со исклучок на Џон Дивјакот, протагонист на книгата) овие нешта не се потребни, бидејќи сите се здрави и среќни... По објавувањето на овој роман, имало можеби неколку милиони школки писмени задачи на темата - "Што не е во ред со сликата на овој свет?" Дадениот одговор... главно изгледал вака: луѓето во Прекрасниот Нов Свет можеби се здрави среќни, меѓутоа престанале да бидат човечки суштетсва. Тие повеќе не се борат, не тежнеат кон ништо, не сакаат, не чувствуваат болка ниту мораат да донесуваат тешки морални решенија, тие повеќе немаат семејство ниту прават нешто од ние нешта што се традиционално поврзани за човечноста. Тие луѓе ги немаат особините кој во нас го создаваат чувството за достоинство... повеќе не може да се зборува за човечката раса, бидејќи луѓето се израснати од контролори, делејќи ги на посебни класи: алфа, бета, ипсилон и гама, кој се оддалечени едни од други како што човекот е оддалечен од животните. Нивниот свет станал неприроден во најдлабоката можна смисла на зборот, бидејќи е променета нивната човекова природа... [12]
Во ова дело Фукујама тврди дека биотехнологијата ќе им овозможува на луѓето да ја контролираат својата сопствена еволуција, да ја менува човековата природа, и со тоа се доведува во опасност на либералната демократија. Еден од можните резултати од развојот на биотехнолошките науки, е менувањето на човечката природа, да доведе до радикални нееднаквости. Фукујама е жесток критичар на трансхуманизмот (transhumanism), интелектуално движење кое истакнува дека дека постхуманизмот (posthumanity) е пожелна цел, менување на човековата ДНК.
Фукујама ја има една од клучните улоги во администрацијата на Роналд Реган при создавањеро на таканаречената Реганова Доктрина (Reagan Doctrine) . Во првата половина на 90 - години на 20 - век, Фукујама има значајно влијание за подем на Неоконзерватизамот (Neoconservatism) во надворешната политика на САД. Тој бил активен член на политичкиот институт (think tank) Прооект за Новиот Американски Век (Project for the New American Century).
Главна задача на оваа асоцијација е ширење на идејата за ползата од предводничката улога на САД во светот, притоа потенцирајќи дека хегемонијата на САД се добри и за Америја и за светот. Фукујама заедно со останатите соработници учествувал во изработката на мемоарот испратен до Бил Клинтон, во кое било побарано од тогашниот претседател на САД, да им се даде поддршка на ирачките бунтови за да дојде до соборување на Садам Хусеин.
По Терористички напади од 11 септември 2001 година, Фукујама е меѓу четириесете ко-потписници на Вилијам Кристол од 20 септември 2001 година, во кое било побарано од претседателот Џорџ В. Буш, да се фати или убие Осама бин Ладен, притоа било потенцирано дека е потребана воена интервенција во Ирак и соборување на Садам Хусеин [13][14]. Меѓутоа Фукујама во почетокот на 2002 година започнува да се дистанцира од неоконзервативната агенда на Џорџ В. Буш, истакнувајќи ги негативните последици кои ќе настанат поради нагласувањето на воената, наспроти дипломатската компонента и унилатералниот пристап кон Блискиот Исток во надворешната политика.
Во 2003 година, Фукујама станува гласен критичар на Ирачка војната . Треба да се истакне дека Фукујама во суштина не е противник на војната , туку на начинот како таа војна била подготвена и како таа се води, притоа потенцирајќи дека САД поради војаната во Ирак и унилатералниот пристап во овој судир, си ги нарушила политичките добри односи со традиционалните сојузници, особено со пријателите во Европа, притоа побарал Доналд Рамсфелд да поднесе оставка на местото прв човек на военото министерство на САД. Во 2004 година, Фукујама потенцира дека администрацијата на Буш направила три големи грешки:
Фукујама верува дека САД го имаат правото да ги промовират своите сопствени вредности во светот, но повеќе по должината на линиите, на она што тој го нарекува реалистичен Вилсонизам (realistic Wilsonianism) , односно примената на воената интервенција само како последно средство и таа како прилог на други мерки.
САД троши повеќе на своите воени сили, отколку остатокот од светот заедно, но Ирачка војната покажува дека постоии ограничување на американската воена ефикасност. САД наспроти употребата на груба сила, треба да го поттикне политичкиот и економскиот развој и да има пофлексибилен пристап кон она што се случува во другите земји. САД треба да се стремат кон ширење на образованието, да се презентираат тајните за економски и политички развој, финансиски донации и убедување на луѓето, во овој случај ирачаните, да не се чека помош од надвор туку со свој сопствени сили да работат во полза на сопствената замја.
Фукујама потенцира дека треба да се возобнови кредибилитетот на меѓународните институции кои бил нарушен поради постапките на Бушовата администрација. САД во надворешната политика, да ги исконбинираа употребата на воена сила и меѓународна поддршка и легимитет преку светските организации. Оваа теза за нов реалистички Вилсонизам на Фукујама е подробно објаснета во неговата книга America at the Crossroads: Democracy, Power, and the Neoconservative Legacy.
Само едно дело е објавено на македонски јазик и станува збор за Крајот на историјата и последниот човек (Култура, Скопје, 1994, превод на Драган Јакимовски, рецезија м-р Ѓорге Иванов), останатите дела се дадени во оригиналните имиња како што се издадени во САД.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.