From Wikipedia, the free encyclopedia
Филип Киндред Дик (16 декември 1928 - 2 март 1982 ), често ословуван и со својата кратеница ПКД, или по својот писателски псевдоним Ричард Филипс, бил американски писател на научна фантастика кој битно го променил тој жанр на книжевност. Иако за својот живот уживал почитување од своите врсници, како на пример од Станислав Лем, Дик не бил познат на широката публика до после својата смрт, по која неколку популарни филмски адаптации на неговите дела доживеале голема гледаност. Денес, неговите дела се меѓу најпопуларните на жанрот на научна фантастика и имаат остварено општа прифатеност од широка публика како и од литерарната критика.
Дик не го прифатил оптимизмот и едноставниот поглед на свет од „златното доба“ на научната фантастика. Дик упорно ги истражувал темите на природата на реалноста и хуманизмот во своите дела. Неговите дела се „населени„ со обични луѓе, наместо на галактички елити. Како претходник на поджанрот киберпанк, како позадина Дик често го користел аномичното друштво на јужна Калифорнија. Во своето познато дело, Човекот во високиот замок (1963, добитник на наградата Хуго), Дик се покажува како литерарен иноватор така што ги поврзува жанровите кои се занимаваат со алтернативна историја и научна фантастика. Понатаму, тој напишал голем број на раскази и романи кои биле издадени во разни списанија.
Неговите дела се карактеристични по нелагодното чувство на ерозија на реалноста, каде што главните ликови често сознаваат дека нивните најблиски (или тие самите) се роботи, вонземјани, натприродни суштества, маѓепсани, шпиони, халуцинација, умрени или некоја комбинација од нив.
Дик е роден во Чикаго, од мајка Дороти и татко Едгар. На породувањето имал сестра близначка која починала после само неколку недели на живот. Младоста ја поминал во Калифорнија со мајка си, по разводот на неговите родители. Студирал на Универзитетот на Калифорнија, на факултетот во Беркли, каде што дипломирал на студии на германски јазик. Првиот роман го издал во 1955 година. Дик се противел на војната во Виетнам и бил под истрага на ФБИ.
Во својата младост Дик доживува повеќепати ист сон во тек на неколку недели. Тој сонувал дека бил во книжарница каде што се обидувал да најде издание на списанието Astounding Magazine. Тоа издание, кога ќе го најде ќе содржи приказна по име „Царството никогаш не престанало“ (The Empire Never Ended), која ги открива тајните на универзумот. Со секое повторување на тој сон, купот на списанија низ кој превртувал станувал се помал, но тој никако не можел конечно целиот да го пребара. Со време станал поприлично исфрустриран бидејќи замислил дека откривањето на тоа списание може да го доведе во лудило, слично како Некрономиконот од Хауард Филипс Лавкрафт.
На 12 февруари 1974 Дик се опоравувал од ефектите на натриумовиот тиопентотал користен при операција на умник. Откога го напуштил забарскиот кабинет Дик почнал да доживува чудни визии кои ги нарекнува 2-3-74, како кратеница на датумот. Ги опишал своите визии како ласерски и геометриски шари измешани со моментални слики на Исус и Стариот Рим. Како се зголемувало повторувањто на тие слики, така Дик се почесто тврдел дека живее двоен живот - еден како себеси, а другиот како Томас, христијанин прогонет од Римјаните во првиот век пред Христ. Халуцинациите ги користел како инспирација во многу дела, понајпрво во ВАЛИС. Дик тврди дека божеството ВАЛИС употребува „дезинхибиторни стимулации“ да ги подготви своите субјекти за примање на божествени пораки. Дик го опишал своето верување дека Римското Царство во стварност никогаш не престанало во есејот Како да изградите универзум кој нема да се распадне по два дена - How To Build A Universe That Doesn't Fall Apart Two Days Later.
Многу од делата на Дик се приемливи и лесно се читаат. Некои, пак, се доста несогледиви и понекогаш бараат од читателите поголем напор. Такви дела се финалето на трилогијата на ВАЛИС - The Divine Invasion и The Transmigration of Timothy Archer.
За почеток, добар избор би биле романите Човекот во високиот замок, Сонуваат ли андроидите електрични овци? или Flow My Tears, The Policeman Said. Читателите со повеќе трпение можат да се ангажираат со ремек-делото ВАЛИС кое е единствено по тоа што самата книга доживува метаморфоза од научно фантастичен роман во интроспективен есеј на лудило со филозофски поставки.
(The Three Stigmata of Palmer Eldritch); Dr. Bloodmoney, or How We Got Along After the Bomb
(на англиски)
на англиски
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.