Еспириту Санто

From Wikipedia, the free encyclopedia

Еспириту Сантоmap

Еспириту Санто (бислама, англиски, француски: Espiritu Santo, шпански за „Свет Дух“) е најголем остров во Вануату. Островот има вкупна површина од 3.955,5 км2 и население од околу 40,000 жители според пописот од 2009 година.[1]

Кратки факти Наречен и: Санто, Географија ...
Еспириту Санто
Наречен и: Санто
Thumb
Thumb
Карта на Еспириту Санто
Географија
МестоСанма, Вануату
Координати15°15′S 166°50′E
АрхипелагВануату
Површина3.955,5 км2
Највисоко место1.879 м
Највисока точкаТабвемасана
Држава
Vanuatu
ПокраинаСанма
Најголема населбаЛуганвил (pop. 10,738)
Демографија
Население39,606 (2009)
Етнички групиВануаќани
Затвори

Географија

Островот е дел од независната држава Вануату, или според старото име, Острови Нови Хебриди. Административно е дел од покраината Санма. Административен центар на островот е Луганвил, кој воедно е и втор најголем град во државата. Луганвил се наоѓа на југоисточниот брег на островот.

Покај источниот брег има развиена патна мрежа, која недостасува на остатокот од островот. Островот е доста планински. Северниот дел има залив, Биг Беј, кој е опколен со двата крака на островот.

На островот Санто се наоѓа највисоката точка на Вануату, односно врвот Табвемасана со 1879 метри надморска висина. Планината се наоѓа во централниот дел на островот.

Јужно од Санто се наоѓаат островите Тутуба, Аоре, Мало, источно се наоѓа островот Амбае, а северно се островите Бенкс, поточно островот Гауа.

Околу самиот остров Санто се наоѓаат следните мали островчиња и карпи (од север прека исток па кон југ):

  • Еспириту Санто
    • Тарпоуаноа, карпа
    • Уре Уре, мало островче во Биг Беј,
    • Сакао, островче
    • Малили, мало островче
    • Долфин, островче
    • Малворор, мало островче
    • Малет, островче помеѓу Долфин и Санто,
    • Малмас, мало островче со мала карпа нешто јужно
    • Малелвол, мало островче,
    • Маленвол, мали карпи,
    • Елефант, островче
    • Латаро, мало островче
    • Латароа, мало островче
    • Дени, островче
    • Малвануа, островче
    • Малвапеву, мало островче
    • Малао, островче
    • Малвепе, островче
    • Малоне, островче
    • Малпараву, островче
    • Малтинерава, островче
    • Мавеја островче
    • Аесе, островче
    • Венуи, мало островче
    • Соје, островче
    • едно мали островчиња во почетокот на каналот помеѓу Санто и Аесе,
    • три мали островчиња и неколку карпи блиску центарот Талуа (околу Соје),
    • Урелапа со Тувана,
    • Тангоа, островче
    • Малоху, мало островче
    • Елија, мало островче,
    • Араки, островче
    • Тавијако, островче
    • Роше Епевен, карпа
    • Токпопанруа, карпи,
    • Тсоутсино, карпа,
    • Малрој, карпа,
    • Индубтон, карпи,
    • Маленпое, карпа

Инфраструктура

Луганвил е единственото населено место на островот кое може да се смета за град. Сите други останати населени места на островот се всушност села. Патна мрежа има само покрај источниот брег на Санто, сите три патишта излегуваат од Луганвил. Остатокот на островот е планински и нема развиена патна мрежа. Аеродромот Санто-Пекоа се наоѓа на 5 км источно од Луганвил. На островот има бројни мали реки, од кои најголема е Сараката.

Стопанство

Голем број од луѓето на Санто живеат од земјоделство, поточно градинарство. Голем дел од селата се самоиздржливи во однос на храна. Најчесто се одгледува таро и јам.

Покрај тоа, постои и одгледување на говеда. Огромен дел од говедското месо се извезува во Јапонија, Австралија и околните тихоокеански земји. Дополнително, на островот се произведува и извезува ориз и конзервирана риба.

Постојаѕт и други овошја и зеленчуци кои за месното население се секојдневни, а за туристите се несекојдневни. Такви се на пример манго, ананас, островска зелка, кокосова краба и сличо. На островот има еден голем пазар за продажба на земјоделски и градинарски производи, но постојат и бројни помали пазари.

Животински свет

Санто е дом на скоро сите ендемски птици на Вануату. На островот има два заштитени резервата, кои се основани за зачувување на дивиот свет на Санто. Резерватот Лору се наоѓа на источниот брег на островот, а резерватот Вате се наоѓа во близина на Биг Беј. Лору е основан во 1993 година и има 220 хектари.[2]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.