From Wikipedia, the free encyclopedia
Тонганската азбука е официјалната азбука за запишување на тонганскиот јазик. Азбуката и јазикот се официјални на територијата на островската држава Тонга, која се наоѓа во Океанија. Азбуката е заснована на латиницата и е составена од 16 букви, од кои едната е факауа или превртен апостроф. Азбуката има и еден диграф (ng) кој се смета за една буква, не две посебни. Азбуката и правописот се стандардизирани во 1943 година и се замениле мисионерскиот правопис и азбука за тонганскиот јазик. Денес, тонганскиот правопис е фонетски, исто како македонскиот.
Едно од правилата на тонганскиот јазик е дека две согласки не може да стојат една до друга, мора да има самогласка меѓу нив. Од другата страна пак дозволено е да се има повеќе самогласки една до друга во еден збор. Исто така, важно е да се напомене дека ниту еден тонгански збор не може да завршува на согласка.
Акцентот во тонганскиот јазик најчесто паѓа на претпоследниот слог од зборот. Сепак има исклучок од ова правило. Првиот исклучок е ако има долга самогласка, тогаш акцентот паѓа на таа самогласка. Вториот исклучок е ако зборот пред него има определен член 'e' или 'he', тогаш акцентот е на последниот слог.
|
|
Тонганскиот јазик има пет самогласки, кои имаат уште по три варијанти. Првата верзија на самогласките е чисти кратки самогласки. Втората верзија се долгите самогласки. Третата верзија се кратки самогласки пртходени од факауа. Четвртата вверзија е долги самогласки претходени од факауа. Должината на самогласките се бележи со надреден знак макрон (toloi), грлениот допирачки глас со факауа (fakau’a). Верзиите на самогласките не се сметаат за посебни букви во азбуката.
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.