македонски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia
Тихомир Костадинов (роден на 4 март 1997, во Валандово) — македонски фудбалер, играч од средниот ред на Пјаст Гливице и на македонската репрезентацијата.
Тихомир Костадинов | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 4 март 1997 | ||
Роден во | Валандово, Македонија | ||
Држава | Македонија | ||
Висина | м | 1,78||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Пјаст Гливице | ||
Број | 96 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2014 | Моравац Мрштане | 7 | (0) |
2015 | Тетекс | 8 | (0) |
2015-2016 | Дукла Б.Б. | 25 | (4) |
2016-2017 | Злате Моравце | 21 | (1) |
2017-2022 | Ружомберок | 109 | (11) |
2022- | Пјаст Гливице | 8 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2012 | Македонија 17 | 2 | (0) |
2014 | Македонија 19 | 3 | (0) |
2015-2019 | Македонија 21 | 17 | (4) |
2019- | Македонија | 19 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Роден во Валандово, својата кариера ја започнал во соседна Србија во екипата на Моравац Мрштане, за која дебитирал како професионалец во второто ниво на земјата во сезоната 2014-2015.[1] Сепак, тој се вратил во Македонија за вториот дел од сезоната, каде играл за Тетекс од Тетово.
Во летото 2015 година, се преселил во Словачка, каде ги поминал следните шест ипол години играјќи во првенството на таа земја за три различни екипи Дукла Банска Бистрица (2015-2016), Злате Моравце (2016-2017) и на крајот за Ружомберок, каде се задржал и најдолго од 2017 до 2022 година. Својот прв гол за Ружомберок го постигнал во победата со 3-0 на гостувањето против Сеница.[2]
На 23 декември 2021, Костадинов потпишал за полскиот клуб Пјаст Гливице.[3] Своето деби во полската Екстракласа го направил на 26 февруари 2022, во натпреварот на домашен терен против Гурник Забже што завршил 0-0, заменувајќи го Рауно Сапинен во 65-тата минута. На 9 април 2022, во победата со 1-0 над Гурник Лечна, Костадинов претрпел тешка повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено;[4] десеттина дена подоцна, тој бил успешно опериран во Барселона, по што неговата прва сезона во Полска завршила предвреме со само 6 настапи за Пјаст Гливице.[5]
Откако целосно ја пропуштил сезоната 2022-2023, Костадинов го направил долго чеканото враќање на терените за Пјаст Гливице на 24 ноември 2023, влегувајќи во игра како доцна замена во ремито 0-0 против Јагелонија Бјалисток, само неколку дена подоцна откако претходно настапил за репрезентацијата на Македонија против Англија.
Своето деби за сениорската репрезентација на Македонија го направил во ноември 2019 во квалификациите за Европското првенство 2020 против Австрија.[6]
Во 2021 година, бил повикан да настапи за Македонија на Европското првенство 2020.[7] Таму тој забележал два настапи, и двата влегувајќи како замена од клупата во првиот (против Австрија) и третиот натпревар (против Холандија) од групната фаза, по која неговата репрезентација била елиминирана од турнирот.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
16-11-2019 | Виена | Австрија | 2 – 1 | Македонија | Квал. за Евро 2020 | - | ||
19-11-2019 | Скопје | Македонија | 1 – 0 | Израел | Квал. за Евро 2020 | - | ||
8-10-2020 | Скопје | Македонија | 2 – 1 | Косово | Квал. за Евро 2020 | - | 88' | |
11-10-2020 | Талин | Естонија | 3 – 3 | Македонија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | 78' | |
14-10-2020 | Скопје | Македонија | 1 – 1 | Грузија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | 89' | |
12-11-2020 | Тбилиси | Грузија | 0 – 1 | Македонија | Квал. за Евро 2020 | - | 84' 90+3' | |
15-11-2020 | Скопје | Македонија | 2 – 1 | Естонија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | 59' | |
18-11-2020 | Ереван | Ерменија | 1 – 0 | Македонија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | 62' | |
1-6-2021 | Скопје | Македонија | 1 – 1 | Словенија | Пријателска | - | 58' 76' | |
4-6-2021 | Скопје | Македонија | 4 – 0 | Казахстан | Пријателска | - | 52' 73' | |
13-6-2021 | Букурешт | Австрија | 3 – 1 | Македонија | Евро 2020 - Прва фаза | - | 63' | |
21-6-2021 | Амстердам | Македонија | 0 – 3 | Холандија | Евро 2020 - Прва фаза | - | 69' 84' | |
2-9-2021 | Скопје | Македонија | 0 – 0 | Ерменија | Квал. за СП 2022 | - | 80' 83' | |
5-9-2021 | Рејкјавик | Исланд | 2 – 2 | Македонија | Квал. за СП 2022 | - | 80' | |
8-9-2021 | Скопје | Македонија | 0 – 0 | Романија | Квал. за СП 2022 | - | 71' | |
11-10-2021 | Скопје | Македонија | 0 – 4 | Германија | Квал. за СП 2022 | - | 77' | |
11-11-2021 | Ереван | Ерменија | 0 – 5 | Македонија | Квал. за СП 2022 | - | 53' 83' | |
14-11-2021 | Скопје | Македонија | 3 – 1 | Исланд | Квал. за СП 2022 | - | 45+1' | |
29-3-2022 | Порто | Португалија | 2 – 0 | Македонија | Квал. за СП 2022 | - | 75' | |
Вкупно | Настапи | 19 | Голови | 0 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.