Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тимоти Тарпе Веа (роден на 22 февруари 2000 година, во Бруклин, Њујорк) — американски фудбалер, крило или напаѓач на Јувентус и на американската репрезентација.
Тимоти Веа | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 22 февруари 2000 | ||
Роден во | Бруклин, САД | ||
Држава | САД | ||
Висина | м | 1,82||
Позиција | крило, напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Јувентус | ||
Број | 22 | ||
Младинска кариера | |||
Блау-Вајс Готши | |||
Њујорк Ред Булс | |||
Париз Сен Жермен | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2017-2018 | Париз Сен Жермен 2 | 15 | (4) |
2018-2019 | Париз Сен Жермен | 5 | (1) |
2019 | → Селтик | 13 | (3) |
2019-2023 | Лил | 89 | (6) |
2023- | Јувентус | 31 | (1) |
Репрезентација | |||
2015 | САД 15 | 6 | (1) |
2018-2019 | САД 17 | 14 | (6) |
2019 | САД 20 | 6 | (2) |
2021-2022 | САД 23 | 2 | (0) |
2022- | САД | 41 | (6) |
Веа е роден на 22 февруари 2000 година, во Бруклин, Њујорк, како син на либерискиот фудбалер Џорџ Веа, добитник на Златната топка во 1995 година, и неговата сопруга од Јамајка Клер. Неговиот татко Џорџ, подоцна, по завршувањето на фудбалската кариера бил избран за 25-ти претседател на Либерија во 2018 година, откако служел три години во Сенатот на Либерија.[1]
Тимоти има еден брат, Џорџ Џуниор, исто така фудбалер, и една сестра по име Тита; и двајцата се постари од него. Неговиот братучед, Кајл Данкан, исто така е професионален фудбалер во Њујорк Ред Булс во МЛС.[2] Својот ран живот, Тимоти го поминал во Бруклин, Њујорк и Пембрук Пајнс, Флорида. Тој течно зборува англиски и француски јазик.[3]
Физички силен, опремен со добра техника и брз, тој е крилен напаѓач кој претпочита да игра на десната страна во нападот, иако сè уште нема развиено голема плодност во офанзивната фаза. Со текот на годините во дресот на Лил, тој, исто така, научил да игра во повеќе одбранбени улоги, понекогаш бил користен и како бек на двете страни од теренот.[4][5][6]
Веа научил да игра фудбал од неговиот татко и додека бил во Флорида играл за Вест Пајнс Јунајтед,[7] пред да се врати назад во Њујорк и да се приклучи на фудбалскиот клуб Розедејл од Квинс, Њујорк, кој бил во сопственост на неговиот вујко.[3] Тој потоа играл три сезони со Блау-Вајс Готши, екипа од американската развојна лига, а оттаму подоцна стигнал во академијата на Њујорк Ред Булс во 2013 година.[3] Една година подоцна, Веа се преселил во Франција за да се приклучи на академијата на Париз Сен Жермен, клуб за кој играл и неговиот татко во 1990-тите години.
На 3 јули 2017 година, Веа го потпишал првиот професионален договор со Париз Сен Жермен, приклучувајќи се на првиот тим на клубот за сезоната 2017-2018.[8][9] Сепак, и покрај тоа, тој го поминал поголемиот дел од сезоната играјќи за резервите во националното првенство 2 и со тимот до 19 години во Младинската лига на УЕФА.[10][11]
Тој за првпат бил повикан во првиот тим за натпреварот од Лига 1 против Троа на 3 март 2018 година, за време на кој стартните напаѓачи на клубот одморале за претстојен натпревар од Лигата на шампионите;[12] Веа дебитирал влегувајќи како замена во 79-тата минута од натпреварот и имал можност да постигне гол во судиското надополнување, но неговиот удар го одбранил голманот на Троа.[13][14] Веа го направи својот прв старт во почетниот тим на светците во ремито 0-0 против Каен во последното коло од сезоната.[15] Веа го постигнал својот прв погодок за ПСЖ за време на победата со 4–0 против Монако во Суперкупот на Франција на 4 август 2018 година.[16] Една недела подоцна, тој го постигнал својот прв првенствен гол во победата со 3-0 над Каен.
На 7 јануари 2019 година, Веа бил позајмен до крајот на сезоната на Селтик во Шкотска,[17][18] каде по првите импресии рекол дека е „заљубен“ во клубот.[19] Своето деби го направил на 19 јануари, влегувајќи како замена за Скот Синклер во 69-тата минута од натпреварот од четвртото коло на Купот на Шкотска на домашен терен против Ердрионианс и постигнал гол при победата од 3–0.[20] Вториот гол за Селтик, и негов прв во лигата, тој го постигнал во победата со 4–0 над Сент Мирен на 23 јануари.[21] Во февруари, тој бил додаден во составот на Селтик за натпреварите од Лига Европа.[22] Со Селтик, тој го освоил шкотското првенство и помогнал клубот да стигне до финалето на Купот на Шкотска,[23] во кое што сепак тој не можел да игра бидејќи неговата позајмица била прекината предвреме во средината на месец мај, откако бил избран во репрезентацијата на САД да учествува на Светското првенство за играчи под 20 години.[24]
На 29 јуни 2019 година, тој се согласи на трансфер од Париз Сен Жермен во Лил, потпишувајќи петгодишен договор со мастифите;[25] износот на операцијата останал тајна, но според она што го објавил L'Équipe тој бил околу 10 милиони евра.[26] Своето деби за Лил го имал на 11 август, започнувајќи во победата со 2-1 против Нант. Тој играл до 68-мата минута кога бил заменет од Јусуф Јазиџи.[27] Веа забележал само три настапи за Лил во текот на сезоната 2019-2020, пропуштајќи го поголемиот дел од сезоната поради повреда. Тој претрпел две повреди на тетивата што го оддалечиле од терените во најголемиот дел од сезоната: првата повреда се случила за време на натпреварот против Амјен кон средината на август 2019, поради која отсуствувал од терените шест месеци, а втората се случила за време на неговиот прв натпревар по опоравувањето против Олимпик Марсеј на 16 февруари 2020.[28]
Веа се вратил во акција по повредата во текот на следната сезона, играјќи во вториот натпревар на Лил за сезоната, во кој се појавил од клупата за резерви на местото на Бурак Јилмаз во 79-тата минута.[29] Својот прв гол за Лил, Веа го постигнал во Лига Европа во поразот со 3-2 од неговиот поранешен клуб Селтик.[30] Само неколку дена подоцна, на 16 декември, влегувајќи како замена против Дижон во победата со 2–0, тој го постигнал својот прв гол во Лига 1 во дресот на Лил.[31] На крајот, тој одиграл 28 натпревари и постигнал три гола за мастифите во првенството, помагајќи им да ја освојат нивната четврта титула во клупската историја, прва после една деценија чекање.[32] На 1 август 2021, Лил го освоил Суперкупот на Франција со победа од 1–0 над Париз Сен Жермен во Израел, при што Веа ги одиграл само последните 14 минути од истата појавувајќи се во игра од клупата на местото на Џонатан Дејвид.[33]
Тој останал важен играч за Лил и во следните две сезони, но за време на сезоната 2022-2023, неговата последна во Лил, добил поразлична и подефанзивна улога од тренерот Пауло Фонсека, кој најчесто го користел во последната линија како десен бек, што довело до тоа сезоната да ја заврши без ниту еден постигнат погодок. Вкупно за Лил, Веа одиграл 107 натпревари и постигнал 8 голови.
На 1 јули 2023 година, Веа се преселил во Јувентус,[34] за обесштетување од околу дванаесет милиони евра.[35]
Покрај за САД, Веа имал право да ги претставува Франција, Јамајка и Либерија, преку жителство и неговиот државјанства на родители.[36]
Статистиката е ажурирана на 18 јуни 2023.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2017-2018 | Париз Сен Жермен | Л1 | 3 | 0 | КФ+ЛКФ | 0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | - | - | - | 3 | 0 |
2018-јан. 2019 | Л1 | 2 | 1 | КФ+ЛКФ | 0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | СФ | 1 | 1 | 3 | 2 | |
Вкупно Париз Сен Жермен | 5 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 6 | 2 | |||||
јан.-јун. 2019 | Селтик | ШПЛ | 13 | 3 | КШ+ЛКШ | 3+0 | 1 | ЛЕ | 1 | 0 | - | - | - | 17 | 4 |
2019-2020 | Лил | Л1 | 3 | 0 | КФ+ЛКФ | 0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | - | - | - | 3 | 0 |
2020-2021 | Л1 | 28 | 3 | КФ | 3 | 0 | ЛЕ | 6 | 2 | - | - | - | 37 | 5 | |
2021-2022 | Л1 | 29 | 3 | КФ | 0 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | СФ | 1 | 0 | 35 | 3 | |
2022-2023 | Л1 | 29 | 0 | КФ | 3 | 0 | - | - | - | - | - | - | 32 | 0 | |
Вкупно Лил | 89 | 6 | 6 | 0 | 11 | 2 | 1 | 0 | 107 | 8 | |||||
Вкупно во кариерата | 107 | 10 | 9 | 1 | 12 | 2 | 2 | 1 | 130 | 14 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.